ЕУ се поблиску до консензус за Македонија, сега проблем е пакетот со Албанија!?

Со донесувањето на Законот за јавно обвнинителство земјите членки на ЕУ се се поблиску до консензус за почеток на преговори со Македонија, но сега главната опасност ќе биде пакетот со Албанија.

Синоќешната неформална средба ЕУ-Западен Балкан во Брисел расчисти неколку дилеми, но и повторно го отвори горливото прашање – дали Македонија може повторно да извиси напролет ако биде третирана во пакет со Албанија при носењето на одлуката за преговори. Претседавачот со Унијата, Пленковиќ, појаснува дека целта на Европската Комисија е преговорите со двете земји да се отворат уште во март, дека е најважно што Макрон сериозно го омекнал ставот, но оти во моментов се уште е нејасна позицијата на непредвидливите Холандија и Данска.

-Ако немаше промена на методологијата, позицијата на Франција немаше да се промени. Многу поважно е дека Франција ја промени позицијата, дека претседателот Макрон даде јасен сигнал во Минхен и тоа е она што е најважно. Сега треба уште на еден фин начин да ги убедиме овие две земји (Холандија и Данска), кои имаа резерви во октомври., изјави Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска

А, токму Холандија и Данска беа земјите, кои имаа умерени ставови кон Македонија, а изрично се противеа Албанија да ги почне преговорите. Дека инсистирањето на Брисел, Скопје и Тирана да ги вреднува заеднички може да биде проблематично за Македонија, потврдува и последниот став на холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп. Тој појаснува дека Холандија земјите ги проценува индивидуално и дека во моментов гледаат простор за Македонија, но не и за Албанија да ги почне преговорите. Сепак, она што е клучно во моментов е каков извештај за напредокот ќе добијат двете земји во наредните недели. Во таа насока, Брисел вчера експресно го поздрави носењето на Законот за обвинителство.

-Ова е важен чекор за реформите за Законот за Јавно обвинителство и покажува дека (С.Македонија) има волја да направи се што е потребно за земјата да има европска перспектива, изјави Жозеп Борел, шеф на европската дипломатија

-Сакаме да го отвориме патот за Северна Македонија и Албанија да започнат со преговори ако е можно и пред самитот на ЕУ во Загреб, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на ЕК

Владина делегација предводена од премиерот Спасовски и вицепремиерот Бујар Османи, од денеска престојува во работна посета на Брисел, во чии рамки се сретнаа со специјалниот американски претставник за Западен Балкан, Метју Палмер. Спасовски претходно се сретна и со претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лајен, учествуваше на донаторската конференција за помош на Албанија по катастрофалниот земјотрес, а беше дел и работниот ручек што за лидерите од Западен Балкан го приреди еврокомесарот Вархеји.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово.

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност.

Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелувањето ракети од 240 милиметри од повеќецевни лансири, произведени од новоформираната фабрика на воената индустрија, објави денеска агенцијата КЦНА.

Севернокорејската агенција не даде повеќе детали за фабриката. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ја снабдува Русија со оружје.

Пробното истрелување покажа дека ракетите ги исполнуваат потребните стандарди за точност и досег, соопшти КЦНА.

Ким изјави, пренесе КЦНА, дека повеќецевниот ракетен систем, што вклучува нова технологија, „ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската“.

притисни ентер