Ердоган предлага референдум за носење хиџаб - Канал 5

Ердоган предлага референдум за носење хиџаб

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложи да се организира референдум за измена на уставот за да се гарантира правото на носење хиџаб во јавните служби, училиштата и универзитетите.

Ердоган предлага референдум за носење хиџаб

„Ако сте храбри, дојдете, да го ставиме на референдум. Нека одлучи народот“, рече турскиот претседател, обраќајќи му се на лидерот на најголемата опозициска партија, Кемал Киличдароглу, кој предложи закон кој ќе го гарантира правото на носење хиџаб.

Дебатата за носење хиџаб се разгоре во Турција како што се приближуваат претседателските и парламентарните избори закажани за 2023 година.

Турција, земја со мнозинско муслиманско население, е уставно секуларна и носењето хиџаб долго време е забрането во јавните служби, училиштата и универзитетите, како и на места како што се парламентот и воените канцеларии. Во 2013 година, владата на Ердоган ги укина ограничувањата за носење хиџаб.

За разлика од 1990-тите кога оваа тема поттикна жестока дебата, денес ниту едно политичко движење во Турција не се противи на неговата забрана.

„Ние згрешивме во минатото во врска со носењето хиџаб. Сега е време да го оставиме тоа прашање настрана и повеќе да не го слушаме од устата на политичарите“, рече претседателот на главната опозициска Републиканска народна партија ( ЦХП), Кемал Киличдароглу, на почетокот на октомври.

Набљудувачите мислат дека Киличдароглу сака да им покаже на конзервативните гласачи, кои најмногу гласаат за АКП на Ердоган, дека не треба да се плашат од промена на власта.

На почетокот на октомври, Ердоган одговори на оваа иницијатива за привлекување конзервативни гласови со тоа што го повика својот политички противник да го промени уставот во оваа насока.

„Дали денес постои дискриминација во однос на носењето и неносењето хиџаб во јавните служби? Во училиштата? Не. Успеавме во тоа“, рече денеска Ердоган.

„Наскоро ќе го испратиме амандманот на уставот во парламентот.Но, ако не може да се реши во парламентот, ќе го прашаме народот“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мет Дејмон проговори за најголемата драма во својот живот: „Ме отпишаа“

По низата комерцијални неуспеси, Мет Дејмон откри дека телефонот престанал да му ѕвони, но улогата на Џејсон Борн го вратила меѓу големите ѕвезди.

Мет Дејмон проговори за најголемата драма во својот живот: „Ме отпишаа“

По глобалниот успех на филмот „Добриот Вил Хантинг“ (Good Will Hunting), Мет Дејмон брзо стана едно од најбараните имиња во Холивуд.

Сепак, неговиот статус на ѕвезда не остана цврст уште долго. Следуваше низа големи комерцијални неуспеси, што доведе до ситуација во која — како што подоцна и самиот призна — тој беше практично отпишан.

По „Добриот Вил Хантинг“, Дејмон продолжи да добива значајни улоги.

Тој се појави во „Создавачот на дожд“ (The Rainmaker) во режија на Френсис Форд Копола, во „Спасувањето на војникот Рајан“ (Saving Private Ryan) на Стивен Спилберг и во „Талентираниот господин Рипли“ (The Talented Mr. Ripley) на Ентони Мингела. Сепак, ситуацијата набрзо се промени.

Филмот „Раундерс“ (Rounders) не го постигна очекуваниот комерцијален успех, иако Дејмон и денес високо го цени.

Тој исто така соработуваше со Кевин Смит – еден од луѓето што силно го поддржаа неговиот подем по филмот „Добриот Вил Хантинг“ (Good Will Hunting) – на филмот „Догма“ (Dogma).

Потоа уследија три големи неуспеси. Дејмон го позајми гласот на главниот лик во високобуџетниот анимиран филм „Титан А.Е.“ (Titan A.E.), кој доживеа огромен финансиски неуспех; настанатите загуби придонесоа за затворање на студиото.

Потоа следеа филмовите „Легендата за Багер Венс“ (The Legend of Bagger Vance) на Роберт Редфорд и „Сите убави коњи“ (All the Pretty Horses) на Били Боб Торнтон.

„Легендата за Багер Венс“ не успеа да ја врати ниту половината од својот буџет од 80 милиони долари, додека „Сите убави коњи“ се соочи со сериозни проблеми откако Харви Вајнстин ја презеде контролата врз процесот на монтажа.

Трите неуспеси се случија во рок од само неколку месеци, а Дејмон беше едно од главните лица на нивните промотивни кампањи. Токму тогаш почна да чувствува колку брзо може да се изгуби статусот на ѕвезда во Холивуд.

„Имав два филма што доживеаја неуспех, а се чинеше дека и *Идентитетот на Борн* ќе биде катастрофа. Телефонот престана да ѕвони целосно. Навистина можеше да се почувствува тоа. Според сите проценки, во Холивуд веќе ме беа отпишале“, се присети Дејмон, како што пренесува CDM.me. Потоа, конечно, дојде улогата што сè промени.

*Идентитетот на Борн* стана огромен хит, а Дејмон се врати меѓу водечките холивудски ѕвезди. Подоцна, Стивен Содерберг го ангажираше за филмот *Играта на Оушн*, а нивната соработка продолжи и на идни проекти.

Сепак, ликот на Џејсон Борн беше тој што ја пресврте неговата кариера и покажа колку брзо може да се промени една холивудска приказна – од ѕвезда на која престанале да ѝ ѕвонат телефоните до актер што повторно добива големи улоги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лекар најави штрајк со глад – тврди дека е дискриминиран за вработување поради возраста

45-годишен лекар и приватен специјализант од Скопје Дарко Василевски се закани со штрајк со глад, откако на социјалните мрежи јавно обвини дека во нетранспарентна постапка по трет пат бил одбиен на оглас за вработување на Медицинскиот факултет.

Лекар најави штрајк со глад – тврди дека е дискриминиран за вработување поради возраста

45-годишен лекар и приватен специјализант од Скопје Дарко Василевски се закани со штрајк со глад, откако на социјалните мрежи јавно обвини дека во нетранспарентна постапка по трет пат бил одбиен на оглас за вработување на Медицинскиот факултет во Скопје. Василевски тврди дека не добил никакво образложение зошто е одбиен, односно дека одлуката не ги содржела критериумите согласно кои е направен изборот. За овој случај, Василсевски пред неколку дена испратил писмо и до министерстото за здравство, но и до министерството за образование и наука.

– Не сум започнал се уште, затоа што очекував дека покрај тоа што институциите се повикани ќе дадат некаков одговор, меѓутоа поради нивниот молк веќе една недела откако го објавив мојот првичен статус нема никаков одговор, па штрајкот веројатно ќе започне до крајот на оваа недела. На првите два конкурси добивме по пошта известување дека врз основ на мојата пријава за работното место избрани се кандидатите тие и тие и дека со нив ќе се склучи договор за неопределено време. Меѓутоа, во самата одлука не стојат критериуми по кои се избрани кандидатите, нема ранг листи, нема правна поука,- изјави Дарко Василевски, приватен специјализант и општ доктор.

Покрај тоа што тврди дека постапката за вработување по јавниот оглас се водела нетранспаретно, Василевски обвинува дека бил дискриминиран и во однос на возраста.

– По кој основ е дискриминацијата не би можел да ви каќам , тоа веројатно треба да го одговорат оние коишто го искоментирале, меѓутоа, На сите три интервјуа, мојата возраст била предмет на коментирање, во смисла дека сум стар, дека не можам понатаму академски да напредувам и така натаму,- изјави Дарко Василевски, приватен специјализант и општ доктор.

Од друга страна пак, министерката Весна Јаневска во телефонска изјава за Канал 5 вели дека не е запозната со случајот, но дека секој сомнеж за дискриминација треба да се пријави и истиот ќе биде разгледан.

– Не сум лично запознаена со случајот, но без оглед на тоа, доколку било кое лице се чувствува онеправдено или како што вие рековте дискриминирано, треба да достави претставка до државниот пазарен инспекторат или до Министерството по што ние би постапиле. Ние постапуваме по секоја претставка и ќе постапиме и по оваа претставка, при што државниот пазарен инспекторат ќе ги утврди фактите кои се случувале во процедурата,- изјави - Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Василевски вели дека претставка до институциите не може да поднесе, бидејќи како што тврди, последниот одговор дека е одбиен го добил преку електронска пошта, што пак вели дека не е официјален документ врз основа на кој тој би можел да испрати претставка.

Канал 5 го контактираше и министерот за здравство Сашо Клековски, кој до објавување на овој прилог не одговори на нашите повици и пораки. Василевски објаснува и дека не бара привилегии туку еднаква можност, фер постапка и вреднување на трудот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен хороскоп за 21.-28. септември 2026 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 21. до 28. септември 2026 година. 

Неделен хороскоп за 21.-28. септември 2026 година

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Некои ваши љубовни очекувања ќе бидат исполнети и покрај понекоја пречка или фрустрација. Сепак , понатаму треба да бидете внимателни и на мирен начин да го одржувате она што до сега сте го оствариле. Другата страна ќе го препознае и цени вашиот труд .

Кариера

Понекогаш ќе ви се чини како премногу да ве истакнуваат и да го фалат вашиот труд .Скромноста и еден вид срамнежливост , која ја ширите околу себе, ќе биде пример за другите. Ќе работите вредно и без многу прашања.

Здравје и совет

Добро е да се биде искрен.Маските паѓаат.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веројатно ќе се чувствувате осамено , освен ако осаменоста не епо ваша желба. Оние во врска ќе поминуваат низ еден интересен период , низ кој ќе треба доста тртезвеност за да се помине.

Кариера

Не претерувајте со вашите идеи , зашто и покрај тоа што некои врати малку ви се отворија , се уште не е време да се експонирате. Работете во тишина и според правилата на игра. Трпеливо дочекајте ги вашите пет минути. Ќе дојдат . Ако ви е тешко , побарајте ведри луѓе.

Здравје и совет

Не правете ништо со сила.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Преодниот несклад во личните односи и уште повеќе во вашите љубовни очекувања , ќе направат да се чувствувате фрустрирано или осамено. Би било добро да ја прифатите состојбата каква што е и без поголеми амбиции да очекувате подобри денови. Ќе дојдат.

Кариера

Најдете во себе сила за да поставите подобри криутериуми во работењето и да ја завршите работата што мора да биде завршена. Сега не си ги поставувајте барањата премногу високо , зашто сте во фаза кога се соочувате со бројни предизвици , а енергијата ви е на минимум. Планирајте во мислите.

Здравје и совет

Редовно опуштајте се и обидете се добро да се наспиете.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

вашата потреба за друѓтво и натаму ќе биде изразена , па многу често ќе излегувате. Ќе бидат тоа неформални дружби со блиски луѓе до вас и со пријатели. Нема да имате големи очекувања , но токму таа опуштеност би можелад а ви донесе нова љубов.

Кариера

Ги решивте последните поголеми недоумици и сега храбро одите напред. Малку по малку , почнувате да градите нови услови за работење или нови проекти. Во себе ја носите онаа свертлост што ќе разбуди многумина околу вас. Само треба да ви веруваат , па затоа отворете се.

Здравје и совет

Не се сомневајте во сопствените способности.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашата енергичност и активност во љубовниот живот понекогаш ќе се граничи со лудост. Не се исклучени ниту мали љубомори , но и такви со поголем интензитет. Но како дошло , така и ќе помине. Потребна ви е малку поголема самоконтрола за да бидете посреќни.

Кариера

Ќе дејствувате на различни фронтови , но нема да има ништо толку силно за да ви го задржи целото внимание. Ќе функционирате добро со внимателно организирани паузи. Ќе ви бидат потребни зашто имате помалку енергија од вообичаеното.

Здравје и совет

Ќе размислувате за смислата на животот.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Деновиве многумина од вас ќе претеруваат во страста или пак во друга крајност , во студенило. Или секо момент ќе сакате да бидете со саканата личност или ќе барате целосна самотија.Сетете се на правилата на златна средина и обидете се да најдете рамнотежа.

Кариера

Можно е овие денови да воспоставите или да обновите деловни контакти со луѓе кои работат на друг континент. Тоа секако ќе ви донесе поволни резултати и ќе ви ги рашири хоризонтите. Колку и да изгледа далеку , ќе биде добро.

Здравје и совет

Бидете посмирени во однесувањето.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Овие денови ќе имате променливо расположение што се однесува до љубовниот живот. Некои врати ќе се отвораат , но некои и ќе се затвораат. Дури и истовремено.Затоа, бидете максимално отворени и следете ја секоја можност. Треба да научите штос е крие зад можностите.

Кариера

На работа главно ќе ви оди добро. Уште повеќе ќе ги засилите контактите и ќе ја подобрите соработката со младите колеги. Некои ќе отворат врата за нови колеги или самите ќе бидат повикани на некое ново место на работа. Предизвиците ќе бидат секојдневни.

Здравје и совет

Ќе имате доволно сила и издржливост.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Повремено ќе почувствувате понекоја лична фрустрација или пречка за љубов. Издржете , најмногу зашто со трпеливост ќе увидите колку всушност имате сила и колку може да сакате. На тој начин се ќе се стопи самото од себе, а ќе останат само добрите работи.

Кариера

Изгледа како да се разведрува , но никакот тоа да го дочекате. Веќе станувате нетрпеливи за да докажете што знаете и за што сте способни. Уште опваа недела ќе треба за нешто да се подготвите или да довршите некоја заостаната работа.Затоа , работете го тоа полека и сигурно.

Здравје и совет

Игнорирајте ги критичарите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Добра атмосфера , вашата отвореност и подготвеноста да изразите она што чувствувате , како и наклонетоста на другата страна , ќе ви ги направат овие денови многу пријатни. Оние кои уште се во потрага по сродна душа, лесно ќе се приближуваат кон секоја личност од спротивниот пол. Ќе биде интересно.

Кариера

Својот деловен интерес полека ќе го префрлувате на проширување на сопствените знаења и стручната способност. Некои ќе одат на доедукација. Сега ќе се исполнат некои законски услови за да може да направите нешто во таа насока. Некои поради тоа ќе отпатуваат.

Здравје и совет

Прво согледајте со што располагате, па потоа делувајте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ако до сега имаше празнина во љубовта, овие денови ќе дочекате подобри шанси. Токму така вашиот приватен живот полека ќе почне да се подобрува , а потоа и насмевка ќе се врати на вашето лице. Немојте ништо да форсирате и се ќе биде добро.

Кариера

Новата енергија што интензивно ја чувствувате , ќе ве поттикне и на нови деловни потфати. Ќе бидете вешти , конструктивни , отворени , жедни за предизвици. Лесно ќе се поврзувате со другите , а особено со лицата со кои сте заедно во работниот простор.

Здравје и совет

Уживајте во животот.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Можеби понекогаш ќе ви се чинидека љубовта е далеку од вас. Сепак , таа е поблиску отколку што мислите , само што моментално не се покажува. Бидете мирни , трпеливи и упорни. Ако сте во врска , не форсирајте со изразување на емоции по секоја цена.

Кариера

Многумина ќе играат на сигурно , зашто неодамнешните искуства и искушенија ги упатија кон тоа. Сепак , може малку и да рискирате. Не е се толку тешко како што вие го гледате. Повторно ќе се појави поддршка од други , на кои воопшто не сте се надевале.

Здравје и совет

Не се заморувајте со ситници.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вие полека доаѓате во убав период. Ова време е добро за засилување бнадовербата во врските , но и за поотворени разговори. На некои , сепак , повеќе ќе им одговара самотија исполнета со филозофирање.Повеќето ќе се чувствуваат добор.

Кариера

Ќе бидете помалку заморени од работата. Некои колеги , згора наас е и ќе ве задеваат. Не реагирајте. Она што мора да го сработите , направете го професионално. Така на сите ќе им ги затворите устите. Шанса за напредување не е неможна , но засега не ви изгледа атрактивно.

Здравје и совет

Размислувајте долгорочно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер