Електричните автомобили од бродот што гореше кај Холандија, се потопени во вода (ВИДЕО) - Канал 5

Електричните автомобили од бродот што гореше кај Холандија, се потопени во вода (ВИДЕО)

Електричниот Мерцедес кој се запали на бродот го заврши патувањето со пливање.

Електричните автомобили од бродот што гореше кај Холандија, се потопени во вода (ВИДЕО)

Кога на крајот на јули избувна пожар на брод што превезуваше автомобили, во јавноста протече информација дека меѓу 3.000 возила имало околу 500 електрични. Многумина веднаш се посомневаа дека токму електричниот автомобил го предизвикал пожарот.

На крајот тоа не се докажало, но уште еднаш се покажа зошто транспортниот систем ќе мора да претрпи темелна ревизија во однос на безбедноста и заштитата од пожари. Доволно е да се каже дека е значително потешко да се изгасне пожар во електричен автомобил отколку во возило со класичен погон, а кога тоа се случува на брод, работите стануваат уште покомплицирани.

Тоа го покажува и видеото од слегувањето на возилото од траектот на автопатот Fremantle. Спасени се околу 1.000 автомобили, меѓу кои и многу електрични. Видеото на кое се гледа истоварувањето на електричниот Mercedes EQE јасно го покажува тоа, како и колку е потребна претпазливост кај електричните возила кои беа зафатени од пожарот.

YouTube video

Овие возила како мерка на претпазливост по истоварот биле потопени во контејнер наполнет со вода, сѐ со цел да се „оладат“ автомобилот и неговите електрични компоненти. Имено, евидентирани се случаи каде повторно може да настане пожар на „изгаснат“ електричен автомобил.

Тоа го потврдува и оваа снимка. Делумно изгорениот Мерцедес изгледа како пожарот на него да е изгаснат, но кога потонал во водата почнало да се крева пареа, што предизвикува сомнеж. Некои податоци покажуваат дека се потребни повеќе од 160.000 литри вода за да се изгаснат литиум-јонските батерии на електричен автомобил од калибарот на Тесла.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Увид во градежните активности во Бардовци

Градоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши увид во тековните градежни активности што се реализираат на неколку локации во у.з. Бардовци.

Општина Карпош: Увид во градежните активности во Бардовци

Во непосредна близина на станбениот комплекс „Бахаш“ во тек е реализација на инфраструктурен зафат кој опфаќа асфалтирање на три улици во вкупна должина од 663 метри. Градежните активности на оваа локација опфаќаат и изградба на нови троторари, рабници, како и поставување на нови столбови за улично осветлување.

Со ова ќе се овозможи побезбедно движење на пешаците и возилата, а со тоа ќе се зголеми и квалитетот и условите за жителите од овој дел од населбата. Паралелно со овој градежен зафат, се изведуваат инфраструктурни активности и на улицата 1687, каде што се врши целосно асфалтирање на коловозот и изградба на нови тротоарски површини. Во тек на градежните работи, економските оператори ја поставија и својата комуникациска подземна мрежа со што оваа улица добива конечен, современ и функционален лик и намена.

При увидот, градоначалникот Лукровски истакна дека Општина Карпош продолжува со реализација на капиталниинфраструктурни проекти во сите урбани заедници, кои директно придонесуваат за создавање на рамномерен развој на општината и подобрување на квалитет на животот на карпошани.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Единственото прашање за кое се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик

Единственото нешто за коешто се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик.

Манасиевски: Единственото прашање за кое се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик

Заедничко за овие три партии од опозицијата, освен блокадата на ИЗ е стравот од поразот на следнити избори.

Од таа причина, тие создаваат една какафонија во јавноста со неможноста да се донесе договор за консензус за носење на ИЗ, и на тој начин креираат алиби за поразот на следните избори.

Едните ќе речат дека не се вметнати препораките на ОБСЕ и ОДИХР, другите дека не добиле пари за рекламирање, третите пак ќе се жалат дека не се почитува волјата на граѓаните, иако губат 3 циклуси по ред. Ова ќе бидат приказните кои ќе ги раскажуваат по поразот на следните избори.

Едноставно, граѓаните ја прочитаа коалицијата на СДС, Левица и ДУИ.

Нив не ги интересираат реформи и закони, туку како повеќе да и наштетат на државата со ваквиот однос.

За нивна жал, Македонија повторно е признаена како лидер во РА, односно во носење на реформите, а тоа што не се носи ИЗ е само вина на СДС, Левица и ДУИ.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Од стари и дотраени објекти, до современи полициски станици и подобри услови за работа.

Кога ја презедовме одговорноста, затекнавме полициски станици и службени објекти кои со децении не биле реконструирани. Денес, чекор по чекор, го менуваме тоа и создаваме современи услови за работа на македонската полиција.

МВР: Од стари и дотраени објекти, до современи полициски станици и подобри услови за работа.

По повеќе од 30 години работа во несоодветен објект, ја пуштивме во употреба новата Полициска станица Бутел. Во завршна фаза е и изградбата на новата Полициска станица Аеродром, а паралелно се реконструира и објектот „11 Октомври“, кој ќе биде новото седиште на СВР Скопје. Започнавме и со подготовка на документацијата за нов објект на Полициската станица Кисела Вода.

Истовремено, инвестираме и во реконструкција на полициски центри и службени објекти низ државата, ги подобруваме условите за работа на полициските службеници и ги зајакнуваме капацитетите на Министерството.

Затоа што современата полиција не се гради само со нова опрема, туку и со современа инфраструктура, достоинствени услови за работа и институции кои се подготвени да одговорат на потребите на граѓаните.

Продолжуваме да инвестираме во полицијата, затоа што подобри услови за работа значат поголема безбедност и поквалитетна услуга за секој граѓанин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер