Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
2 Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
Шоу бизЕлтон Џон “длабоко вознемирен“ поради Путин Прославениот пејач Елтон Џон го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин, поради неговите ставов во врска со правата на ЛГБТ, како и тврдењето дека либералните вредности се застарени.Путин неодамна, во интервју за „Фајненш тајмс“, изјавил дека “либералната идеја станала застарена“ и оти “дошла во судир со интересот на мнозинството од населението“. Путин изјавил и дека Русија не е хомофобна, но дека спремноста на западот да ја прифати хомосексуалноста и родовата неодреденост му се чини претерана. „Традиционалните вредности се постабилни и поважни за милиони луѓе, отколку таа либерална идеја, која според моето мислење, всушност исчезнува“. Елтон Џон му порача дека воопшто не се согласува со тој став, наведувајќи дека е длабоко вознемирен од тоа што го прочитал. „Гледам лицемерие во вашиот коментар дека сакате ЛГБТ лицата да бидат среќни и оти со тоа немате проблем. Но сепак руските дистрибутери тешко го цензурираа мојот филм „Рокетмен“ исфрлајќи се во врска со тоа дека ја најдов вистинската среќа низ 25 годишната врска со својот партнер Дејвид, растејќи ги своите два преубави синови“ – навел тој. „Мило ми е што живеам во дел од светот каде владите го признаваат универзалното човеково право да одбереме кого можеме да сакаме“ – заклучил пејачот. Dear President Putin, I was deeply upset when I read your recent interview in the Financial Times. I strongly disagree with your view that pursuing policies that embrace multicultural and sexual diversity are obsolete in our societies. pic.twitter.com/wNG3imaR2r — Elton John (@eltonofficial) June 28, 2019 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
БалканВучиќ на покана на Зеленски на важен состанок во УкраинаСрпскиот претседател, Александар Вучиќ, преку социјалните мрежи се огласи утрово во 7:00 часот од Украина со порака за граѓаните.Во објавата на официјалниот профил на Вучиќ на Инстаграм се вели: „Денес, на покана на претседателот Зеленски, присуствувам на состанок на Иницијативата за карпатска интеграција, важен проект за економско, транспортно и инфраструктурно поврзување на земјите од поширокиот карпатски регион. Сето ова го правам за дополнително да обезбедам стабилност и мир за нашите граѓани и за Србија“. https://www.instagram.com/reel/DdaoMGcug45/?utm_source=ig_embedТагови: Александар Вучиќ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
СветНов Зеланд: Не сме разговарале со ЕУ за статусот на придружен членНов Зеланд не водел разговори со Европската Унија за можноста да стане придружна членка, изјави денеска портпаролот на новозеландскиот министер за надворешни работи Винстон Питерс, откако ЕУ објави дека разгледува таков предлог за Канада. „Немало никакви дискусии со ЕУ за тоа Нов Зеланд да стане придружна членка“, рече портпаролот, како што пренесе Ројтерс. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во средата изјави дека сака да ѝ ја отвори вратата на Канада да стане првата „придружна членка“ на ЕУ, во обид да се воспостават нови врски меѓу сојузниците во „отворено непријателски свет“. Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на ЕУ со царини доколку продолжи со предлогот за Канада, нарекувајќи ја идејата „смешна“. Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, вчера изјави дека Австралија и Нов Зеланд би можеле да го следат примерот на Канада во продлабочувањето на односите со ЕУ. „Не се сомневам дека во ова ќе бидат вклучени и други земји“, рече таа во интервју за телевизиската мрежа „Еуроњуз“. „Тоа веќе го гледаме, вклучително и во однос на законодавството што го усвојуваме, каде што партнери од целиот свет – како Австралија и Нов Зеланд – ни порачуваат: сакаме да ги продлабочиме нашите односи.“ Австралискиот министер за трговија, Дон Фарел, во вторникот изјави дека Австралија е „на иста бранова должина“ со Канада во однос на напорите за воспоставување посилни врски со ЕУ.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСамба во Манчестер – запамтете го ова име! Младиот фудбалер Флојд Самба е главна тема на вечерта во светскиот фудбал, откако остави одличен впечаток на своето деби за Манчестер Сити.17 годишниот Флојд Самба вчера дебитираше за првиот тим на Манчестер Сити и „не само што блесна на ’Етихад‘, туку и го засени уште еден многу познат тинејџер од Манчестер“, пишува Би-би-си по победата на Сити од 5:0 против Норич во Лига-купот. „Сториите на порталите, објавите на социјалните мрежи и новинските колумни оваа недела беа преплавени со вести дека високоценетиот 15-годишен напаѓач Џеј-Џеј Габриел е пред заминување од Манчестер Јунајтед. Сепак, таа приказна во петокот беше засенета од импресивното професионално деби на 17-годишниот Самба, кој постигна два гола во победата на Сити од 5–0“, се вели во текстот со кој тинејџерот му се претставува на јавноста. Флојд Самба е германски младински репрезентативец, има само 17 години и вечерва блесна против Норич во победата од 5:0 на „Сити“ во осминафиналето на Лига-купот. Samba gives Manchester City the lead !! https://t.co/IWW2iQeGoc — Best Moments Captured. (@BestMomentsCa) September 17, 2026 Самба го отвори резултатот со прекрасен удар со глава во 29-тата минута, по асистенција на уште еден дебитант во дресот на „Граѓаните“ – Бразилецот Алан. Шерки зголеми на 2:0 во 32. минута, а потоа Алан го круниса своето деби со прекрасен гол во 48. минута, повторно насочувајќи го вниманието кон Самба. И како да не биде така, со оглед на одличниот гол што го постигна во 54. минута, по втората асистенција на Аит-Нури. Уште еден тинејџер, Рајан Мекаду, го постигна петтиот гол во 90. минута од натпреварот. Во осминафиналето на Лига-купот, Сити ќе се соочи со Брајтон, кој претходниот ден го шокираше Јунајтед на „Олд Трафорд“. Презимето Самба им е добро познато на долгогодишните следбеници на Премиер-лигата, забележува Би-би-си, потсетувајќи дека Флојд е син на поранешниот одбранбен играч на Блекбурн и КПР, Кристофер Самба, кој одиграл 171 натпревар во Премиер-лигата за тие два клуба, како и уште 12 во Чемпионшип за Астон Вила.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29