Макрон ја истакнал важноста да продолжи прекинот на огнот во североисточна Сирија преку телефонски разговор со Путин, но Ердоган тврди дека тој не добил ваков предлог.
„Макрон се состанува со терористи и тој го избра овој метод за да ни пренесе терористички предлог“, изјави Ердоган.
Тој исто така предупреди дека офанзивата ќе продолжи со уште поголема решителност ако курдските сили не се повлечат до 10 часот по локално време (07:00 по Гринич).
„Прекинот на огнот завршува вечерва во 22 часот. Ако ветувањата не се исполнети , операцијата ќе продолжи со уште поголема решителност“, предупреди Ердоган пред посетата на Русија на клучната средба со Путин.
Ердоган потврди дека досега помеѓу 700 и 800 курдски борци се повлекле од „безбедносната зона“, а Турција сака да се воспостави долж границата со Сирија, со цел да се раздели од областа, според Анкара, што ја држат терористите. Според него, околу 1300 курдски борци, припадници на националната милиција на ППГ, допрва треба да ја напуштат областа.
„Ние внимателно го следиме ова. Процесот нема да заврши без целосно повлекување на курдските сили“, рече тој.
Таканаречената „безбедносна зона“, која ќе се протега на 120 километри, од Рас ал-Аин до Тал Абјад, ќе се зголеми на 444 километри, од Јараблус до ирачката граница, рече Ердоган.
Тој најави дека ќе разговара со Путин за судбината на градовите во североисточна Сирија на кои неодамна им се придружија и сириските владини сили.
„Ова детално ќе го разговараме со Путин“, изјави Ердоган.