3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
СветЕруптира вулкан на Исланд- евакуирано е познато туристичко место (ВИДЕО)Импресивна сцена од оган, чад и блескава лава е снимена денеска во југозападен Исланд, каде што вулканот на полуостровот Рејкјанес еруптираше.Според информациите од Исландската метеоролошка служба, ова е деветта ерупција во тој регион од крајот на 2023 година. Евакуирана туристичката дестинација Сина лагуна Фотографиите објавени од Министерството за јавна безбедност на Исланд покажуваат лава и чад што се издигаат од пукнатина во близина на Гриндавик, рибарско село кое во последните месеци има повторена вулканска активност, објави ABC News. A volcanic eruption in southwestern Iceland has once again forced the evacuation of tourists at the internationally known Blue Lagoon geothermal spa. Read more: https://t.co/3Y1SePLwSX pic.twitter.com/ahVAhmC7uE — ABC News (@ABC) July 16, 2025 Државниот радиодифузен сервис RUV објави дека жителите на Гриндавик се евакуирани, како и гостите и персоналот од Сината лагуна, една од најпопуларните туристички дестинации во Исланд. Евакуациите се спроведени како мерка на претпазливост поради можното ширење на лава и токсични гасови. Властите предупредија дека условите околу вулканот се опасни и дека може да се случат дополнителни ерупции. Нема информации за повредени.Тагови: вулкан Исланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧетири пријави за семејно насилство во последното деноноќиеДве лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќиеНа 03.07.2026 во 01:55 часот во гевгелиско село, полициски службеници од ОВР Гевгелија лишија од слобода 45 годишен жител на селото, кој според пријавеното околу 00:10 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 02.07.2026 вo 19:00 часот во СВР Скопје 80-годишен маж пријави дека околу 14:00 часот во домот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата ќерка С.И.(54). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 02.07.2026 во 23:55 часот полициски службеници од Полициско одделение Кривогаштани во с. Боротино, општина Кривогаштани го лишија од слобода Б.С.(29) с. Боротино, затоа што во семејниот дом упатувал закани кон неговиот татко. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. На 02.07.2026 во 14:55 час во ОВР Кичево, 40-годишна жена пријави дека на 29.06.2026 нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот поранешен свекор, а кон двете упатил закани. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦаринските управи на Македонија и Албанија ја продлабочуваат соработкатаЦаринските управи на Македонија и Албанија ја продлабочуваат соработката со нов Протокол за царински контроли на заедничките гранични преминиУнапредување на граничното управување на граничните премини со Албанија преку поефикасни контроли и олеснување на трговијата, ќе овозможи забрзување на регионалната интеграција во ЕУ и оттука во фокусот на Царинските управи ќе биде унапредување на царинските процедури што ќе бидат дефинирани со новиот Протокол за спроведување на меѓудржавниот Договор за заеднички гранични премини. Делегации од двете Царински управи предводени од директорот Бобан Николовски и директорот на Царинската управа на Албанија, Бесмир Беја, заедно со високи претставници на ОБСЕ извршија увид во начинот на управување со граничниот премин Ќафасан-Ќафтане, по што беше остварена и средба на која трите страни дискутираа за практична примена на Договорот и Протоколот кон истиот. - Соработката со Албанија прерасна во вистинско партнерство засновано на меѓусебна доверба, отворена комуникација и заедничко разбирање дека ефикасното управување со границите е од суштинско значење за економскиот развој, регионалната поврзаност и безбедноста на нашите држави и регионот, истакна Николовски и додаде дека потпишувањето на Протоколот треба да резултира со намалување на времето на чекање и забрзан проток на трговијата, зголемена доверба на бизнис заедницата и забрзан проток на патници и стока. Директорот на Царинската управа на Република Албанија, Беја, истакна дека ваквите средби се доказ дека напредокот е можен доколку двете страни работат заедно. - Соработката на Царинските управи е најдобар пример како да ги подобриме условите и за граѓаните и за бизнис заедницата во нашите држави. Царинската управа на Македонија има добра репутација на институција која има најголем напредок. Со Протоколот ќе ги координираме царинските процеси и заеднички ќе ги користиме ресурсите што ги имаме на располагање и ова е токму во насока на подобри контроли и олеснување на трговијата, вели Беја. Раководителот на Програмата за реформи во полицијата и кривично-правниот систем во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Едвард Андерсон рече дека е привилегија да се биде на историски настан кој не само што го унапредува заедничкото делување туку и ја унапредува сигурноста на граѓаните на двете држави. Дарко Ангелов, шеф на Одделот за соработка во областа на безбедност во Мисијата на ОБСЕ во Тирана потенцира дека Протоколот е успешна кулминација на десетгодишна успешна соработка во делот на граничното управување која постојано се надоградуваше преку поддршка и на Мисиите на ОБСЕ во Македонија и Албанија. Тој притоа додаде дека е поминат долг пат од воспоставување на првиот полициски контактен центар за соработка, сега проширен и во делот на царината на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане.Тагови: Царинска управа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев: Полициското образование е темел на силна и професионална полиција Јанев ја посети Полициската академија, каде заедно со раководството и вработените присуствуваше на церемонијата на неделното спуштање на државното знаме.Денеска (03.07.2026) директорот на БЈБ Александар Јанев ја посети Полициската академија, каде заедно со раководството и вработените присуствуваше на церемонијата на неделното спуштање на државното знаме – традиција која симболизира чест, одговорност и посветеност кон татковината. При посетата, директорот Јанев истакна дека оваа церемонија за него има особено значење, бидејќи го потсетува на неговите почетоци во полициската професија пред 33 години, кога како кадет ги направил првите чекори во службата. Тој нагласи дека обновувањето на Средното полициско училиште „7 Мај“ во рамките на Полициската академија претставува обновување на вредностите, традицијата и докажаниот систем за создавање професионални и достоинствени полициски службеници. Директорот Јанев порача дека раководството останува посветено на изградба на модерен и стабилен полициски систем заснован на знаење, интегритет и професионалност, нагласувајќи дека силната полиција започнува со образованието, вредностите и љубовта кон татковината. Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter