Ердоган со порака до Меркел:Бродот не ги завршил истражувањата - Канал 5

Ердоган со порака до Меркел:Бродот не ги завршил истражувањата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рече на германската канцеларка Ангела Меркел дека спорот во Медитеранот може да се реши со преговори, но и дека не ги завршиле истражувањата во областа, бидејќи бродот Оруч Реис штотуку отишол на одржувањe.

Ердоган со порака до Меркел:Бродот не ги завршил истражувањата

Меркел и Ердоган разговарале преку видео врска, објави турското претседателство.

„Несогласувањата на истокот на Медитеранот може да се решат преку преговори, под услов тие да бидат спроведени конструктивно врз основа на еднаквост“, соопшти турското претседателство, пренесе АФП.

Членките на НАТО и соседи, Грција и Турција, веќе со месеци се расправаат околу поморските граници и полињата со природен гас, и тврдат дека имаат право да го истражуваат и дупчат истиот дел на Медитеранот.

Тензиите се зголемија уште во јули, бидејќи Турција го испрати својот истражувачки брод во спорните води. После тоа, грчките сојузници од Европската унија ги испратија своите пловни објекти во областа, а Анкара и Атина спроведоа воени маневри со фрегати и борбени авиони.

Германија во моментов е претседател на Европската унија, а нејзината канцеларка Ангела Меркел се обидува да ги смири тензиите во спорот меѓу двете земји со историја на конфликти.

Ројтерс исто така известува дека Ердоган и рекол на Меркел дека турскиот брод Оруч Реис отишол само на одржување, што не значи дека неговата мисија на истокот на Медитеранот е завршена, изјави турскиот министер за надворешни работи.

Оруч Реис во неделата се вратил на водите во близина на јужната турска провинција Анталија на редовно одржување, според Турција, но Грција смета дека враќањето на бродот е прв позитивен чекор кон ублажување на тензиите меѓу двете земји што се расправаат околу природните ресурси на истокот на Средоземното Море.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за Си-Ен-Ен Турк рече дека одржувањето на Оруч Реис може да трае „неколку недели“.

„Штом ќе заврши одржувањето, ние одлучно ќе продолжиме со нашето работење“, рече Чавушоглу.

Тој пловен објект ги напушти спорните води за време на викендот, што Грција го смета за своја ексклузивна економска зона, а портпаролот на грчката влада го нарече „позитивен чекор“.

Денеска, Ердоган и рече на германската канцеларка дека позицијата на европските земји за источен Медитеран мора да биде конзистентна и додаде дека ќе продолжи да спроведува одлучна политика што ќе ги штити турските права.

Темата на грчко-турскиот спор ќе доминира на следниот самит на ЕУ на 24 и 25 септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари Кејн

Добитникот на „Златната топка“  капитенот на Англија, Хари Кејн, изненадувачки го нема во тимот на годината!

ФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари Кејн

Легендарниот Лео Меси повтормно е меѓу најдобрите 11-сетмина.

Добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, на изненадување на сите, не се најде во идеалниот тим на годината според ФИФПРО (FIFPRO).

Од друга страна, Лионел Меси по рекорден 18-ти пат е дел од најдобрите 11 во изборот на професионалните фудбалери.

Овогодинешниот добитник на „Златната топка“ (Ballon d'Or), капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, изненадувачки не се најде во идеалниот тим според изборот на ФИФПРО (FIFPRO).

Во гласањето учествуваа фудбалери од 73 земји, а Лионел Меси се најде меѓу најдобрите 11 по рекорден 18-ти пат.

Аргентинецот повторно е избран во најдобриот тим, откако во 2023 година не беше дел од него.

Во нападот, покрај него, се најдоа Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал.

Во идеалниот тим за сезоната 2025/26 се наоѓаат четворица шпански репрезентативци кои летово ја освоија светската шампионска титула: Родри, Пау Кубарси, Давид Раја и Ламин Јамал.

Неочекуван е и изборот на голманот.

Голманот на Арсенал која за време на Светското првенство му беше резерва на Унаи Симон е избран за прв голман во идеалниот тим, иако шпанската единивца, беше прогласена за најдобар голман на годината во изборот на списанието „Франс фудбал“.

FIFPRO Светски тим (World 11) за сезоната 2025/26.

ГОЛМАН: Давид Раја (Арсенал, Шпанија)

ОДБРАНА: Пау Кубарси (Барселона, Шпанија), Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен, Мароко), Нуно Мендеш (Пари Сен Жермен, Португалија)

СРЕДЕН РЕД: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Родри (Манчестер Сити/Барселона, Шпанија), Витиња (Пари Сен Жермен, Португалија)

НАПАД: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во вторник (03.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Игор Андреевски

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

200 гр. мелено месо

2 главици кромид

2 чешниња лук

400 мл. доматен сос

масло

сол, бибер и др. зачини

малку свежо нане или магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината.

Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги.

Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки.

Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година.

Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS).

Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината.

За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер