Шоу бизЕн Хатавеј го исполни Инстаграм предизвикот со перница, но додаде мотив од својот најпознат филм (ФОТО)Ниту познатата актерка не одолеа на познатиот #pillowchallenge што ги инспирира жените низ целиот свет да објавуваат фотографии на Инстаграм .Тоа е предизвик во кој жените носат само перница закачени на нивното голо тело со ремен, а дозволени се потпетици или гламурозна шминка, наместо фустан. Ен Хатавеј реши да го проба овој предизвик и да го однесе на сосема ново ниво. Поточно, таа зеде дури три перници и позираше пред огромни крилја на пеперутка. Под фотографијата на која позира насмеана од уво до уво, таа напиша: „Кралицата никогаш не доцни. Сите други едноставно пораниле “. Станува збор за позната реченица од филмот ,,Дневници на принцезата”, како и нејзиниот најпознат филм во кој таа ja играше главната улога. Многу следбеници напишаа во своите коментари дека вреди да се почека за нејзино појавување на овој предизвик и и рекоа дека ги надминала сите кои досега го пробале. View this post on Instagram “A Queen is never late; everyone else is simply early.” 👑 #pillowchallenge A post shared by Anne Hathaway (@annehathaway) on Apr 22, 2020 at 7:52am PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ФудбалЛШ: Историска победа на Кома - 9:1; Арсенал се коцкаше во Прага Фудбалерите на Кома ја одбележаа вечерта во Лигата на шампионите со една од најубедливите победи во историјата на најсилното натпреварување на Стариот Континент.Откако тимот на Сеск Фабрегас минатото коло му „испорача“ четири гола на Манчестер Јунајтед, синоќа во Ланс – спротивно на сите очекувања – легијата странци од крај популарното езеро одржа фудбалска лекција на стадионот „Болар“. Ланс – Комо 1:9! Ова беше шеста последователна победа на „казнената експедиција“ на Сеск во сите натпреварувања, а трета во четири кола од елитното првенство. Но, оваа ќе се памети и прераскажува. Оваа победа влегува во клупските алманаси и во аналите на елитата (како втора најубедлива во историјата). Сите останати натпревари останаа во сенка на неверојатниот триумф на клубот, кој до пред само неколку години настапуваше во втората италијанска лига. Гркот Дувикас, кој се запиша во листата на стрелците три пати, а моментално е и најдобар стрелец во Лигата на шампионите со шест гола, исто така блесна оваа вечер. Во исто време, во Прага, фаворитот Арсенал мораше да вложи многу напор за да го сочува водството против Славија. На крајот „Топџиите“ славеа со 2:1, но Микел Артета ќе има што да им каже на своите играчи, особено за прикажаното во второто полувреме. 4-коло Среда АЕК - Реал Мадрид 2:3 (1:1) Коита 12, Пило 75 - Белингем 32, Мбапе 78, Валверде 90+2 Фенербахче - Ливерпул 3:2 (1:1) Жаке 29 (а.г.), Браун 73, Муричи 79 - Њони 25, Исак 69 Борусија Дортмунд - Бетис 2:1 (0:0) Силва 49, Карекас 72 - Руибал 67 Порто - Наполи 4:1 (1:1) Беднарек 11, Веига 71, Кивиор 80, Саму 89 - Мектомини 43 Ланс - Комо 1:9 (0:3) Агилар 65 - Дувикас 7, 32, 56, Паз 40, Да Куња 47, Кемпф 53, Либерали 62, Батурина 69, Папацоло 90+2 ПСВ - Клуб Бриж 1:2 (0:1) Сано 54 - Тресолди 25, Форбс 65 Лајпциг - Манчестер Сити 2:3 (0:1) Баку 49, Нуса 61 - Лукеба 37 (а.г.), Фернандез 58, Халанд 78 Викинг - Сабах 4:1 (1:1) Ботхајм 27, 90+4, Трипиќ 69, Фалшенер 81 - Ембина 11 Славија Прага - Арсенал 1:2 (0:2) Новак 90 - Мадуеке 9, Ѓекереш 38Тагови: Лига на шампионите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРокас, денеска ќе му го предаде Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот МицкоскиИзвештајот за напредокот на земјата кој Европската комисија го објави вчера, денеска ќе му биде врачен на премеирот Христијан Мицкоски од страна на евроамбасадорот Михалис Рокас.По врачувањето двајцата ќе одржат заедничка прес конференција. Европската комисија во извештајот констатира дека земјата бележи одредени позитивни резултати во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст за Западен Балкан, но дека евроинтегративниот процес и понатаму е блокиран поради неусвојувањето на уставните измени. Во документот се посочува дека корупцијата останува широко распространета, а борбата против неа не бележи напредок. Особено загрижуваат случаите на корупција на високо ниво, кои често се одложуваат и застаруваат, создавајќи впечаток на неказнивост. Ограничени резултати се забележани и во правосудството, а позитивни оценки земјата доби и за целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаЃорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезонатаГрад Скопје започна со големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која се обновува зеленилото и се раззеленуваат јавните површини, а до крајот на сезоната за садење ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници.- Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење. Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат. За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Скопје се сака со дела и дека посветено работи на зелено и чисто Скопје, што е еден од неговите приоритети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook