ЕУ има сериозен проблем со демократијата - Сиљановска Давкова за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет во извештајот на ЕП - Канал 5

ЕУ има сериозен проблем со демократијата - Сиљановска Давкова за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет во извештајот на ЕП

Претаедателката го искоментира говорот на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, според кого, потребни се реформи внатре во ЕУ.

ЕУ има сериозен проблем со демократијата - Сиљановска Давкова за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет во извештајот на ЕП

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет преку амандман излобиран од бугарски пратеници, вели дека тоа го докажува демократскиот дефицит во ЕУ, вклучувајќи го и Европскиот парламент, којшто, вели, треба да биде дом на европските граѓани.

-Не сум шокирана, иако сум длабоко разочарана тоа го кажав, особено од природата на некои амандмани, па и од дискусиите, не сум шокирана бидејќи во Европскиот парламент седат и претставници на партии што се против самата ЕУ. Инаку, пријатно бев изненадена од извештајот на господинот Вајц, тој важи за почитуван пратеник кој ги познава добро балканските прилики, бидејќи истото ова што ни се случува нам, можеше и Австрија да го прави кон Словенија бидејќи и во словенечкиот Устав ги нема Австријците, Хрватите, Бошњаците, Ромите... Но природата на амандманите покажа дека навистина не само светот туку и Европа и ЕУ имаат сериозен проблем со демократијата, потенцира Сиљановска Давкова.

Претаедателката го искоментира говорот на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, според кого, потребни се реформи внатре во ЕУ.

-Мислам дека неговата изјава не е случајна и дека има врска и со феноменот вето, и со опасноста од билатерализација на евроинтеграцијата во време кога проширувањето на ЕУ во смисла на тоа дека ќе зборуваме еден ден за синоним или за еднаквост меѓу ЕУ и Европа, бидејќи ние географски, историски, културно сме биле отсекогаш дел од Европа и во време на опасност, мултилатерализмот да биде под притисок на мултиполаризацијата денеска во светот, важно е за да биде ЕУ односно Европа компететивен играч на плуралната светска политичка сцена и да ги вклучи сите држави кои географски, историски и културно припаѓаат кон неа. Зошто, бидјеќи денеска прашањето на евроинтеграцијата е прашање на стабилност и безбедност, рече претседателката.

Таа посочи дека е изненадена од одговорот на бугарската Влада на забелешките во пглед на состојбите во Бугарија врзани за малцинствата.

-Еве што адресирала до Советот на Европа. Вели дека во резимето од пописот 2021 година, 1.143 лица се самоидентификувале како етнички Македонци, 3.540 изјавиле дека мајчин јазик им е македонскиот, а 1.091 лице, пријавило дека дома зборува македонски јазик. И еве што пишува Владата - вели дека „овозможува доброволен процес на самоидентификација“. Еве јас ги упатувам меѓународните субјекти да се вратат назад во пописите во Бугарија, бидејќи некој феноменални промени никогаш не се случуваат никаде. Па да го видат и пописот од '56, и пописот од '46, ама интересно е што пишува во дописот на Владата. Значи дека овие лица кои се претставуваат како Македонци, се мала група, и не ги исполнуваат објективните критериуми за статус на национално малцинство. Може да заклучиме нешто? За која категорија ние треба да го смениме Уставот? За колкав број? Еве јас прашувам, посочи претседателката Сиљановска Давкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем.

Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата.

Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени.

Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат.

СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења.

Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица

Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.

Нов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица

Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24.

Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан.

Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница.

Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот.

Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи.

Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.

Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски?

СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте.

Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП.

Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер