ЕУ во трка за бакар, Грција отвора 5 нови рудници, каде е Македонија во оваа реалност? - Канал 5

ЕУ во трка за бакар, Грција отвора 5 нови рудници, каде е Македонија во оваа реалност?

Европската унија влегува во трка за обезбедување критични минерални суровини неопходни за зелената транзиција и намалување на увозот. 

ЕУ во трка за бакар, Грција отвора 5 нови рудници, каде е Македонија во оваа реалност?

Истовремено, соседна Грција подготвува пет стратешки рударски и рециклажни проекти, меѓу кои бакарно-златните рудници „Скуриес“ и „Сапес“, третирајќи ги како клучни инвестиции за економската и енергетската транзиција. Во Македонија пак, една од најголемите инвестиции во оваа област, рудникот за бакар Иловица, со години е заглавен во административни и судски постапки, иако според досегашните истражувања има потенцијал за производство од над 10 илјади тони бакар годишно во следните две децении. Деканот на Факултетот за природни и технички науки, Ѓорѓи Димов, вели дека Македонија и северна Грција припаѓаат на ист металогенски појас и располагаат со слични бакарно-златни лежишта, што, според него, претставува значителен развоен потенцијал за земјава.

-Не гледам зошто не би можеле и ние да го следиме тој пример. Ако отидете да видите Скуриес веќе 2 години се спрема таа нова технологија, која овозможува многу мала емисија, практично нула емисија на загадување ако можеме така да кажеме, сите патишта на емисиите се следат, има постојан мониторинг. Тоа се технологии кои се применуваат успешно насекаде во светот. Се она што се прави во овој момент во европските земји целото тоа треба да се преслика и тука,- Ѓорѓи Димов - декан на ФПТН.

Според Димов, денешното рударство се разликува од некогашното по примената на современи технологии и строгите европски стандарди за заштита на животната средина. Тој смета дека јавниот страв најмногу произлегува од лошите искуства со старите рударски практики, а додава дека Македонија располага со стручни кадри способни да ги применуваат современите решенија.

- За да се надмине овој страв, да се добие довербата посебно во локалните заедници каде треба да се спроведат тие проекти мора да се убедат луѓето дека ќе се инсталираат најнови технологии. Сме релативно добро спремни за таа работа, бидејки значаен дел од рудниците металични веќе имаат на големо спроведено такви мерки. Имаме искуство и знаење и тие како инвеститори и ние како истражувачи, проектанти. Имаме домашни капацитети да тоа го изработиме сами,- Ѓорѓи Димов - декан на ФПТН.

Во меѓувреме, Владата започна постапка за анализа на теренот и потенцијалните наоѓалишта на ресурси во 27 општини од источниот и југоисточниот дел од земјава. Еколошките здруженија предупредуваат дека тоа може да отвори пат за нови рударски проекти и најавуваат реакции и протести поради можни последици врз животната средина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: „Мега лифтови“ – победници на турнирот „Сокол 2026 “

Во прекрасна спортска атмосфера и пред полни трибини, на спортското игралиште во Карпош 1, вечерва се одигра финалниот натпревар од меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов-Сокол“.

О. Карпош:  „Мега лифтови“ – победници на турнирот „Сокол 2026 “

Екипата на „МЕГА ЛИФТОВИ“ со убедлива и сигурна игра ја совлада екипата на „РУДИ КОМПАНИ“ и заслужено го освои победничкиот пехарот на овогодинешниот турнир.

На големото финале присуствуваше и градоначалникот Сотир Лукровски кој им ги врачи пехарите на најдобрите екипи.

„Чест ми е што Општина Карпош и годинава беше домаќин на меморијалниот турнир „Оливер Соколов – Сокол“, кој низ годините прерасна во препознатлив дел од спортскиот живот на општината. Посебно ми е драго што натпреварите беа проследени од голем број на граѓани, а тоа само го потврдува фактот дека спортот има посебно место во Карпош. Им честитам на победниците, но и на сите екипи кои беа дел од турнирот и покажаа фер-плеј и спортска атмосфера.“, истакна градоначалникот Лукровски.

Честитки до победниците и до сите учесници на турнирот „Сокол 2026“!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ ѝ ги предаде должностите на Ана Брнабиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги предаде своите должности на претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ,.

Вучиќ ѝ ги предаде должностите на Ана Брнабиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги предаде своите должности на претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, во српското претставништво, која ќе биде вршител на должноста претседател на парламентот до изборите на крајот на декември. Ќе ја задржам оваа позиција до изборот на новиот претседател на Србија, изјави Ана Брнабиќ.

За време на примопредавањето на должноста, Ана Брнабиќ изјави дека е почестена што ја прифатила оваа позиција.„Чест ми е што ја примам оваа должност од таков човек и што можам да ја држам оваа позиција до изборот на нов претседател. Знам дека Александар Вучиќ се впушта во нова борба и му посакувам среќа. Ќе ја држам оваа позиција до изборот на претседател на република србија“, нагласи Брнабиќ.

Вучиќ претходно поднесе оставка за да учествува на парламентарните избори, како што рече, како обичен граѓанин, наведувајќи дека ја извршил својата должност верно, чесно и праведно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саудиска Арабија повеќе од двојно го зголеми својот извоз на нафта за само еден месец

Извозот на сурова нафта од Блискиот Исток се зголеми на 12,8 милиони барели дневно во септември – што претставува највисоко ниво од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Иран во февруари – според податоците објавени денес од компанијата „Kpler“.&nbs

Саудиска Арабија повеќе од двојно го зголеми својот извоз на нафта за само еден месец

Ова закрепнување е поттикнато од зголемениот извоз преку Ормутскиот теснец, за ​​кој се очекува овој месец да достигне приближно 7,4 милиони барели дневно.

Прелиминарните податоци укажуваат на тоа дека Саудиска Арабија пренасочила дел од извозот подалеку од пристаништето Јанбу на Црвеното Море, откако еден клучен нафтовод бил оштетен во напади.

И покрај закрепнувањето, извозот од регионот останува за околу шест милиони барели дневно помал во споредба со февруари, кога изнесувал 18,8 милиони барели дневно, известува „Kpler“.

Се очекува Саудиска Арабија, најголемиот извозник во регионот, овој месец да испорача околу 5,4 милиони барели дневно. Во август, нејзиниот извоз изнесуваше само 2,446 милиони барели дневно.

Испораките од пристаништето Рас Танура во Заливот се зголемија на приближно 3,6 милиони барели дневно во септември, што претставува пораст во однос на 929.000 барели дневно во август.

Сепак, тие остануваат на пониско ниво отколку во февруари, кога од ова пристаниште се испорачуваа 6,411 милиони барели дневно. Податоците од компанијата „Kpler“ покажуваат дека минатата недела низ Ормускиот теснец поминале вкупно 19 големи танкери за сурова нафта. Секој од нив превезува околу два милиони барели саудиска нафта. Овие бројки не ги вклучуваат пловилата што можеби поминале низ теснецот со исклучени транспондери за да избегнат откривање, пренесува Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер