Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?
2Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
АвтомобилизамЕУ не успеа значително да ги намали емисиите на ЦО2 од возилата, оценуваат европските ревизори Статистичките податоци покажуваат дека 23 отсто од вкупните емисии на гасови што придонесуваат за ефектот на стаклена градина потекнуваат од возилата, од кои над половина се од автомобилите. Мерките на ЕУ во последните 12 години не придонесоа значително за намалување нивото на емисии на јаглерод диоксид од возилата со мотори со внатрешно согорување, што на Унијата и ја наметнува потребата од фаворизирањето на возила со нулта емисија на штетни гасови доколку сака да ги оствари своите зацртани климатски цели, се оценува во извештај на Европскиот ревизорски суд. Статистичките податоци покажуваат дека 23 отсто од вкупните емисии на гасови што придонесуваат за ефектот на стаклена градина потекнуваат од возилата, од кои над половина се од автомобилите. Според европските ревизори, во текот на последната деценија емисиите на гасови од дизел возилата останале непроменети, додека кај автомобилите на бензин тие се намалени за само 4,6 отсто. - Вистинско и видливо намалување на емисиите на јаглерод диоксид од автомобилите нема да се случи се додека преовладуваат моторите со внатрешно согорување, смета раководителот на ревизорскиот тим што го подготви извештајот Пјетро Русо. Тој оценува дека за да има видливи резултати во намалување во емисиите треба да се премине не возила на електричен погон, но нагласува дека процесот на „електрификација“ на автомобилите ќе претставува „голем залак“ за ЕУ. Уделот на електромобили во вкупниот број нови возила во ЕУ се зголеми од околу еден отсто во 2018 на речиси 14 проценти во 2022 година, но ограничувачки фактори за дополнително зголемување на нивниот број, според ревизорите, е тоа што тие се поскапи во споредба со обичните возила, во повеќето земји членки има недоволно развиена инфраструктура за нивно полнење и тоа што има проблеми со достапност до батерии за нив, како резултата на недостигот на критични суровини во ЕУ. Во извештајот се посочува и дека хибридните автомобили, кои работат и на бензински и на електричен погон и кои автомобилската индустрија ги промовира како чисто еколошко решение, во пракса загадуваат повеќе отколку што се тврди. - Просечната разлика помеѓу лабораториските и реалните емисии од страна на хибридни возила е околу 250 отсто, се наведува во документот. Во 2015 година избувна т.н. афера „Дизелгејт“, кога беше утврдено дека одредени производители на автомобили, меѓу кои и германскиот гигант „Фолксваген“, манипулирале со моторите на нивните возила со цел вештачки да ги намалат емисиите на штетни гасови за време на лабораториските тестови. По ова, во 2017 беа воведени построги мерки за тестирањата, но според ревизорскиот извештај, се уште постои разлика во податоците од тестовите и во реалноста. Во 2022 година, во новите возила се вградуваат броила за потрошувачка на гориво, кои треба да обезбедат попрецизни податоци за емисиите на штетни гасови. Доколку се утврди дека се надминуваат ограничувањата на емисиите на јаглерод диоксид, Европската комисија на производителите на автомобили може да им изрече со парични казни, познати како „премии за прекумерни емисии“. Во рамки на подготовката на Извештајот, европските ревизори ги посетиле Германија, Италија и Холандија со цел да утврдат дали возилата кои се во сообраќај ги исполнуваат зацртаните стандарди за емисии на јаглерод диоксид и загадување. Тие утврдиле дека во Германија постои висок степен на усогласеност, додека во Италија и Холандија е утврдено дека властите „не извршиле доволно тестови за да се осигураат дека нивоата на емисии на јаглерод диоксид што ги посочиле производителите се точни“. Ревизорите, исто така, утврдиле и дека Европската комисија нема сознанија за тоа како или дали земјите членки ги спроведуваат ваквите тестови, со што извршното тело на ЕУ „има ограничени податоци врз основа на кои може да предложи подобрувања“. Дополнително, според ревизорите, тенденцијата за поголема ефикасност на автомобилите резултирала и со раст на нивната просечната тежина, која во периодот меѓу 2011 и 2022 година се зголемила за околу 10 проценти. - Постојаните подобрувања во технологијата на моторот и воведувањето на хибридни погонски единици ги направија моторите поефикасни, но доведоа до зголемена маса на возилата, се вели во извештајот. Во Извештајот на Европскиот ревизорски суд на ЕК и се препорачува наместо целта за просечни намалувања на емисиите на јаглерод диоксид да се постави барање за минимален удел на возила со нулта емисија на штетни гасови во вкупниот број возила. Дополнително, според ревизорите, треба да се воведат и ограничувања на реалните емисии на јаглерод диоксид за сите автомобили со мотори со внатрешно согорување, но и за хибридните возила. Ревизорите, исто така, препорачуваат Комисијата на потрошувачите да им обезбедува информации за реалната потрошувачка на гориво од страна возилата, што, според нив, ќе ги поттикне производителите подобро да ги усогласат лабораториските резултати со емисиите на јаглеродот диоксид при реални услови на возење. За да може ЕУ да ги исполни своите цели за намалување на емисиите на штетни гасови од возилата, Ревизорскиот суд препорачува Еврокомисијата да бара од земјите членки докази дека ги почитуваат бараните цели за усогласеност со емисиите на штетни гасови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Македонија18-годишен делчевец за пример- пронашол документи и поголема сума пари и ги предал во полицијаНа 24.10.2026 година, во 14:00 часот, во Полициската станица Делчево, 18-годишен жител на Делчево предал пронајдени лични документи и парични средства во износ од 114.000 денари и околу 2.000 евра.Имено, младиот делчевец на булеварот „Македонија“ во Делчево пронашол патна исправа и лична карта на лице од Делчево, како и наведените парични средства, по што совесно постапил и истите ги предал во полициската станица. Министерството за внатрешни работи ја поздравува оваа постапка, која претставува позитивен пример за чесност, совесност и високо развиена граѓанска одговорност, особено кај младите. Ваквите постапки заслужуваат јавно признание и претставуваат поттик за негување на општествените вредности, меѓусебната доверба и одговорното однесување во заедницата, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?Синоним за Филипче е лага, малверзација и корупција.Човекот едноставно не може, а да не излаже. Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, едно на брачен другар, мерцедес од 44 илјади евра и еден мотор од 25 илјади евра, сличен како оној што го возеше со Заев. Зошто Филипче рече дека има автомобил од 6.000 евра, а не му е вметнат во анкетниот лист? Дали можеби цената на автомобилот е повисока и е марка АУДИ добиена како подарок за тендер? Дали Филипче крие нешто од јавноста? Дополнително, што ли уште Филипче ќе излаже? Ако лаже за ваква работа, којзнае за што друго ќе лаже понатаму ако дојде на власт. На ваквите митомани како Венко Филипче не смее да има место во политиката, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветГолеми протести во Израел против Нетанјаху во пресрет на изборите (ВИДЕО)Илјадници луѓе се собраа во Тел Авив на големи антивладини протести, три дена пред општите избори што се сметаат за референдум за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Протестот беше организиран од Октомврискиот совет, група основана од семејства на жртви и заложници киднапирани од палестинските милитанти на 7 октомври 2023 година, за да побара одговорност за неуспехот да се спречи нападот на Хамас што ја предизвика војната во Газа. „Три дена пред изборите, ќе одржиме последен настан за да одбележиме три години борба за откривање на вистината, барање одговорност и формирање државна истражна комисија“, напиша Октомврискиот совет на X пред митингот. Тесна трка Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу десничарскиот блок на Нетанјаху, кој е на власт од крајот на 2022 година, и блокот на централнодесничарскиот ривал Гади Ајзенкот. Најновите анкети покажуваат дека ниту еден блок нема да освои мнозинство места во израелскиот парламент. 💥The rally in Tel Aviv. All 4 opposition candidates expected. https://t.co/BGYmFED5id — Noga Tarnopolsky נגה טרנופולסקי نوغا ترنوبولسكي (@NTarnopolsky) October 24, 2026 Репортер на АФП изјави дека илјадници луѓе марширале од центарот на плоштадот Рабин кон Плоштадот на заложниците, каде што се одржал собирот и кој бил централна точка на минатите антивладини протести со барање за ослободување на заложниците од Газа. „Кој и да нè водеше во изминатите четири години, завршил ужасна работа“, изјави 68-годишната Хадас Фојерштајн за АФП кратко пред почетокот на собирот. „Израел никогаш не бил во ситуацијата во која се наоѓа сега“, додаде таа. Советот од октомври ја предупреди полицијата за можни „провокации“ од страна на провладините агитатори. Пропусти на 7 октомври Собирот доаѓа по години застапување од страна на израелското граѓанско општество и опозициските партии за формирање независна истражна комисија за да ги испита безбедносните пропусти што доведоа до настаните од 7 октомври. Владата на Нетанјаху одби да формира такво независно тело, како што Израел честопати формирал во минатото за да истражува големи пропусти на државно ниво. Наместо тоа, таа предложи формирање „политички“ комитет, во кој половина од членовите би биле назначени од владејачката коалиција, а другата половина од претставници на опозицијата. Опозициските лидери изјавија дека ќе го бојкотираат комитетот назначен од политичарите.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook