Ердоган:Самитот на ЕУ го гледаме како можност за ресетирање на односите со Унијата - Канал 5

Ердоган:Самитот на ЕУ го гледаме како можност за ресетирање на односите со Унијата

Турција и Кипар, кои се во расправија околу правото да истражуваат гас на истокот на Медитеранот, денеска лобираа за поддршка од ЕУ пред самитот на европските лидери на кој ќе се разговара за можното воведување санкции кон Анкара.

Ердоган:Самитот на ЕУ го гледаме како можност за ресетирање на односите со Унијата

Турција соопшти дека очекува конкретни чекори од самитот на Европската унија на 1 и 2 октомври за измена на договорите за мигранти и царинската унија од 2016 година, додека Кипар ја повика Унијата да покаже солидарност и да преземе мерки против Анкара.

Кипар не сака да даде согласност за воведување на европски санкции кон Белорусија затоа што сака Унијата да воведе построги мерки против Турција, која што, како што тврди, ги крши нивните права на море. Кипар во тоа ја има поддршката од Грција.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за ТВ-каналот на државната новинска агенција Анадолу изјави дека Турција очекува Европската унија да ја продолжи иницијативата на позитивниот моментум постигнат преку дипломатски напори за воспоставување дијалог со Грција.

Тој повика на ажурирање на договорот од 2016 година со Унијата, според кој Анкара го запре бранот мигранти кон Европа во замена за финансиска помош и безвизен режим.

„Тие работи не можат да бидат еднострани и го очекуваме тоа“, рече тој.

„Кипар очекува солидарност на дело од Европската унија и нејзините партнери“, рече кипарскиот министер за надворешни работи, Никос Христодулидес, по состанокот со шпанскиот колега Аранчо Гонзалез Леј во Никозија.

„Клучот е специјално да ги поддржуваме нашите заеднички вредности и интереси и да ги спроведуваме сопствените одлуки.

Високи европски дипломати изјавија дека Унијата најверојатно нема да ги прифати барањата на Кипар откако Анкара се согласи да ги продолжи подготвителните разговори за спорните прашања со Грција, кои беа прекинати во 2016 година. Тие разговори не дадоа резултати дури и по 14 години и 60 рунди преговори.

Турција минатиот месец испрати два истражувачки брода во спорните источно медитерански води, предизвикувајќи жестоки протести од Кипар и Грција. Анкара тврди дека спроведува истражување во рамките на нејзиниот континентален гребен.

И додека бродот во близина на Грција е вратен во Турција за да продолжат разговорите со Грција, бродот во близина на Кипар сè уште се наоѓа југоисточно од островот.

„За жал,не се испратени сигнали за деескалација до Кипар“, рече Христодулидес.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган испрати писмо пред самитот до европските лидери, освен до Грција и Кипар, во кое истакна дека Грција и Кипар предизвикале регионални тензии, додавајќи дека се надева дека Европската унија ќе биде непристрасна.

„Очекуваме Европската унија да остане објективна, да се однесува кон сите подеднакво и да поддржува дијалог и соработка“, рече Ердоган.

Неговиот портпарол во понеделникот рече дека Турција на претстојниот Европски самит гледа можност да ги ресетира односите со Унијата.

Спорот за гас на истокот на Средоземното Море ги доведе во преден план и другите спорни прашања во односите меѓу Унијата и Анкара, како што се миграцијата, улогата на Турција во Сирија и Либија и растечкиот авторитаризам на Ердоган.

"Мислам дека самитот на Европската унија е можност за ресетирање на односите меѓу Унијата и Турција. Тоа е важна можност. И јас гледам подготвеност на многу земји-членки", рече Ибрахим Калин во интервју за Ројтерс.

„Тие исто така мора да разберат дека не можат да очекуваат Турција да стори сé“, рече тој. „Треба да биде заеднички процес. Ако се очекува од Турција да направи X, Y, Z, земјите-членки исто така мора да ги исполнат своите обврски.“

Калин рече дека се одредува датум за продолжување на подготвителните разговори со Грција, додавајќи дека тие ќе продолжат таму каде што застанале и ќе се фокусираат не само на границите на континенталниот гребен и ексклузивната економска зона, туку и на островите и воздушниот простор.

Тој рече дека верува оти разговорите ќе имаат позитивни ефекти, додавајќи дека ќе се фокусира и на политичките консултации и преговорите меѓу армиите на двете земји.

„Во сите овие работи, веруваме дека наскоро ќе направиме многу добар напредок“, рече тој.

Промес екстрадиран во Холандија

Поранешниот холандски репрезентативец Квинси Промес е екстрадиран од Обединетите Арапски Емирати во Холандија, каде што ќе отслужи затворска казна за трговија со дрога и физички напад, соопшти денеска холандското Обвинителство.

Промес екстрадиран во Холандија

Холандски суд минатата година го осуди во отсуство поранешниот фудбалер на Ајакс и Спартак Москва на шест години затвор за директна вмешаност во транспорт на две пратки кокаин од Бразил преку пристаништето Антверпен во Белгија до Холандија во 2020 година.

Промес во 2023 година, исто така во отсуство, беше осуден и на 18 месеци затвор за напад во врска со тепачка во 2020 година во која избоде роднина во коленото.

Промес ги негираше сите обвиненија и поднесе жалба за двата случаи.

Триесетитригодишниот Промес, кој има 50 настапи за Холандија, беше уапсен во Дубаи во март лани на барање на холандското Јавно обвинителство додека беше во тренинг кампот на Спартак Москва.

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди северен Иран

Земјотрес со интензитет од 5,2 степена го погоди северен Иран.

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди северен Иран

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, на околу 37 километри југозападно од градот Семнан.

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе

Во денешните израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 43 луѓе, од кои 26 се убиени додека чекале хуманитарна помош во близина на коридорот Нецарим, соопшти палестинската Цивилна одбрана.

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе

Израел на почетокот на март ја блокираше хуманитарната помош за Појасот Газа, која беше делумно укината кон крајот на мај, што доведе до голем недостиг на храна, лекови и друго.

Хуманитарната фондација Газа, невладина организација поддржана од Вашингтон и Израел почна да дистрибуира помош кон крајот на мај, но нејзините испораки беа проследени со хаотични и смртоносни сцени. Агенциите на ОН, исто така, доставуваат помош.

Според Министерството за здравство на Хамас, од крајот на мај, 397 луѓе се убиени, а повеќе од 3.000 се повредени додека се обидувале да стигнат до местата за дистрибуција на помош во Појасот Газа.

притисни ентер