Ел Паис: НАТО ќе биде предводен од жена, меѓу кандидатите Тереза ​​Меј, Могерини и Грабар-Китар

 Партнерите во НАТО веќе размислуваат кој ќе го замени Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО, чиј мандат истекува во 2022 година, неофицијално потврдија извори на НАТО во Брисел, пишува шпанскиот весник Паис. 

Според весникот изворите не можеле да потврдат дека за функцијата шест кандидати и дека сите се жени.

Ел Паис наведува дека меѓу кандидатите се поранешната британска премиерка Тереза ​​Меј, поранешната шефица за безбедност и надворешни работи на Европската унија Федерика Могерини и германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

Мадридскиот весник додава дека постои големо убедување меѓу партнерите во Алијансата дека по 73 години, една жена треба да ја преземе водечката позиција во западната воено-политичка алијанса и дополнува дека „уште три кандидатки се од Источна Европа". Според весникот, тоа се поранешната претседателка на Литванија Далиа Грибаускајте, претседателката на Естонија Керсти Калjулаи и поранешната претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ.

Новата личност на чело на НАТО ќе биде избрана следната година на самитот во Мадрид, а заеднички став на атланските сојузници е дека таа мора да биде „искусен Европеец, односно Европејка" во политичките и геополитичките работи.

Шпанскиот весник вели дека Тереза ​​Меј веќе е неофицијален кандидат, дека нејзината предност е што има важно искуство како премиер, но некои партнери од НАТО сметаат дека не е поволен факт што Велика Британија повеќе не е членка на Европската унија , што може да предизвика недоразбирања.во време кога ЕУ сака да развие заедничка одбранбена и безбедносна политика, на што се противеше Велика Британија додека беше членка на ЕУ.

„Во игра е и името на Федерика Могерини, на која не и одат во прилог критиките за надворешната политика на ЕУ", посочува Паис, истакнувајќи дека за Анегрет Крамп-Каренбауер, проблем претставува фактот дека Европската комисија исто така е предводен од Германка – Урсула фон дер Лејен.

Мадридскиот весник посочува дека „иако улогата на генералниот секретар може да изгледа од второстепена важност во организација во која сите одлуки се донесуваат со неопходната едногласност и неприкосновена превласт на САД, која не е доведена во прашање, таа личност сепак има клучна улога во одредување на кој и како ќе води дискусисија", пренесува Бета.

На самитот во Мадрид следната година, треба да се усвои нова стратегија на НАТО, во која Кина се портретира како главен ривал, ако не и непријател.

И тоа е, како што објаснува Паис, „нов концепт за следната деценија, во кој е вградена Визија од 360 степени, со што се заменува претходниот концепт на одбрана фокусиран речиси исклучиво на Русија и воведува повеќекратни цели за борба против опасностите од воените и терористички, до економски, технолошки, еколошки, кои се закануваат од универзумот и кибер-просторот".

Фото: Сексипилната сопруга на поранешниот втор пик на НБА драфт, контроверзниот Миличиќ

Најдобро рангираниот кошаркар од овие простори на некој НБА драфт, српскиот центар Дарко Миличиќ пред скоро две децении беше избран од Детроит од втората позиција.

Иако сите очекуваа тој да направи завидна кариера во најсилната лига сепак тоа не се случи. Контроверзниот Дарко наместо по игрите во дресот на Детроит на кошаркарскиот терен беше запаметен по неговите екцеси и испади.

Поранешниот центар на Детроит сега живее мирен живот на огромниот имот во близина на Нови Сад во Србија и многу често се појавува во балканските медиуми каде раскажува за своите инциденти. За како што тој самиот вели „глупостите што ги правел и за трошењето пари на скапи автомобили“.

„Лудиот “ Дарко дури влезе во во рингот за да се проба и во боксот???.

Но на јавноста и е интересна и сопругата на Дарко, атрактивната Зорана Миличиќ.

Сопругата на Дарко Миличиќ, кој неодамна во големо интервју зборуваше за „глупостите што ги правел“ и трошењето пари на скапи автомобили „за да биде забележан“, објави серија предизвикувачки фотографии на Инстаграм.

Зорана која на Дарко му роди два сина и една ќерка, е вистинска спортистка и многу активно се занимава со фитнес и екстремни спортови, поради што има истакнати стомачни мускули и тело на кое би позавиделе двојно помладите девојки.

На Инстаграм ја следат повеќе од 100 000 следбеници кои се воодушевени од нејзиниот изглед и од нејзиното совршено тело.

Дарко заработи милиони настапувајќи за НБА екипите на Детроит, Минесота и Бостон иако не ги достигна височините кои од него се очекуваа, кои сега му обезбедија мирен и луксузен живот заедно со една од најубавите и најатрактивни соприуги на некој спортист од Балканот, велат воодушевените следбеници на Зорана.

Скопје одржа свечена празнична поворка по повод празникот на Лазаревото Воскресение

Сите случајни минувачи со воодушевување и се приклучуваа на поворката.

Голем број деца, заедно со своите родители ја започнаа својата музичка обиколка од Плоштад „Македонија“, продолжувајќи кон Градскиот Трговски Центар па се до Diamond Mall. Со пеење, свирење на традиционални инструменти и весели гранчиња во рацете, ги ослободија срцата на секој случаен минувач.

Ова музичко патување, воедно и вистинско празнично изкуство, не само што означи почетокот на Воскресението Христово, туку ги исполни сите со радост и веселие, истакнувајќи го духот на православните празници.

Пеењето на најрадосните каланди, што се одржа во Скопје, Кичево и Реканскиот крај, во најсоодветен дух го најави најголемиот православен празник - Воскресението Христово.

Видео: Новак Ѓоковиќ ќе биде новиот Џејмс Бонд?

Најдобриот и најтрофејниот светски тенисер во историјата, мегапопуларниот  Новак Ѓоковиќ, неодамна по петти пат во кариерата ја освои престижната награда Лауреус наменета за најдобриот светски спортист.

По тој повод Новак доби интересно прашање.

Имено, на изјавата дека „многу се зборува за тоа дека тој ќе биде новиот Џејмс Бонд“, односно по конкретното прашање „Дали си ти следниот Џејмс Бонд?“, славниот Ноле изјави:

- Дали сум јас? Зарем не е очигледно? Не знам зошто им требаше толку време, но ако ова е официјална понуда - подготвен сум! Го сакам мојот лик на Новак Ѓоковиќ, мислам дека уживам во него, се забавуваме, но веројатно би го оставил Новак за Џејмс Бонд. Мислам дека е време да ја подигнам мојата актерска кариера на повисоко ниво – изјавил Ноле со насмевка на лицето.

https://www.instagram.com/reel/C6LUlS5NUCp/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

притисни ентер