Електронски достапни 127 услуги од институциите

Секогаш први на ред. Нема повеќе – кој ќе чека пак, е мотото на Националниот портал за електронски услуги, што е во функциија од денеска, преку кој Владата ветува побрзи и поефикасни услуги за граѓаните од администрацијата. 

Преку новата алатка само со една најава, корисничко име и лозинка, засега може да се добијат 127 електронски услуги од 28 институции, но и да се плаќаат административни такси.

Само преку овој портал ќе биде достапна и услугата за добивање на еден од 10-те илјади инвертори кои ги доделува Владата со цел да се намали загадувањето на воздухот. Електронски ќе може да се добијат голем број потврди од Министерството за труд и социјална политика, да се објават неважечки документи од „Службен весник", да се издаваат потврди и М1, М2 образец од Агенцијата за вработување, да се земе односно извади М4 образецот од ПИОМ, да се проверат лични податоци од Централниот регистар на население добиени од вкрстување на податоците од Управата за водење на матичните книги, Министерството за внатрешни работ и Централниот регистар.

– Целта на системот за единствена најава е дека преку еден портал граѓаните и фирмите користејќи едни и исти корисничко име и лозинка и дигитален сертификат ќе имаат пристап до сите услуги од сите институции – многу просто и многу едноставно. Нема повеќе кој ќе чека, нема повеќе редот од позади, нема повеќе ви фали барање, нема повеќе губење време и нема повеќе само да прашам. Овој број секојдневно ќе се зголемува. Се работи и на други услуги од Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи, Министерството за труд и социјална политика, Управата за водење на матични книги. До крајот на годината ќе имаме уште 20-ина нови услуги достапни на порталот, информира на прес-конференција министерот за информатичко општетество и администрација Дамјан Манчевски.

Премиерот Зоран Заев потенцираше дека Националниот портал за е-услуги е уште еден чекор во реформите во јавната администрација.

– Ја подигаме транспарентноста на нашата работа и во давањето на услугите. Голем дел од нив веќе не зависат од шалтерскиот службеник и ова е уште еден придонес во борбата против корупцијата. Елиминираме сериозна точка каде што регистриравме појава на мито и корупција во многу наврати во минатите години, па и децении. Градењето сервисен систем на јавни услуги на една ефикасна и пријателска јавна администрација која во центарот на своето внимание секогаш го има граѓанинот е една од најважните мотивации за оваа Влада, наведе Заев.

Како што истакна Манчевски, за пуштање на порталот се исполниле комплексни предуслови и се поврзани веќе развиените системи: интероперабилност на институциите, Централниот регистар на население, Каталогот на услуги, Системот за електронска достава на услуги, Системот за единствена најава на корисниците, Модулот за плаќање на надоместоци и такси. Основа за работата на Националниот портал за електронски услуги се изготвениот Каталогот на услуги, каде се внесени 690 од вкупно 1.300 услуги кои институциите ги нудат на граѓаните и на фирмите, како и неодамна пуштениот Централен регистар на население каде се нудат унифицирани податоци за сите граѓани.

-Порталот се состои од јавен и од приватен дел. Тоа што е важно за граѓаните е дека јавниот дел е достапен за сите без потреба од каква било најава или идентификација. Тука можат да се најдат податоци за услугите коишто ги добиваат од надлежните органи. Приватниот дел е достапен само за регистрирани и идентификувани корисници на Системот за единствена најава. По најавата граѓаните ќе имаат можност да поднесуваат барања во електронска форма за добивање на е-услуга, да плаќаат за надомест и административни услуги, да добиваат одговор на барањето и најважно да ги добиваат по електронски пат услугите, појасни Манчевски.

За регистрација на порталот и пристап до сите можности што ги нуди е потребна електронска идентификација, односно ИДИ профил, што го поврзува идентитетот на граѓанинот при процесот на регистрацијата. На тој начин секој граѓанин само еден и единствен пат ќе треба да ги провери и потврди своите податоци кои се потврдуваат во Централниот регистар на население. Сите граѓани моментно имаат активна корисничка сметка во УЈП и веќе имаат активен ИДИ профил односно можат да се најават на профилот користејќи го корисничкото име и лозинката од УЈП. За нив услугите од порталот се веќе достапни. Дополнително профилот може да се добие и со поседување дигитален сертификат што во моментов кај нас ги издаваат КИПС и Телеком, а наскоро и на шалтерите на општините, едуцирани за оваа намена, во канцелариите за една точка за услуги, а од почетокот на следната година и во салоните на Македонски телеком. При создавање на ИДИ профилот во регистарот на население се креира и единствениот електронски број на граѓанинот.

Министерството за информатичко општество и администрација ги спроведе активностите со финансиска поддршка од Европската унија, како и Британската амбасада во Скопје.

Дневен хороскоп за 29. април 2024 година

Дневен хороскоп за понеделник, 29. април 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе бидете настроени во целост да се впуштите во вашите фантазии , а вашите врски со љубовната реалност ќе се намалат.

Кариера

Денеска уметниците меѓу вас би можеле добро да работат. Другите ќе имаат пречки , не во идеите , туку во реализацијата.

Здравје

Можни се илузии.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе настојувате саканата личност да ја наведувате на дневните тековни работи и така да ја приближите до реалноста.

Кариера

Ќе има некаква реорганизација на работното место . Новините се однесуваат на условите за работа , колегите , услугите и слично.

Здравје

Продолжете со новите здрави навики.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои биле на чекор до вљубување, денеска конечно ќе сфатат дека сакаат и поотворено ќе тргнат кон таа насока.

Кариера

Нови периоди им следуваат на вработените во спортски , педагошки и забавбни дејности , а другите остануваат креативни.

Здравје

Дотерајте се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Друштвеноста и отвореноста денеска ќе бидат вашите главни квалитети. Оние кои уште се сами , ќе успеат набрзина да остваруваат контакти.

Кариера

Ќе се мерат вашите заслуги во работата. Истовремено ви доаѓаат прекрасни идеи полни со креативност.

Здравје

Прошетајте се на свеж воздух.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Фантазијата денеска ќе ви работи стотка на час. Некои во саканата личност ќе видат нешто што таа воопшто не е. Можни се нереални проценки.

Кариера

Ќе бидете способни да реагирате брзо и тактично. Ќе успеете да помагате и да читате меѓу редови таму каде што никој нема да може.

Здравје

Ова е ден на вашата сестраност.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

До личноста што ја сакате ќе се обидете да дојдете со помош на гастрономски специјалитети . Веројатно е излегување на вечера со морско мени.

Кариера

Ќе се снаоѓате балансирајќи меѓу барањата на другите и своите планови и желби. Ќе успеете да најдете некаква средина.

Здравје

Не се нервирајте.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веројатно ситуацијата ќе ве наведе на тоа максимално да е фокусирате на партнерот. Ќе размислувате како да продолжите заедно.

Кариера

Доколку договарате нова работа или проект, почекајте со одлуката барем до попладневните часови , зашто тогаш се ќе ви биде појасно.

Здравје

Намален имунитет и енергија. Одморете се.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Можно е со својата љубов малку да го задушувате партнерот. Дозволете му малку повеќе слобода.

Кариера

Вашите шефови на една , вие на друга страна . Сепак , не станува збор за судир , туку за различни методи до истата цел.

Здравје

Не играјте отворено .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денеска вашите пријатели ќе ве поттикнуваат и инспирираат за љубов.

Кариера

На некои вашите заслуги во работата нема да бидат целосно јасни , па ќе мора малку повеќе да се докажувате. Ќе бидете креативни и успешни.

Здравје

Вежбајте гимнастика.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска би можеле убаво да се забавувате , доколку излезете на место каде што име уметнички содржини. Игнорирајте ги фалбаџиите.

Кариера

На работното емсто ќе се озборува , а лажните приказни ќе бидат главните настани. Не обрнувајте внимание на ништо од тоа , туку работете она што требате.

Здравје

Останете будни и подготвени за промени.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Откако ќе одработите дел од ,,домашните работи” , повторно ќе се свртите кон партнерот или кон личноста од работното место која ве сака.

Кариера

Не сте свесни пред какви можности се наоѓате. Освен што можете да покренете голем број новини , тука се и стабилните работи.

Здравје

Подобро отворете ги очите.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Пртед вас е ден во кој одлично ќе ги поврзете своите внатрешни потреби со луѓето околу вас.

Кариера

Контактите и комуникациите со лица од странство се засилуваат. Денеска ќе преговарате околу некои детали.

Здравје

Ниту заморот не ве запира.

Со овој напиток Ѓоковиќ го почнува денот – Сокот од целер на празен стомак е најздрав наутро!

Откако ќе го испиете во наредните 15 минути до половина час не внесувајте ништо!

Сокот од целер стана исклучително популарен кај љубителите на здравата исхрана. Најдобриот српски тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ во интервју за американските медиуми откри дека својата сила и физичка подготвеност, меѓу другото, ги должи и на сокот од целер.

- Денот го почнувам со топла вода и лимон за да му помогнам на телото да се детоксицира. А потоа пијам сок од целер на празен стомак – изјавил Ѓоковиќ.

Без додавање вода

Ентони Вилијамс, автор на бестселерот на Њујорк Тајмс „Чистење на телото“, тврди дека сокот од целер е најкорисната храна што постои на нашата планета.

Целерот првенствено е намирница со висока содржина на вода, па затоа одлично го хидрира организмот. Богат е со влакна кои ги чистат и штитат цревата, витамини К, А и Ц, калиум, но содржи и висока содржина на натриумови јони кои ги уништуваат патогените микроорганизми, содржи и дигестивни ензими кои ги смируваат цревата и растителни хормони кои го урамнотежуваат ендокриниот систем. Сокот од целер може да се пие превентивно, но и поради одредени здравствени проблеми.

Тој наведе само некои од придобивките од сокот од целер и зошто треба да се пие наутро на празен стомак:

- сокот од целер е богат со електролити

- ги отстранува кристализираните токсични соли наталожени на органите

- спречува токсините да ги оштетат клетките и органите

- го ослабува дејството на тешките метали кои можеби сте ги наталожиле во организмот

- ги уништува бактериите, вирусите и габите

- ја стабилизира крвта

- го зајакнува целиот имунолошки систем веднаш по пиењето

- го оптимизира варењето

- ги храни сите органи на ендокриниот систем и така ја враќа хормоналната рамнотежа

- има антиоксидативно дејство

Како што истакнуваат нутриционистите, оптимална мерка е 150 мл сок од целер дневно.

Рецепт за сок од целер

Земете два китки целер, исечете ја основата и врвот на стебленцата. Измијте ги, исечете ги и ставете ги во блендер. Според Вилијамс, не треба да додавате вода или коцки мраз, туку да го пиете сокот во неговата изворна форма без да ја цедите пулпата. Сокот мора да биде чист, да не се меша со друго овошје или зеленчук. Откако ќе го испиете на празен стомак, во наредните 15-30 минути не јадете и не пијте ништо. Сокот од целер во комбинација со морков или јаболка може да го пиете и подоцна во текот на денот, а наутро, на празен стомак пијте го чист.

притисни ентер