Ердоган: Да се разгледа дводржавно решение на Кипар

Ердоган рекол дека кипарските Турци се единствени жртви на кипарското прашање, дека со години се игнорирани а нивните права загрозени.

Дводржавно решение мора да биде разгледано на Кипар врз база на суверена еднаквост, рекол претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, јавува „Анадолија“.

-Постојат два различни народа и две одвоени држави на Кипар. За дводржавното решение треба да се разговара врз база на суверена еднаквост, рекол Ердоган на церемонијата по повод 37 години од постоењето на Турската Република Северен Кипар.

Ердоган рекол дека кипарските Турци се единствени жртви на кипарското прашање, дека со години се игнорирани а нивните права загрозени.

Тој навел дека приоритет на Анкара е да постигне одржливо решение на Кипар и да ги обезбеди легитимните права и безбедноста на кипарските Турци.

За неодамнешното повторно отворање на напуштениот град Марас, во Северен Кипар, ердоган рекол дека целта на овој чекор била да се отстранат постоечките обвинување а не да се созддадат нови.

Воедно, Ердоган рекол дека ниту едно решение во источниот Медитеран во кое Турција и Турската Република Северен Кипар не учествуваат, не може да донесе мир.

Тој порачал и дека решително ќе продолжат сеизмичките истражувања во Источниот Медитеран додека не биде постигнат праведен договор.

Сончево и релативно топло

 Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Локална појава на попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува кон средината на следната седмица.

Дневен хороскоп за 28. април 2024 година

Дневен хороскоп за недела, 28. април 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе направите куса пауза од љубовните очекувања и тоа ќе биде добро. Но , ниту самите нема денеска да најдете душевен мир.

Кариера

Попладне ќе добиете информација дека еден извор на пари е прекинат или дека е откажана работата што би ги донела. Немојте да тагувате.

Здравје

Поработете на методите за релаксација.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Додека вие сакате со цела сила , расте нетрпението кај вас.Ќе мора малку подобро да се контролирате и се ќе биде добро.

Кариера

Почнуваат нови притисоци на работното место и вие ќе мора со тоа да се соочите. Нема веќе одложување на роковите.

Здравје

Најдете пет минути за пауза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Веќе не се плашите од своите тајни или криење на чувствата. Добивате нов полет и на конструктивен начин им приоѓате на односите.

Кариера

Почнуваат да се редат некои коцки во ваша корист и тоа ве радува. Работите со повеќе волја и сте повеќе продуктивни.

Здравје

Во секој случај, следува подобрување.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно доста ќе се движите меѓу луѓе и така ќе доаѓате до нови контакти. Можно е убаво патување или излет.

Кариера

Нема многу да се грижите за утре. Вашите деловни амбиции се веќе сосема јасни , а вие вредно работите за да ги остварите.

Здравје

Излезете на свеж воздух.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Може да очекувате уште еден ден во кој ќе има контакти и можности за дружење. Ќе ви биде пријатно и убаво.

Кариера

Ново или старо , тоа ќе биде дилемата што полека ќе ја решавате во вашата глава пред понеделник . Како и да е , не ви е лошо.

Здравје

Забавувајте се.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Малите игрички со кои сакате да потврдите што е , а што не е важно во приватниот живот , ќе ви биде главна преокупација.

Кариера

Не сонувате за нешто нереално , но очекувате повеќе да бидете фокусирани на своите соништа . Имате право на нив.

Здравје

Мала кашлица.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе и одолеете на секоја провокација и ќе најдете мир во приватните односи. Ќе почувствувате олеснување и намалување на напнатоста.

Кариера

Оние кои се занимаваат со истражувачки професии , денеска би можеле да го добијат успехот што долго го посакуваат.

Здравје

Конечно имате позитивен став.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ако се обидете по секоја цена да го зацврстите својот однос , денеска нема да успеете. Препуштете и се на сегашноста и уживајте во неа.

Кариера

При смислувањето нова работна стратегија , ви паѓа на памет идеја дека не сте доволно платени .

Здравје

Немојте да бидете алчни .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе посакате чувствата да ги изразите или да ги доверите на некој кој е вмешан во вашата љубовна приказна. Во тоа ќе бидете упорни.

Кариера

Денеска ќе ви изгледа како она што го работите да не е доволно стабилно или една ситница ќе ве натера да мислите дека ништо не е сигурно.

Здравје

Посетете стоматолог.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Додека вие го расположувате , партнерот се лути. Ќе мора да го утешите со својата смисла за хумор и со топлина.

Кариера

Важно е да гледате каде одите.Вашиот пат секогаш е долг и далечен. така ви се чини и до утрешниот работен ден.

Здравје

Разведрете ги другите со хумор.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашето љубовно небо е отворено за поквалитетни интимни односи. Ќе ви признаат дека сепак ве сакаат. Тоа е добро.

Кариера

Некои ваши непријатели конечно ќе ве остават на мир. Ќе работите поорганизирано , ќе ви биде попријатно , а нема да изостанат ниту резултатите.

Здравје

Зголемена енергија.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Тешко ќе наоѓате рамнотежа во приватните односи. Повлечете се , смирете се и бидете трпеливи и реални.

Кариера

Вашите деловни желби ќе бидат едно , а реалните можности нешто друго. Сепак ако почнете да го работите она што најдобро го знаете , резултатите ќе ве расположат.

Здравје

Емотивни фрустрации.

Видео: Кристијано и Георгина уживаат на плажа

Еден од најдобрите фудбалери во последните две децении Кристијано Роналдо и неговата вереница Георгина Родригез ги воодушевија своите следбеници на социјалните мрежи со видео.

Кристијано и атрактивната Георгина уживаат во одморот, а поубавата половина на Роналдо ја искористи приликата да објави жешка снимка од плажа во која ги покажува своите бујни облини.

- Во рајот со тебе - напишала Георгина во описот на видеото.

Со Георгина и наследниците, Кристијано Роналдо се бања и одмара, а кога ќе дојде времето за вечера со неговата поубава половина, наздравува и пишува на социјалните мрежи:

- Среќа!

притисни ентер