3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
СветИсланд за еден час погоден од четири земјотресиЧетири слаби и мали земјотреси во рок од еден час денеска попладне се регистрирани на Исланд.Исландскиот Завод за геофизика соопшти дека епицентарот на првиот земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтеровата скала бил на 79 километри југозападно од главниот град на Исланд, Рејкјавик на длабочина од 12 километри. Неколку минути по првиот земјотрес, во 13 часот и 16 минути по локално време регистриран е уште еден со интензитет од 2,8 степени според Рихтер на длабочина од 11 километри. Во истиот регион во 14:05 и во 14:07 регистрирани сè уште два земјотреса со интензитет од 3,7 и од 4,1 степени според Рихтеровата скала. Засега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета. Тагови: земјотреси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Не растат платите 3–4 пати побрзо, загрижувачко е што Мицкоски верува во своите лаги Водачот на организираната криминслна група, Христијан Мицкоски денеска изјави дека растот на платите под неговата Влада е 3 до 4 пати поголем отколку во времето на претходната Влада на СДСМ.Ова е уште една во низата лаги на Мицкоски. Фактите се следни: Во времето на СДСМ, минималната плата беше зголемена од 8.000 на над 22.000 денари - скоро тројно. Просечната плата беше речиси двојно зголемена, од околу 22.000 на над 42.000 денари. Платите во образованието, здравството, полицијата и армијата беа значително зголемени преку колективни договори. Под Владата на Мицкоски, минималната плата не е зголемена со политичка одлука. Направено е само законско усогласување од 1.667 денари нето (од 24.379 на 26.046 денари). Ова е автоматско зголемување кое го предвидува законот, а не резултат на некаква економска политика. Во исто време, цените отидоа до плафон, затоа што Мицкоски не ги примени мерките што ги предложи СДСМ. Инфлацијата ги изеде платите. Реалната куповна моќ на граѓаните е помала отколку што покажуваат голите бројки за номинален раст. Мицкоски лаже кога вели дека платите растат 3-4 пати повеќе, како што лаже за сè. Мицкоски одбива да ја зголеми минималната плата на 600 евра, иако тоа го бараат синдикатите. Наместо реално зголемување на платите и подобрување на животниот стандард, граѓаните добиваат пропаганда и лаги. Ова е неуспех на Мицкоски. Загрижени сме дека Мицкоски верува во своите лаги. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00
МакедонијаРистески: Голем интерес за грантовите за отворање на сопствен бизнис во Пелагонискиот регионРистески го искажа своето задоволство и од големиот интерес за мерката во Пелагонискиот регион, каде во Прилеп до вчера пристигнале 311, а во Битола 180 апликации.Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво-ИНОВА Даниела Димовска, како и градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски и Претседателот на Советот на Битола, Бојан Бојкоски денес ги посетија регионални канцеларии на Агенцијата за вработување во Прилеп и Битола. За време на посетата со раководителите на регионалните канцеларии и вработените во центрите дискутираа за текот на пријавувањето за јавните повици, како и за потенцијалите предизвици со кои се соочиле и ги надминале за време на поднесувањето на пријави. - Денес е последниот ден на аплицирањето за јавните повици од мерката за Претприемништво - Самовработување со грант и интересот е голем во целата држава и центрите за вработување беа преполни со заинтересирани граѓани. Сакам да им се заблагодарам на вработените кои овие две недели со нивната професионалност и посветеност на работата беа на ниво на задачата, успешно се справија со сите предизвици и излегоа во пресрет на сите граѓани – кажа заменик-министерот Ристески. Тој потенцираше дека интересот е многу висок за трите јавни повици и дека пред почетокот на последниот ден од аплицирањето на државно ниво надмината е бројката од 5.000 лица. - По историски големиот интерес минатата година, како и пристигнатите над 5.000 апликации досега, се потврдува исправноста на нашата одлука за зголемување на обемот на средствата од Оперативниот план за оваа мерка и проширување на опфатот за дополнителни 300 лица. Исклучително сум задоволем од бројот на апликации, кои само потврдуваат дека нашите граѓани сакаат да работат, сакаат да имаат сопствен бизнис и имаат одлични и иновативни идеи – додаде Ристески. Ристески го искажа своето задоволство и од големиот интерес за мерката во Пелагонискиот регион, каде во Прилеп до вчера пристигнале 311, а во Битола 180 апликации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00
МакедонијаДебата за „УСЈЕ“ без клучната тема? – активистите револтираниНема да зборуваме денес за граничните вредности кои треба да ги исполнува цементара усје со новата дозвола туку само за барањето кое го доставиле за издавањето на новата дозвола. За граничните вредности колку ќе смее да загадува Ујсе во следните 7 години ќе се дебатира кога министерството за животна средина ќе ја изготви драфт верзијата на дозволата. Ова беше најчестата реченица од претставниката од министерството за животна средина – организаторот на јавната дебата Гршанските иницијативи Стоп за усје, Здрава Котлина и О2 добија право да прашаат за загадувањето кое досега се правело и како се мерело но и да побараат строги критериуми да исполнува Усје како што тоа го прават нивните фарбики во Грција, Бугарија и Германија. Поранешната пратеничка од ДОМ Лилјана Поповска на крајот укажа дека е беспредметна оваа дискусија која за клучната работа за граничните вредности за загадувањето не се разговара Дел од грашанските здруженија побараа во новата дозвола да се одредат гранични вредности кои ќе бдиат дозволени да бидат на ниво пониско и од европската регулатива со огледа на локацијата на цементарата во главниот град како и да има право и тоа да го прави министерството во најкритичните периоди зимото да бара да се почитуваат овие пониски вредности. Исто така едно од клучлните барања кое го доставија е да има реален мониторинг на сите клучни параметри а не само на неколку како досега. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00