Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
Шоу бизЕминем го објави својот 12. студиски албум - „The Death Of Slim Shady (Coup De Grâce)“ Еминем ја заби последната шајка во ковчегот на неговото алтер его „Слим Шејди“... Објавен е 12-от студиски албум на американскиот рапер, под наслов „The Death Of Slim Shady (Coup De Grâce)“.На плочата ѝ претходеа водечките синглови „Houdini“ и „Tobey“, во коишто учествуваат неговите пријатели - рапери од Детроит, Биг Шон и Бејбитрон. Албумот има вкупно 19 „траки“, а ја вклучува и познатата крилатица „Погоди кој се враќа“ (Guess Who’s Back) од почетоците на кариерата на Еминем, како и „Guilty Conscience 2“, своевидно „продолжение“ на неговиот сингл „Guilty Conscious“ направен со помош на Д-р Дре за албумот „The Slim Shady LP“ од 1999 година. Еминем „брутално го раскостуваше“ Слим Шејди со недели пред објавувањето на албумот. Во музичкото видео за „Tobey“, тој употреби и моторна пила, иако другите маркетинг-трикови за промоција на неговиот нов проект, можеби, не се толку ужасни... Во мај, Еминем објави и лажен некролог во „Детроит фри прес“ во којшто тагува за „измачувачкото суштествување“ на измислениот лик. „Неговото сложено и измачувачко опстојување заврши, а наследството што го остави зад себе не е поблиску до разрешување од начинот на којшто овој лик го напушти овој свет“, се вели во „некрологот“. „Слим Шејди“, како што вели Еминем, е производ на Детроит и „непријателските поделби во просперитетната андерграунд-рап сцена“ од средината до крајот на 1990-тите. „На крајот на краиштата, самите нешта што се чинеше дека се алатките што ги користеше станаа ’картички со име’ што го дефинираа постоењето коешто можеше да заврши само со ненадеен и ужасен крај“, се вели во објавата. „Шејди“ првпат стана познато име во 1999 година со дебито на неговиот сингл со повесел ритам - „My Name Is“, што заедно со неговото уникатно видео, го изложи младиот рап-уметник и неговите стихови пред пошироката публика. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Мицкоски да не си игра со иднината на земјата бидејќи ќе му судат следните генерации Утринава пратеникот и претседател на СДСМ од Собранието Венко Филипче предупреди дека ако скршнеме од патот кон европската унија ќе следи период на години на сиромаштија, распродадена земја за туѓи интереси , и иселување. Тој предупреди дека 4 земји меѓу кои Црна Гора и Албанија добија патокази и во план е да влезат во унијата до 2030 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСега е официјално: Кристијано Роналдо објави дека ја напуштил репрезентацијатаНајплатениот светски фудбалер, 41 годишниот Кристијано Роналдо официјално го објави своето заминување од португалската фудбалска репрезентација, откако претходно го напушти тренинг-кампот на тимот. Роналдо ја соопшти одлуката на Инстаграм, наведувајќи дека таа уследила по прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација. „По прес-конференцијата на селекторот и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, одлучив да го напуштам тренинг-кампот на репрезентацијата. Во соодветно време, на португалскиот народ ќе му ја откријам вистината за причините за моето заминување од репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил посветен. Сега е време да им посакам многу среќа на Португалија и на сите мои соиграчи“, напиша 41-годишниот Роналдо. Според извештаите, Роналдо го напуштил кампот само неколку часа откако Жезус зборувал за играчите кои се загреваат, но не добиваат шанса за игра. Во таа прилика, тренерот конкретно го спомнал капитенот на Португалија. „Кога играч се загрева 20 или 30 минути, а не влегува во игра, никој не е среќен. Особено Кристијано. Особено Пеле или Марадона“, рекол Жезус. Роналдо го држи рекордот на сите времиња за Португалија со 234 настапи и 146 постигнати гола. Со националниот тим, тој го освоил Европското првенство во 2016 година, како и Лигата на нации во 2019 и 2025 година.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
МакедонијаНиколоски во Брисел: Во фокус европската интеграција, планот за раст и инфраструктурните проектиЗаменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Bрисел, каде што учествува на официјални средби организирани од европската комисија.На средбите се разговара за актуелните економски и политички прашања, реализацијата на инфраструктурните проекти, планот за раст, како и за процесот на интеграција и проширување на Европската унијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter