Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЖивотЕнергетска демократија – за поквалитетен живот и справување со енергетската сиромаштија Тампере во Финска, Крижевци во Хрватска и неколку општини во Јужна Италија (Палма Кампанија, Сан Џузепе Везувијано, Стриано) се примерите од кои може да се учи што е енергетска демократија. Како до справување со климатската криза и до поквалитетен живот за граѓаните преку нивно ефективно ангажирање во демократски процеси, покажуваат овие успешни приказни. Во статитијата што ја изготви Џеј Ди Фаруџиа, проектен менаџер и менаџер на кампањи во приватниот и во граѓанскиот сектор, како и во областа на уметноста и културата, стои дека посочените примери добиваат одлични резултати во однос на справувањето со климатската криза и енергетската сиромаштија, преку ремоделирање на нивните енергетски системи кон енергетската демократија. -Обновливата енергија е од витално значење бидејќи светот мора да се движи кон елиминирање на согорувањето на фосилни горива и намалување на емисиите на стакленички гасови на ниво што е можно поблиску до нула. Но, заменувањето на големите енергетски системи засновани на фосилни горива со големи системи за обновлива енергија може да значи дека повторно ги создаваме оние општествени неправди и предизвици со кои се соочуваме при моменталниот систем. Наместо тоа, можеме да се фокусираме кон енергетската демократија: јавно сопствеништво и демократско управување на енергетски системи кои работат во интерес на заедниците на кои им служат, наместо да создаваат профит за мал број на акционери, наведува Фаруџиа. Тампере брои 235.000 жители и е трет по големина град во Финска. Има многу малку сончева светлина и достигнува температури под нулата. Поради овие причини, јавното осветлување и греењето се од најголема важност за жителите на Тампере. Преку EcoFellows, Агенцијата за енергетика и одржливост во Тампере, градот станува првенец во енергетска транзиција бидејќи има за цел да постигне јаглеродна неутралност до 2030 година и веќе го има претставено општинскиот план за намалување на емисиите до 80 отсто. Агенцијата е во процес на формирање модел за кооперативна сопственост и управување на биогасни задруги за да се произведе енергија преку храна и земјоделски нуспроизводи. Локалните земјоделци и граѓани ќе бидат вклучени во снабдувањето со нуспроизводи и демократски ќе го контролираат начинот на управување на биогасните централи. -Бидејќи градот бара многу светлина и греење, намалувањето на емисиите на јаглерод е предизвик, но EcoFellows работи на поврзување на повеќето згради со мрежата за централно греење и ладење и има инвестирано во обновлива енергија за да го постигне ова. Исто така, постои голем притисок за градење на поефикасни згради од аспект на трошење на енергија. Поради ова, од сопствениците на зградите се бара да достават планови за реновирање на истите во следните 5 години. Тие добиваат поддршка преку локалната служба за енергетски совети (RANE) и веќе имаат успеано да ја зголемат својата енергетска ефикасност до 30 проценти, пишува Фаруџиа. Општините Палма Кампанија, Сан Џузепе Везувијано и Стриано во Јужна Италија, пак, го развија заедничкиот стратешки план за акција за одржлива енергија и клима во 2030 година (ПАЕСК Везувијано), вкоренет во енергетската ефикасност и прилагодувањето на климатските промени со вистинско вклучување на граѓаните во сржта на овие процеси. Тие се во процес на поставување енергетски заедници за справување со енергетската сиромаштија во областа преку локално генерирана обновлива енергија. Граѓаните, жителите, претставниците на претпријатијата и индустријата, болниците, трговските центри и јавните згради ќе имаат можност да произведуваат и управуваат со сопствената обновлива енергија. Тие можат да ја користат за себе, да ја продаваат на енергетската мрежа во земјата или да ја складираат за понатамошна употреба. Ова ќе обезбеди поголема енергетска безбедност и пониски трошоци и, се разбира, многу помалку емисии на стакленички гасови. Крижевци со население од околу 21.000 жители е првиот хрватски град кој успешно има финансирано граѓански проект за обновлива енергија, соларна централа која беше инаугурирана во 2018 година. Нејзиниот капацитет од 50 киловати ќе заштеди околу 55 тони СО2 секоја година и ќе се користи за напојување на локален деловен центар, како и за напојување електрична енергија во општинската мрежа. -Ова е проект што беше почнат од енергетската задруга Зелена Енергетска Задруга (ЗЕЗ), кој заедно со општинската администрација на Крижевци, одржа сесии за јавно информирање и го промовираа проектот со цел да добијат соодветна поддршка од граѓаните. По само десет дена, граѓаните заеднички ја собраа потребната инвестиција од 30 000 евра заем, за да се реализира проектот. Електраната ќе биде во целосна сопственост на општината за само десет години. Крижевци исто така беше многу активен во справувањето со својот проблем со енергетска сиромаштија. Во 2016 година, почна пилот проект преку кој обучи 13 невработени жители како енергетски советници кои потоа беа во можност да им помогнат на домаќинствата кои се борат со енергетска сиромаштија. Тие беа снабдени со опрема како што се ЛЕД-сијалици, направи за добро затворање на прозорците, совети и начини за заштедување вода и совети за заштеда на енергија. 508 домаќинства што беа посетени и советувани, заштедија околу 70 евра годишно, што исто така значеше 16 519 тони намалување на емисиите на СО2 секоја година, наведува Фаруџиа./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28