До оштетувањето дошло откако изминатите два дена избиле пожари во близина на селата Слепче и Тројкрсти, кај Прилеп, па сега ќе мора да се санира штетата.
Никола Марков, од Македонски железници-Инфраструктура верува дека проблемот ќе биде решен до предвидениот рок и нема да има негово пролонгирање.
„Бидејќи се работи на долга релација, нашите работници работат интензивно и сообраќајот ќе биде во прекин до петок. Може да се случи да биде и продолжен, се зависи од временските прилики и ситуацијата на лице место. Ние имаме резервни прагови, кои се за други намени, но поради овој вонреден случај, ќе бидат веднаш пренаменети“,изјави, Никола Марков, пом. директор на МЖ-Инфраструктура.
Дека пругата ќе биде оспособена за сообраќај веруваат и од Синдикатот на машиновозачи, затоа што како што велат, трпат штета сите учесници во овој сообраќај.
„Трпат и патниците, а трпи и нашето друштво МЖ Транспорт. Бидејќи, ние од превозот што го вршиме, земаме финансиски средства за плати, за трошоци околу фирмата.- Претседател на синдикат на машиновозачи, Тони Димковски.
Проблемот со изгорените прагови од пругите е само уште еден во низата кои го следат железничкиот сообраќај во Македонија веќе подолг период.
Последно, до почетокот на овој месец, машиновозачите од Македонски-железници Транспорт ја бојкотираа работата поради неисплатени плати. Потоа дојде до позитивен договор со претрпијатието и повлекување на суспензијата за 12 машиновозачи.