3Манасиевски: СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт
ТехнологијаЕСА ќе изврши тест со вештачко помрачување на СонцетоЕвропската вселенска агенција - ЕСА ја почна програмата „ПРОБА-3“ со што ќе се обиде да изврши тест со вештачко затемнување на Сонцето. Ова е прв ваков научен потфат во историјата.Во рамките на оваа мисија, би требало да бидат поставени два сателити што ќе ја проучуваат Сончевата Круна, односно надворешниот слој гасови што ја опкружува нашата најблиска ѕвезда, што ќе овозможи нови научни сознанија. Најголемиот предизвик е високата прецизност што проектот ја бара, а искуството што ќе го стекне ЕСА во рамките на оваа мисија ќе се користи за идните вселенски патувања и потфати. Сателитите се склопуваат во Белгија, од каде што ќе бидат преместени во Индија и ќе бидат испратени во Земјината Орбита во септември оваа година. Вселенските летала „Коронаграф“ и „Окултер“ ќе бидат поставени во формација чија прецизност се мери во милиметри, а на првично меѓусебно растојание од 144 метри. Вреди да се напомене дека затемнувањето предизвикано од сателитите нема да биде видливо на Земјата. „Окултер“ ќе лета поблиску до Сонцето и ќе го блокира дискот, фрлајќи сенка за другиот сателит, на ист начин како што Месечината фрла сенка на Земјата во природното затемнување на Сонцето. Ова ќе му овозможи на „Коронаграфот“ да ја сними Круната, што во нормални, природни околности, е невозможно, поради заслепувачката светлина од Сонцето. Проучувањето на Сончевата Круна ќе им помогне на научниците да ги предвидат сончевите геомагнетни бури, коишто влијаат на вештачките сателити, на комуникациите и на енергетските мрежи на Земјата. - Тоа ќе ни помогне подобро да разбереме и многу други работи, како што е потеклото на сончевите ветрови. Сѐ уште има некои прашања на коишто немаме одговори, особено оние кои се однесуваат на бавните ветрови. Бавните ветрови се оние што варираат и не се хомогени и униформни. Сѐ уште не е сигурно од каде доаѓаат, вели Андреј Жуков, истражувач во Кралската опсерваторија во Белгија. Зборот „ПРОБА“ е англиска кратенка за „Project of Onboard Autonomy" (Проект за достапно самоуправување) и исто така значи и „обид“ на латински и некои други јазици. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНапнато на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја: Војската чека сигнал за дејствувањеЈужна Кореја денеска соопшти дека ќе преземе одлучни мерки доколку Северна Кореја изврши какви било дополнителни провокации.Реакцијата на Сеул доаѓа по заканите од Пјонгјанг за воена ескалација, предизвикани од предупредувачките истрели на јужнокорејските сили долж утврдената граница, пренесува новинската агенција „Јонхап“. Ким Јо Џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, се закани со повторно започнување на пропагандни емисии насочени кон Сеул и со распоредување дополнителни офанзивни тактички средства долж Демилитаризираната зона (ДМЗ) што ги раздвојува двете Кореи, истакнувајќи дека ситуацијата на границата станала крајно нестабилна. „Министерството за национална одбрана изразува сериозна загриженост во врска со критиките на Ким Јо Џонг упатени кон легитимните операции на нашата војска – спроведени во согласност со Договорот за примирје – како и во врска со ескалацијата на тензиите преку воени закани“, се вели во соопштението, во кое се додава дека Јужна Кореја ќе одговори одлучно доколку Северна Кореја продолжи со своите провокации. Напнатоста се зголеми по 21 септември, кога во Демилитаризираната зона (ДМЗ) експлодираа нагазни мини, при што беа повредени тројца јужнокорејски војници. Сеул и Командата на Обединетите нации утврдија дека инцидентот бил предизвикан од противпешадиски мини поставени од Северна Кореја, што претставува кршење на Договорот за примирје. Сепак, Пјонгјанг категорично ја негираше каквата било вмешаност во експлозиите. Извор: Б92Тагови: Јужна Кореја Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНа улиците во Париз се„војува“, но натпреварот од Лигата на шампионите ПСЖ-Барселона ќе се одиграПретстојниот дуел на гигантите меѓу брнителот на титулата Пари Сен Жермен и шпанскиот првак Барселона во Лигата на шампионите нема да биде одложен ниту откажан.Претстојниот дуел на гигантите меѓу брнителот на титулата Пари Сен Жермен и шпанскиот првак Барселона во Лигата на шампионите нема да биде одложен ниту откажан, и покрај насилните протести што ја потресуваат Франција – потврди францускиот министер за одбрана, Себастијан Лекорни. Лекорни во синоќа изјави дека побарал од регионалните власти да воведат делумни полициски часови во некои градови, со цел да се заштитат граѓаните и бизнисите по немирите што се случија за време на викендот. Touchdown in Paris. 🇫🇷 https://t.co/oKL7evXSdR — FC Barcelona (@FCBarcelona) October 19, 2026 „Решен сум да воспоставам ред“, рече францускиот премиер, додавајќи дека, доколку е потребно, би можела да се воведе вонредна состојба. Сепак, тој оцени дека локалните и делумни забрани за движење во моментов претставуваат посоодветно решение. Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, потврди дека не постојат планови за откажување на натпреварот. ПСЖ во вторник навечер ќе ја пречека Барселона на стадионот „Парк на принцовите“, а почетокот на натпреварот е закажан за 21:00 часот по средноевропско време. Сепак, немирите ги погодија и француските фудбалски клубови. Марсеј пријави значителна штета на својата официјална продавница на познатата авенија „Ла Канебиер“, додека Лил соопшти дека нивната продавница во центарот на градот претрпела големи оштетувања и била ограбена. Двете продавници се привремено затворени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаНова функција на Фејсбук: Сами кажете што сакате да гледате„Фејсбук“ воведува функција која ви овозможува, со свои зборови, да наведете каков вид содржина би сакале да гледате почесто или поретко на вашата почетна страница.Новата функција, наречена „Вашиот алгоритам“ (Your Algorithm), им овозможува на корисниците директно да влијаат врз алгоритмот што препорачува содржина, наместо целосно да се потпираат на автоматските препораки на платформата, соопштија од „Мета“. Корисниците можат да ги опишат своите интереси и преференции користејќи природен јазик, а овие промени се одразуваат врз препорачаната содржина во реално време. Истовремено, „Мета“ го ажурираше менито што се појавува при кликнување на трите точки до некоја објава, со што на корисниците им се олеснува прилагодувањето на нивните преференции. Од таму, тие можат да пристапат до функцијата „Вашиот алгоритам“ или да означат дали им се допаѓа одредена содржина. Платформата може да постави и дополнителни прашања за подобро да разбере што корисникот сака да гледа повеќе, а што сака да гледа поретко. Воведувањето на оваа нова функција е дел од пошироките напори на „Мета“ да им овозможи на корисниците поголема контрола врз содржината што им се прикажува, наведоа од компанијата со седиште во Менло Парк. Извор: Б92Тагови: Фејсбук Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook