Лишен од слобода скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“
1Лишен од слобода скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“
ЖивотЕрупција на вулкан на Исланд, дванаесетта во последните четири години Во југозападниот де на Исланд еруптираше вулкан, јави исландската метеоролошка служба, што претставува најнова во низата ерупции во близина на главниот град во последните неколку години.Ова е 12-та ерупција откако геолошките системи на полуостровот Рејкјанес повторно се активираа во 2021 година. Ерупциите, познати како фисурски ерупции, се карактеризираат со текови на лава кои излегуваат од долги пукнатини во земјината кора, наместо од централен кратер. Досега, ерупциите на Рејкјанес не претставуваа закана за главниот град Рејкјавик, ниту пак предизвикаа значително ширење на пепел во стратосферата, па не дојде до нарушување на воздушниот сообраќај. Блискиот рибарски град Гриндавик, во кој пред евакуацијата во 2023 година живееле речиси 4000 жители, сè уште е главно пуст поради повремените закани од лава и поврзаните земјотреси. Луксузната спа-зона Блу Лагун и блиската геотермална електрана Свартсенги исто така беа изложени на ризик од лава за време на некои претходни ерупции. Експертите проценуваат дека ваквите ерупции во оваа област би можеле да се повторуваат со децении, па дури и со векови. Во Исланд има повеќе од 30 активни вулкани. Оваа северноевропска земја ја прави една од главните дестинации за вулкански туризам кој секоја година привлекува илјадници посетители. Тагови: вулкан Исланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаЛишен од слобода скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности.На 03.09.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.С.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава за извршени две тешки кражби на пригушници од железничка пруга, од кои една на подрачје на ПС Аеродром и една на подрачје на ПС Драчево. По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и З.С. е приведен во ПС Аеродром, а украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот „Железници на РМ“. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо тек е исплатата на правата од социјална и детска заштитаМинистерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 4 септември 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2026 година.Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Отворен јавен повик за лични асистенти на ученици со посебни образовни потребиОпштина Центар го објави јавниот повик за ангажирање лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, во рамки на проектот „Образование за сите“, кој ќе се реализира во општинските основни училишта во учебната 2026/2027 година.Личните асистенти ќе им обезбедуваат поддршка на учениците во текот на образовниот процес, со цел полесно вклучување во наставата и секојдневните училишни активности. „Со проектот „Образование за сите", продолжуваме со поддршката за учениците на кои им е потребна дополнителна помош во текот на образовниот процес. Нашата цел е секое дете да има еднаква можност да учи, да напредува и да биде вклучено во училишната средина. Истовремено, преку овој проект отвораме можност за работен ангажман на лица кои имаат знаење, искуство и желба да работат со деца“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. На јавниот повик можат да се пријават заинтересирани лица со минимум завршено средно образование и претходно искуство во работа со деца со посебни образовни потреби. Повикот е насочен и кон долгорочно невработени лица, млади до 29 години, лица постари од 50 години, самохрани родители и родители на деца со попреченост. Предност ќе имаат кандидатите со високо образование од областа на наставата, психологијата, педагогијата, дефектологијата и социјалната работа, како и лицата кои имаат претходно искуство како лични или образовни асистенти или поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попреченост. Избраните кандидати ќе бидат ангажирани 20 часа неделно во период од осум месеци, почнувајќи од октомври 2026 година до крајот на учебната 2026/2027 година. За ангажманот е предвиден месечен нето-надоместок од 18.000 денари. Пријавите со потребната документација се поднесуваат во Архивата на Општина Центар-Скопје, барака 6, од 9:00 до 15:00 часот. Јавниот повик трае пет работни дена од денот на објавувањето и е достапен на веб-страницата на Општина Центар-Скопје и на огласните табли во општинските основни училишта. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter