Изјавата на Ердоган доаѓа во време кога тензиите меѓу двете земји се на врвот среде истражувањето на полиња со гас во водите за кои тврдат дека се на нивна територија и Турција и Грција.
Спорот денеска влезе во нова фаза кога Министерството за надворешни работи во Анкара го повика грчкиот амбасадор во Турција, откако грчкиот весник „Демократија“ објави наслов за Ердоган на турски јазик и му напиша „губи се“.
"Грчкиот весник излезе денес со грд наслов кој се однесува на претседателот Ердоган. Го поканивме грчкиот амбасадор", изјави пред новинарите турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Ердоган претходно денеска рече дека „нема проблем да се состане со грчкиот премиер Мицотакис“.
„Но, важно е да знаеме за што ќе разговараме и во колкава мера“, додаде тој, условувајќи го таквиот состанок со покажување на „добра волја“ од Атина.
Турскиот претседател исто така рече дека враќањето на Оруч Реис во неделата, истражувачки брод испратен од Анкара кон источен Медитеран, кој ги разгоре тензиите со Грција, „ќе и даде шанса на дипломатијата“.
Очигледно повикувајќи се на неодамнешната посета на грчкиот претседател на островот Кастелориз во близина на турската граница, Ердоган ја повика Атина да не „покажува сила“. „Во спротивно можеме да покажеме уште повеќе.
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, кој е во посета на Прага, рече дека неговата земја е подготвена за дијалог со Турција доколку таа „престане да провоцира во регионот“.
Тензиите меѓу Турција и Грција ескалираа кон крајот на август кога двете земји организираа ривалски воени вежби.
Кризата е на агендата на Европскиот самит на 24 и 25 септември во Брисел.
Дендиас денеска ја повика ЕУ да состави список со санкции „што би можеле да и бидат наметнати на Турција ако не ги запре своите незаконски активности“.