Никола Мемов – директор на ФПИОСМ: „На пензионерите треба да им се даде можност за вработување доколку сакаат и се работноспособни“
1Никола Мемов – директор на ФПИОСМ: „На пензионерите треба да им се даде можност за вработување доколку сакаат и се работноспособни“
Други спортовиЕП: Двојна победа на македонските шаховски репрезентацииТретото коло на Европското екипно првенство во шах беше успешно за македонските репрезентации, откако шахистите синоќа ја совладаа селекцијата на Фарските Острови, додека шахистките беа поуспешни од домаќинот Црна Гора.По стартните порази од Чешка (0.5 – 3.5) и Грузија (1-3), македонската машка репрезентација триумфираше над Фарските острови со 2.5 – 1.5 и ја забележа првата победа на ЕП во Будва. Женската репрезентација, пак, ја извојува и втората победа во серија совладувајќи ја Црна Гора со 2.5-1.5, откако во претходното коло беше поуспешна од Шведска (2.5-1.5) по воведниот пораз од Словачка (0.5 – 3.5). Македонските шахисти се на 31. место пред денешниот дуел против Црна Гора во четвртото коло, додека шахистките се искачија на 13 место, а следен противник ќе им биде репрезентацијата на Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНикола Мемов – директор на ФПИОСМ: „На пензионерите треба да им се даде можност за вработување доколку сакаат и се работноспособни“Целта на настанот, како што беше речено е актуелизирање на состојбата со работната сила во областа на приватното обезбедување и изнаоѓање на решение за нејзино подобрување.Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов учествуваше на Тркалезната маса – работна сесија - „Недостигот на работна сила: Од предизвик до можност преку активно стареење и искористување на позитивни искуства“ во организација на Комората на Македонија за приватно обезбедување. Целта на настанот, како што беше речено е актуелизирање на состојбата со работната сила во областа на приватното обезбедување и изнаоѓање на решение за нејзино подобрување. Во своето излагање директорот Мемов нагласи дека Фондот на ПИОМ е институција која не креира политики во областа, но дава предлози како состојбите да се подобрат врз основа на искуството од работата. „Сметам дека пензионерите кои сакаат и се во добра здравствена состојба, треба да имаат можност за работа. Актуелната состојба на пазарот на трудот покажува дека има потреба од нив. Во областа на приватното обезбедување тие навистина може да дадат придонес, бидејќи поседуваат големо искуство и ги имаат бараните вештини“, рече Мемов и додаде дека вработувањаето на пензионерите треба да се однесува само за вработувањата во приватниот сектор. Тој појасни дека со законското овозможување на ангажирањето на пензионери ќе има троен бенефит. „Со вработувањето на пензионерите работодавачите ќе имаат лица со кои ќе ги пополнат работните места и за кои ќе плаќаат придонеси. Со тоа корист ќе има државата, бидејќи ќе прибира средства за пензиско, здравствено осигурување и други давачки, а корист ќе имаат и самите пензионери, бидејќи ќе имаат и пензија и плата“, потенцира директорот на Фондот, Мемов. Професорот д-р Лазар Јовевски рече дека ова е тема која е длабоко поврзана со опстанокот и иднината на државата. Тој додаде дека стареењето на нацијата е факт, а за решавање на проблемот има два начина. „Едниот пат е увоз на работна сила, кој си има свои последици, а кои што ги гледаме од искуството во западните земји, а вториот пат е внатрешно да се реорганизираме и да ги надминеме недостатоците. Ако се договорат сите чинители дека ќе се оди по вториот пат“, додаде Јовевски, „тогаш ќе треба да се редефинира правно-економската регулаторна рамка со која ќе се овоможат нови решенија за вработување, и правила на пазарот на труд“. Претедателката на Комората, м-р Верица Милеска Стефановска нагласи дека секторот на приватното обезбедување се соочува со проблеми кои што поскоро треба да се решат. Таа изнесе повеќе примери од нашето окружувње каде што на пензионерите им е дозволено да се вработат и да ја задржат пензијата. Учесниците на тркалезната маса потенцираа дека мора да се направат измени во законската регулатива што поскоро и со тоа да се обезбеди работна сила која ќе ги поплни празните работни места во секторот на приватното обезбедување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 годинаПретседателот на СДСМ, Венко Филипче, апелираше граѓаните да не наседнуваат на истиот трик кој Мицкоски го користеше во 2024 година и лажната реторика.„Апелирам граѓаните да не подлегнат повторно на неговиот трик, како пред две години. Да не подлегнат на овие националистички, популистички говори, полни со патриотизам, црвени линии, одбрана на браникот на идентитетот и така натаму, затоа што единствено нешто кон што оваа лажна реторика води е изолација и сиромаштија“, рече Филипче. Филипче потенцираше дека изолацијата значи застој за државата, а единствениот пат за подобра иднина на граѓаните е еврпскиот пат. „Единствениот пат е Европа. Апелирам сите да се приклучат кон фронтот за вистина и правда. Сите политички чинители, сите граѓански организации, интелектуалци, независни, разумни луѓе коишто знаат дека ова е лажен наратив и дека не води никаде. И дека се само една голема лага со цел да не се направи чекорот и да има реформи и правда тука, кај нас, и конечно да се интегрираме во Европа, таму каде што ни е местото“, рече Филипче. Филипче нагласи дека вистинскиот напредок доаѓа преку членство во ЕУ. „Кога ќе бидеме рамноправна земја членка во Европската Унија, можеме многу од посилна позиција политичка од ова сега да прашаме Бугарија зошто не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Е така се бори за нацијата. Не случајно кажувам дека нацијата е пред колапс, а идентитетот е загрозен, затоа што ако останеме изолирани сега, ако го пропуштиме овој воз, ако утре ни каже Европската Унија дека нема да влеземе во седумгодишното буџетирање следно, затоа што буџетите се планираат за следните седум години, ќе ни останат само хоризонт-програмите и прекугранична соработка, ние со тоа не може да преживееме. Политиките на несигурност и изолација не се решение. Ако Мицкоски не е сигурен во себе и во својот идентитет и бара заштита, нему не му е местото да води држава“, рече Филипче. Скопје, 18.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАвион падна на автопат во Тексас- луѓе кршат прозорци за да ги спасат патниците (ВИДЕО)Приватен млазен авион се урна на автопат во Тексас, при што загина едно лице, а петмина патници се спасени.Околу десетина минувачи и служби за итни интервенции им помогнаа на патниците заробени во приватниот авион што се урна на автопат во Тексас. Пријавени технички проблеми пред несреќата Авионот летал од мексиканскиот град Лос Кабос до Остин, Тексас. Директорот на аеродромот во Ларедо, Гилберто Санчез, изјави за „Њујорк тајмс“ дека авионот пријавил сериозни механички проблеми. Авионот удрил во возило на автопатот за време на несреќата, потврди истражителот на полицијата во Ларедо, Хозе Баез, истакнувајќи дека не е јасно кој дел од авионот го удрил возилото. A NetJets Cessna 680 Citation Latitude crashes on a highway while making an emergency landing to Laredo International Airport, Texas. The crash was reported around 10 p.m. It was not immediately clear how many people were on board or their condition. Nobody on the highway was… pic.twitter.com/xNfM9b4iYO — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) June 17, 2026 Една жртва, пет преживеани Во авионот имало шест лица. Полицијата соопшти дека едно лице загинало, додека пет преживеани се однесени во болница и се во стабилна состојба. Идентитетот на починатиот сè уште не е објавен. Видеата објавени на социјалните медиуми покажаа густ чад и пламен што ги опфаќа остатоците. Баеза рече дека неколку служби за итни интервенции, исто така, побарале помош за вдишување чад. Несреќата се случила во близина на аеродромот во Ларедо, околу 150 милји југозападно од Сан Антонио. Несреќата го затвори автопатот Луп 20, а властите соопштија дека веројатно ќе остане затворен и следниот ден. ФБИ и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB) истражуваат.Тагови: авион Тексас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00