3Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
БалканЕскобар: Не гледам никаква пристрасност кај Лајчак„Не наоѓам никакви докази за дослух при работата за да ги фаворизира интересите на Србија во ова“, рече Ескобар во интервју за Радио Слободна Европа.Пратеникот на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека „не гледа докази за пристрасност“ кај специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, јави дописникот на МИА од Белград. „Не наоѓам никакви докази за дослух при работата за да ги фаворизира интересите на Србија во ова“, рече Ескобар во интервју за Радио Слободна Европа. Тој додаде дека САД очекуваат двете страни да ја зајакнат својата посветеност и Приштина да „покаже повеќе прагматизам и реализам во нејзиниот пристап кон ЕУ“. На прашањето што гледа како излез од ќорсокакот во кој моментално се наоѓа дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ескобар одговори дека во моментов нема алтернатива за дијалогот, дека е важно двете страни да продолжат да се држат до дијалогот и ја повика Приштина да биде поконструктивна. Зборувајќи за мерките што Европската Унија ги воведе кон Косово, тој рече дека тоа се последиците. -Не би рекол мерки, би рекол последици. И ќе ви кажам дека последиците со кои се соочува Косово се дека ако одбијат да соработуваат со ЕУ, ЕУ нема да се вклучи во дополнителна помош и дополнителни мерки за интеграција, изјави Ескобар. Тој изрази надеж дека, барем билатерално, САД ќе можат да соработуваат со Приштина за да изнајдат начин за отстранување на овие мерки во 2024 година. Ескобар одговори негативно на прашањето дали има рок за тоа и посочи дека овие мерки се на неопределено време додека не се постигне напредок во спроведувањето на Охридскиот договор и планот за деескалација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: На Неретва уловен сом од скоро два метриРибари во областа на Салаковац, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, успеале да уловат огромна риба на реката Неретва.Двајцата рибари во водите на Неретва уловоиле сом долг 196 сантиметри и тежок приближно 50 килограми. Според рибарите, станува збор за капитален примерок уловен во реонот на Салаковац. -Беше потребен голем напор за да се извлече оваа огромна риба од водата и да се подигне на брегот, истакнале рибарите. U Salakovcu uhvaćen som težak 50 kilograma i dug gotovo dva metra pic.twitter.com/3PR2JY5hOt — Bljesak.info (@Bljesak) August 24, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеКлековски: Подготвивме нова страница на МЗ и ИЈЗ со податоци за западнонилската трескаПодготвивме нова страница на МЗ и ИЈЗ со податоци за западнонилската треска, издадено и ажурирано упатство до матичните лекари.Министерот за здравство, Сашо Клековски денес одржа прес конференција на која информираше за последните новости за епидемијата на западнонилска треска. - Во моментот има вкупно 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западнонилска треска, од кои 50 се потврдени, а тројца се сомнителни и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Вкупно 52 пациенти се со невроинвазивна форма. Од Клиниката за инфективни болести 25 пациенти се излекувани и пуштени на домашно лекување, за жал, се евидентирани пет смртни случаи. Во моментот 21 пациент се хоспитализирани на Инфективната клиника, од кои шест се на интензивна нега, информираше министерот Клековски. Тој истакна дека е издадено ажурирано упатство за лекарите на клиники, како и за матичните лекари да посветат внимание на пациентите со имуносупресивна терапија. - Во однос на превентивните активности кои се преземаат, завршена е четвртата тура прскање против возрасни комарци во Скопје. Со цел навремено и транспарентно информирање на јавноста на оваа тема, подготвивме нова веб страница на МЗ и ИЈЗ за преглед на сите податоци од надлежните институции, приказ на ризични подрачја, кои превентивни активности се преземени во секое подрачје и сл. Во моментот се направени вонредни прскања против комарци по индикација во шест од ризичните подрачја, додека по 14 август, согласно претходниот пресек на состојбата се извршени вонредни - по индикации прскања во повеќе подрачја, меѓу кои Кисела Вода (Драчево), канали во Гази Баба, Зелениково, Студеничани, Бутел и Ѓорче Петров, додаде Клековски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМанчестер Сити плати 100.000.000 евра за тинејџер од МарокоБогатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити го доведе 18 годишниот Мароканец Ајуб Буади од францускиот Лил за 100 милиони евра.18-годишниот фудбалер за врска со гигантот од Етихад потпиша петгодишен договор . Тимот на Енцо Мареска го ангажираше талентираниот фудбалер откако ги продаде Родри на Барселона и Тиџани Рејндерс на Ал-Кадисија. Младиот Буади инаку остави силен впечаток на Светско првенство, настапувајќи како стартер на пет од шесте натпревари за Мароко, репрезентација која беше елиминирана во четвртфиналето. „Ова е посебен ден за мене и за моето семејство. За мене, Сити е најдобриот клуб во светот. Вистински сон е да се биде овде и да можам да кажам дека сум играч на Сити“, изјави Буади. Буади има одиграно 96 натпревари за Лил од своето деби во 2023 година, помагајќи му на тимот да го освои третото место во Лига 1 минатата сезона. На 16-годишна возраст, тој стана најмладиот фудбалер што некогаш заиграл за некој француски тим во Лигата на Европа, а потоа се прослави на светската сцена со клучната улога во победата над Реал Мадрид во 2024 година. „Сити“ работи на реорганизација на средниот ред; Елиот Андерсон веќе е доведен од Нотингем Форест, а подготвена е и посилна понуда за Енцо Фернандез од Челзи.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26