ЕУ испраќа дополнителна помош за гаснење на пожарот кај Александруполис - Канал 5

ЕУ испраќа дополнителна помош за гаснење на пожарот кај Александруполис

ЕУ преку својот Механизам за цивилна заштита реши во Грција да испрати романски противпожарен тим, како и два авиони за гаснење пожари од Кипар, со цел да помогнат во справувањето со огнената стихија кај Александруполис, соопшти денеска ЕК.

ЕУ испраќа дополнителна помош за гаснење на пожарот кај Александруполис

Во соопштението се посочува дека се очекува во текот на денот во Грција да пристигне романскиот тим составен од 56 пожарникари и 10 возила. Од претходно, во Грција е присутен и француски противпожарен тим.

По повод испраќањето дополнителна помош, еврокомесарот за справување со кризи Јанез Ленарчич посочи дека Грција се соочи со „најлош јули кога станува збор на шумските пожари од 2008 година“.

- Пожарите беа поинтензивни и поопасни, уништувајќи повеќе области од претходно. Пожарот кај Александруполис уништи повеќе домови и иницира евакуација на осум села. Брзиот одговор на ЕУ е уште еднаш суштински и им благодарам на Кипар и Романија што им помогаат на грчките пожарникари кои веќе работат на теренот, рече Ленарчич.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, дополнителната помош од ЕУ за Грција следи откако минатиот месец во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Унијата во земјата беа испратени девет авиони за гаснење пожар, 510 пожарникари и 117 противпожарни возила, а преку системот „ЕУ Коперник“ се врши и сателитското мапирање за проценка на штетите предизвикани од пожарите.

- Комисијата останува во постојан контакт со грчките власти преку својот Координативен центар за одговор при итни случаи и е подготвена да мобилизира дополнителна помош доколку е потребно, се додава во соопштението на Еврокомисијата.

Пожарникарите веќе трет ден се обидуваат да го стават под контрола пожарот во близина на Александруполис во североисточниот дел на Грција, а континуираниот силен ветер дополнително ја отежнува битката со огнената стихија.

Портпаролот на противпожарна служба на Грција Јанис Артопиос за грчката телевизија Опен рече дека во гаснењето интервенираат над 214 пожарникари, како и десет авиони и седум хеликоптери од кои еден е за координација. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Есенска дератизација во Општина Аеродром

Есенска дератизација деновиве се спроведува на целата територија на Општина Аеродром, со цел уништување на глодачите и заштита на здравјето на населението.

Есенска дератизација во Општина Аеродром

Опфатени се 3.000 шахти, во кои се поставуваат 9.000 мамци, како и во сите основни училишта и градинки на територијата на општината.

Есенската и пролетната дератизација се важна превентивна мерка за заштита на населението од појава и ширење на болести што ги пренесуваат глодачите и се спроведуваат во соработка со Центарот за јавно здравје - Скопје.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме!

Продолжува отчетот пред граѓаните.

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме!

По средбите и разговорите низ Македонија, денес Движењето ЗНАМ – За наша Македонија го продолжи отчетот под мотото “Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија” во Гостивар, каде пред граѓаните беа презентирани резултатите од досегашната работа.

Пред гостиварчани, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски говореше за конкретните резултати од капиталните проекти, зголемувањето на платите и економскиот стандард, но и за едно од најважните прашања за македонската држава, европската интеграција.

Во однос на капиталните инвестиции, Димитриевски посочи дека отчетот најдобро се мери преку конкретните проекти што се реализираат низ општините и кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.

„Кога зборуваме за резултати, зборуваме за нешто што граѓаните можат да го видат и почувствуваат. Во изминатиот период поддржани се повеќе од 1.200 проекти во општините, од кои дел веќе се завршени, а дел се во реализација. Тоа се улици, водоводи, канализации, училишта, спортски објекти и друга инфраструктура. Но, зад секој од овие проекти стои нешто многу поважно, подобар услов за живот, подобра услуга и нова можност за развој на секоја општина.“ порача Димитриевски.

Димитриевски во своето обраќање се осврна и на мерките за подобрување на животниот стандард, нагласувајќи дека растот на економијата мора да се почувствува директно кај граѓаните.

„Работиме на зголемување на платите во јавниот сектор, од административните службеници, преку вработените во образованието и здравството, до припадниците на безбедносниот сектор. Со потпишаните колективни договори и постепеното зголемување на платите, вложуваме во луѓето и во вреднувањето на нивниот труд. Подобриот стандард мора да биде резултат што граѓаните ќе го почувствуваат“ порача Димитриевски.

Говорејќи за европската интеграција и односите со Република Бугарија, Димитриевски порача дека Македонија има јасна европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура, нагласувајќи дека ставот што ЗНАМ го застапува од своето основање денес е и став на Владата и државна позиција на Македонија.

Тој нагласи дека ЗНАМ ја поддржува иницијативата за средба и разговор со бугарската страна, но дека Македонија повеќе нема да дозволи билатералните прашања да се претвораат во услови за нејзината европска иднина.

„Ние сме за разговор, за средба и за добрососедски односи со Бугарија. Но, да бидеме јасни, за идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ нема да преговараме. Претходната власт дозволи едно билатерално прашање да биде внесено во европскиот процес и од билатерален проблем да стане европско прашање. Денес поради таквите одлуки сите ја плаќаме цената. Ние нема да ја повторуваме таа грешка. Македонија ќе оди кон Европската Унија, но во Европа ќе влеземе како Македонци, со македонски јазик, македонска култура и сопствен национален идентитет“ порача Димитриевски.

На панел-дискусијата свои обраќања имаа и пратеникот Павле Арсовски, кој говореше за актуелните политички процеси и работата во Собранието, поранешниот министер за правда Игор Филков, кој се осврна на реформите во правосудството и владеењето на правото, како и заменик-министерот за дигитална трансформација Радислав Настасијевиќ Варџиски, кој говореше за процесите и реформите во дигиталната трансформација на јавните услуги.

Движењето ЗНАМ продолжува со отчетот пред граѓаните низ Македонија, со порака дека резултатите мора да бидат видливи во секој град и секое населено место, затоа што Македонија не се гради само со зборови и ветувања, туку со работа што останува зад нас и со дела што граѓаните ги чувствуваат во својот секојдневен живот.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р Митевска: Кардиоваскуларните заболувања се црвена зона за смрттност во Македонија

Секој трет смртен случај лани бил резултат на кардиоваскуларни заболувања. 

Д-р Митевска: Кардиоваскуларните заболувања се црвена зона за смрттност во Македонија

6.880 смртни случаи во 2025 година биле од кардиоваскуларни заболовања, или 34% од смртните случаи се на срцеви заболувања што можеле да се превенираат.

Редовни контроли на кардиолог, регулирање на шеќер во крвта, висок притисок, откажување од цигари се клучни за здраво срце. Во неделата за заштита од кардиоваскуларните заболувања објаснува кардиологот Ирена Митевска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер