Ескобар: Првиот чекор за избори на северот на Косово е да се тргнат луѓето од улица - Канал 5

Ескобар: Првиот чекор за избори на северот на Косово е да се тргнат луѓето од улица

Специјалниот претставник за западен Балкан на САД, Габриел Ескобар, во интервју за Хрватската радио-телевизија изјави дека Жозеп Борел и Мирослав Лајчак презентирале три едноставни чекори за деескалација на состојбата на северот на Косово.

Ескобар: Првиот чекор за избори на северот на Косово е да се тргнат луѓето од улица

„Првиот чекор е да се тргнат луѓето од улица. Ни требаат нови избори со безусловно учество на Србите. Потребен ни е и рок за спроведување на својот дел обврските од српската страна и спроведување на нацрт-статутот за Заедницата на општините со мнозинско српско население на Косово. Станува збор за еднаквост и придобивки за двете страни. Доколку овие две страни не го прифатат планот на ЕУ за смирување на конфликтот, може да дојде до уште поголема криза“, рече Ескобар. Тој додаде дека мора двете страни да се вратат на тоа што е постигнато во Охрид, а тоа е нормализација за создавање мирни услови за живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: „Нешто што ќе остане“ по четврти пат – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музичка сцена

Општина Центар на 12 септември, со почеток во 20 часот, во Паркот на Франкофонија по четврти пат го организира музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“.

Герасимовски: „Нешто што ќе остане“ по четврти пат – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музичка сцена

Годинашното издание се одржува во годината кога Општина Центар одбележува голем јубилеј – 50 години од своето постоење, а по тој повод е подготвена силна музичка програма со познати имиња од домашната сцена.

На сцената во Паркот на Франкофонија ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, кои ќе бидат дел од големата музичка вечер со која Центар заедно со граѓаните ќе го прослави својот 50-годишен јубилеј.

На денешната прес-конференција, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека јубилејот е уште една причина годинава Центар да ги собере сите генерации на едно место и да го прослави со македонска музика и домашни артисти.

„Оваа година за Центар е навистина посебна – славиме 50 години од нашата општина. Половина век Центар, половина век приказни, генерации, култура и настани што оставиле свој белег. Затоа сакавме овој голем јубилеј да го одбележиме онака како што му доликува – заедно со нашите граѓани и со најдоброто од македонската музичка сцена.

„Нешто што ќе остане“ го организираме по четврти пат и особено ми е драго што токму годинава имаме навистина силна програма. Од самиот почеток имавме една јасна идеја – нашите настани да бидат простор за македонските музичари, уметници и автори. Имаме одлични домашни артисти и наша обврска е да ги поддржуваме, да им даваме сцена и публика и да покажеме дека го цениме она што го имаме дома. Тоа е нешто на што сум особено горд и нешто по што сакам Центар да продолжи да се издвојува“, изјави Герасимовски.

Герасимовски ги покани сите центарци, но и сите скопјани, на 12 септември да бидат дел од музичката вечер и заедничката прослава.

„Сакам Паркот на Франкофонија да биде полн со луѓе од сите генерации. Да пееме, да се дружиме и заедно да прославиме 50 години Центар. На крајот, токму тоа е и суштината на овој настан – да создадеме убави моменти и спомени, нешто што навистина ќе остане“, порача Герасимовски.

Музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“ ќе се одржи на 12 септември, од 20 часот, во Паркот на Франкофонија. Настанот е отворен за сите граѓани.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставен целосно електричен „Range Rover“! (ФОТО)

Пристигна првиот целосно електричен „Range Rover“, што означува важна пресвртница во историјата на брендот познат по своите големи бензински и дизел мотори.

Претставен целосно електричен „Range Rover“! (ФОТО)

Електричниот „Range Rover“ ќе се произведува во фабриката на компанијата во Солихал, каде што се произведуваат моделите на брендот од 1970 година, а почетната цена на британскиот пазар е 154.070 фунти (околу 180.000 евра).

Новиот модел е напојуван од два електрични мотори со моќност од 260 kW секој. Нивната комбинирана моќност е до 550 КС, додека максималниот вртежен момент достигнува 850 Nm.

Ваквите перформанси му овозможуваат на големиот луксузен „SUV“ да забрза од 0 до 100 км/ч за само 4,3 секунди. Според „WLTP“ стандардот, електричниот „Range Rover“ може да помине до околу 599 километри со едно полнење.

„Range Rover Electric“ користи батерија од 118,5 kWh и поддржува технологија на полнење од 800 волти, а според производителот, батеријата може да се наполни од 10 до 80 проценти за само 22 минути.

За 10 минути полнење, можно е да се добијат до 220 километри дополнителен опсег според стандардот „WLTP“.

Развојот на електричниот „Range Rover“ траел повеќе од десет години, велат од компанијата. Преминот кон производство на електричниот модел барал и обемна подготовка на вработените, па затоа околу 10.500 работници биле вклучени во процесот на обука.

Доаѓањето на целосно електричниот „Range Rover“ претставува една од најважните промени во историјата на овој модел, додека брендот се обидува да ги одржи традиционалните карактеристики на „Range Rover“ без мотор со внатрешно согорување.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на промоција на комунална опрема: Ја наследивме државата на колена, но денес Македонија оди напред

Изминативе 26 месеци се боревме со распаднати и уништени институции, со држава ограбена и клекната на колена, довршувавме проекти коишто беа започнати и заборавени.

Мицкоски на промоција на комунална опрема: Ја наследивме државата на колена, но денес Македонија оди напред

„Добар ден и од мене.

Изминативе 26 месеци се боревме со распаднати и уништени институции, со држава ограбена и клекната на колена, довршувавме проекти коишто беа започнати и заборавени, градевме експресни патишта, делници од пруга и продолжуваме да градиме експресни патишта и делници од пруга.

Продолживме со автопатските секции, отпочнуваме нови автопатски секции и бевте сведоци пред некој ден на една таква нова автопатска секција којашто ја започнавме, следниот месец ќе ставиме камен-темелник и на уште една друга автопатска секција, реконструиравме болници за ограбеното и уништено поради лоши политики здравство, знаете нема да ве потсетувам на стари криминални политики кога бевме држава којашто беше буквално на дното по начинот на справување со корона-кризата, а на врвот по бројот на починатите за време на корона-кризата, ограбени граѓани, уништена, девастирана економија со погрешни економски политики, агресивни даноци, солидарни даноци и што ли не се правеше периодот кој сите ние брзо сакаме да го заборавиме, но дојде Влада којашто се зафати веднаш за работа и да го коригира сето она коешто беше оставено од претходната, би рекол, криминална влада на СДСМ и ДУИ.

Еден од водечките проекти на почетокот на оваа Влада беше децентрализирање на средства од државниот буџет кон општините и на тој начин успеавме да обезбедиме проекти од половина милијарда евра коишто се децентрализираа од централниот буџет кон општините за капитални инвестиции, тука не застанавме, продолживме и понатаму да работиме со општините, еден од проектите со којшто можеме исто така да се пофалиме е и овој проект којшто денеска го претставуваме за подобра животна средина, за поголема хигиена во нашите општини.

Им честитам на сите оние коишто ќе добијат нова механизација, нови алатки да се справуваат со сметот, повикувам и на општествена одговорност и на граѓанска одговорност затоа што нашата животна средина е наша животна средина и треба да си ја чуваме сите, подеднакво да бидеме одговорни кон истата. Тука не застануваме, продолжуваме и понатаму, следен чекор е испораката на автобусите коишто би требало многу скоро да почнат да се испорачуваат до општините за организирање на еколошки јавен градски превоз, тука мислам на електричните автобуси, така што можам уште многу да зборувам, но суштината е таа дека од клекната, ограбена и распадната држава во којашто пред 26 месеци ни беше главен предизвик, а којашто ја наследивме од претходната влада на СДСМ и ДУИ, денеска можеме да кажеме дека Македонија после 3 години е подобро место за живеење од пред 3 години, јас ви гарантирам дека за 3 години ќе биде уште подобро место за живеење од денеска.

Сакам да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на колегите од Владата, на заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, на заменичката во Министерството за транспорт, на градоначалниците, се разбира, на директорката на Светска банка во регионот, на сите оние коишто ги поддржуваа овие проекти, на пратениците коишто исто така даваа огромна поддршка и даваат, во рамките на парламентот се борат за проект повеќе за својата општина, за своето мало, за својата улица. Јас сум убеден дека во периодот којшто следи ќе продолжиме да го испорачаме сето тоа коешто го ветивме. Знам дека не е идеално, знам дека тешко се живее, впрочем и никогаш не било полесно, но ние сме тука да го оставиме срцето на терен и да направиме сè што е во наша моќ да подготвиме проекти како овој, сигурен сум и убеден сум дека тоа ќе се стори.

Ви благодарам и на вас медиумите што ја следите работата на Владата и уште еднашка нека е со среќа и нека е аирлија и уште многу вакви проекти да промовираме, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер