ЕП: Слободата на медиумите е 'рбетот на демократијата - Канал 5

ЕП: Слободата на медиумите е 'рбетот на демократијата

Слободните медиуми се најдобриот штит за демократијата и новинарите мора да бидат слободни да известуваат без страв од цензура, заплашување или одмазда, порача претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола .

ЕП: Слободата на медиумите е

Слободните медиуми се најдобриот штит за демократијата и новинарите мора да бидат слободни да известуваат без страв од цензура, заплашување или одмазда, порача претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај.

- Европскиот парламент секогаш ќе ги брани и ќе се залага за слободата на медиумите и новинарите - не само на Светскиот ден на слободата на медиумите, туку секој ден, нагласи Мецола.

Според потпретседател на Европскиот парламент и претседател на Работната група за спроведување на Европскиот закон за слобода на медиумите (ЕМФА), Сабине Верхајен, слободното, независно и плурално новинарство е од суштинско значење за секое демократско општество.

- На Светскиот ден на слободата на медиумите, ја потврдуваме нашата посветеност на еден од основните столбови на демократијата: слободата на медиумите. Сепак, таа останува под закана, дури и во некои земји членки на ЕУ, а без неа, демократијата не може да функционира, рече Верхајен.

Таа потенцира дека Европскиот закон за слобода на медиумите (ЕМФА), донесен во април 2024 година, е од витално значење за справување со современите предизвици со кои се соочуваат медиумските работници и испраќа силна порака за потребата од заштита на медиумите и новинарската независност низ цела Европа.

- Медиумите се повеќе од само индустрија - тие го обликуваат политичкиот дискурс, го поттикнуваат културниот развој, ја поттикнуваат општествената инклузивност и ги штитат основните права, истакна Верхајен.

На овој Светски ден на слободата на медиумите, според неа, загрижувачките глобални трендови не потсетуваат дека рамнодушноста не е опција.

- Дури и во Европа, мора да останеме будни во почитувањето на нашите демократски вредности. Слободата на медиумите е 'рбетот на демократијата - нејзината одбрана значи заштита на нашите слободи и вредностите што ги цениме, додаде Верхајен.

Претседателка на Комитетот за култура и образование на ЕП, Нела Рил порача дека независниот медиумски сектор е суштински столб на демократија.

- Слободните медиуми ни се потребни за да ја следиме одговорноста на носителите на одлуки, да ги унапредуваме општествените промени и да ги информираме граѓаните, додаде Рил.

Таа изрази загриженост поради драстичното зголемување на изложеноста на младите луѓе на вести од непроверени извори на социјалните медиуми и во такви услови квалитетното новинарство е принудено да се натпреварува со алгоритмите на платформите на социјалните медиуми.

За да се минимизира ширењето на штетни дезинформации, според неа, покрај регулацијата на дигиталните платформи, треба да се подобри медиумската писменост и да се обезбеди дека луѓето имаат пристап до точни информации.

Во заедничка изјава по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, претседателите на комитетите на ЕП за граѓански слободи, внатрешни работи и правда (ЛИБЕ), Хавиер Зарзалехос, за човекови права (ДРОИ), Мунир Сатури и за Европскиот демократски штит (ЕУДС), Натали Лоазо ја потврдуваат непоколеблива посветеност за заштита и промоција на слободата на медиумите, плурализмот и безбедноста на новинарите ширум светот.

- Во контекст на алармантниот пораст на нападите и заканите врз новинарите, нашите комитети силно ги осудуваат сите обиди за поткопување на слободата на медиумите преку физичко насилство, произволно притворање, онлајн вознемирување, акти на заплашување или убиства. Слободата на медиумите, загарантирана во член 11 од Повелбата за основните права на ЕУ и член 10 од Европската конвенција за човекови права, е неотуѓиво право и камен темелник на европскиот проект, се вели во изјавата.

Тие посочуваат дека ЕУ мора да се спротивстави на неказнивоста и да ја осуди злоупотребата на законите за клевета и на технологиите за надзор и порастот на употребата на тенденциозни тужби за замолчување на новинарите.

- Ваквите прекршувања мора да бидат истражени, а сторителите гонети од страна на надлежните национални и меѓународни судски органи, вклучително и Меѓународниот кривичен суд. Никогаш не смееме да ги затвораме очите пред злосторствата извршени против новинарите, посочуваат тројцата европратеници.

Според нив, особено се важни заштитата на новинарките, кои во нивната секојдневна работа честопати се соочуваат со родово базирано насилство, како и спротивставувањето на егзистенцијални закани по независноста на медиумите, кои ја загрозуваат самата структура на основните права.

- Во овој контекст, нашите комитети ја потврдуваат својата силна верба во суштинската улога што ја играат новинарите како чувари на демократијата, спротивставувајќи се на ерозијата на демократските норми и фундаменталните слободи. Иста така, ја нагласуваме и потребата од заштита на медиумскиот плурализам и уредничката независност, кои се неопходни за здрав демократски дискурс. Силните демократии не можат да постојат без силен и независен печат. Комитетите ЛИБЕ, ДРОИ и ЕУДС се непоколебливи во својата посветеност да ја бранат слободата на медиумите, каде и да е под закана. Не само денес, туку секој ден, се додава во пораката./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Терористички напад пред израелската амбасада во Белград

Терористички напад се случи пред израелската амбасада во Белград.Малолетник, за кој се сомнева дека е од Шабац, ја нападнал полицијата со два ножа пренесува Радио Телевизија Србија .

Терористички напад пред израелската амбасада во Белград

Според српските власти, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“.Припадникот на полицијата го усмртил напаѓачот во самоодбрана.

Полицаецот бил полесно повреден во инцидентот.министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ соопшти дека безбедносните служби го следеле осомничениот.

Според првичните информации, тој бил поврзуван со Исламската држава.По нападот, Србија го подигна нивото на терористичка закана на црвено ниво.Засилено е полициското присуство на клучни локации и инфраструктурни објекти.Дополнителни безбедносни контроли се спроведуваат и на места со поголема концентрација на граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе биде силен (над 60 km/h). 

Променливо облачно со сончеви периоди

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок и во деновите од викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 28. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 28. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 28. октомври 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Одеднаш ќе се појават низа шанси за контакти или комуникации . Ќе бидете малку изненадени , но одговарајте на повиците.

Кариера

Дел од луѓето од вашата околина се подготвени да ви дадат поддршка , но другите се уште очекуваат вие да се изборите за тоа.

Здравје и совет

Надевајте се на подобро.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се обидувате да го наговорите вашиот партнер дека е најдобро вашата врска да ја озаконите или во друга ситуација , да се поврзете со заеднички живот во нов дом.

Кариера

На дневен ред доаѓаат нови планови кои допрва треба да се осмислат. Еден од критериумите секако се парите.

Здравје и совет

Движете се повеќе , јадете помалку.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и другата страна, денеска ќе се однесувате доста нестабилно.

Кариера

Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние редовни напори на кои сте навикнати ќе предизвикаат понекоја воздишка.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Мало недоразбирање во комуникациите нема значајно да ги анрушат вашите лични односи. Она што можеби е нејасно , набргу ќе се разјасни.

Кариера

Многу ќе ви значи диоколку ве забележуваат и тоа отворено ви го кажуваат. Денеска ќе биде токму така.

Здравје и совет

Можна е главоболка.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Со мали чекори може да се помине исто долг пат како со мали. Затоа својот однос градете го полека и трпеливо.

Кариера

Нема да бидете сигурни како да извршите една работа , но немате кого да прашате. Покрај тоа, ќе има и многу задачи. Ќе морате самни да се снајдете.

Здравје и совет

Внимавате на вашата исхрана и затоа веќе сте подобро.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе насоберат доволно тага во душата и ќе посакаат да избегаат од се , но од својата кожа нема бегање.

Кариера

Вработените во услужните дејности денеска една фаза од својата работа ќе ја доведат до крај. кај другите сето друго ќе биде вообичаено.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно вашата навика да бидете привлечнио и шанси за излегувања ќе се намалат , а саканата личност денеска ќе биде чувствителна.

Кариера

Никој нема да везаштити од критиките на другите .Единствено може да извлечете со чесна работа.

Здравје и совет

Размислете за својата дисциплина.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашата најдрага личност денеска би можела да ве изненади со еден предлог , кој е на граница на добриот вкус.

Кариера

Ќе мора малку да се позанимавате со вашите тајни непријатели , кои се активираат на незгоден начин.

Здравје и совет

Победувате со издржливост.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволства и со низа убави шанси.

Кариера

Љубезност и внимателност денеска ќе покажете како никој друг на работното место. Колегите ќе знаат тоа да го ценат.

Здравје и совет

Мали дигестивни проблеми.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , кој на вас ќе делува како мал пок.

Кариера

Ќе дојде до деловна кореспонденција што ќе ве измори. Се бара многу специфичен начин на изразување.

Здравје и совет

Прво размислете , па потоа зборувајте.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Влегувате во подобар љубовен период. Тоа ќе го забележите според подобрениот однос со партнерот или општо со лицата од спротивниот пол.

Кариера

Во работата во која соработувате со други ќе се појави ненадејна вест или шанса поврзана со смислата за убаво.

Здравје и совет

Чувајте си го грлото.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе заклучите дека е подобро да бидете отворени кон другата страна и да ги поднесувате кризните состојби кои понекогаш ги покажува.

Кариера

Се развиваат декловни можности со луѓе , со партнери. Можеби не ви е според желбите , но треба да покажете кооперативност.

Здравје и совет

Толерирајте ги недостатоците на другите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер