Екстремниот експеримент за човечката бесмртност ја згрози јавноста - Канал 5

Екстремниот експеримент за човечката бесмртност ја згрози јавноста

Свинските мозоци за прв пат се успешно сочувани во живот, надвор од нивните тела во текот на новиот контроверзен експеримент, кој еден ден би можел на луѓето да им овозможи бесмртност.

Екстремниот експеримент за човечката бесмртност ја згрози јавноста
Мозоците од повеќе од сто свињи успеале да преживеат 36 часа откако главите на животните биле отсечени, соопштија истражувачите од Универзитетот Јеил.

Новиот експеримент би можел да го отвори патот кон трансплантација на мозок и да им овозможи на луѓето во иднина да станат бесмртни со поврзувањето на нивните мозоци со вештачки системи кои би ги одржувале во живот откако телото ќе пропадне, пишува „Дејли Меил“.

Докторот Ненад Сестран ја претставил новата метода на научниот собир на Националниот институт за здравје во Бетесди во Мериленд.

Научниците успеале успешно да ги отстранат главите на повеќе од 100 свињи и да ги оживат нивните мозоци откако главите биле одвоени од телото.

Органите биле поврзани со системот наречен „BrainEX”, кој клучните делови на мозокот ги снабдува со крв богата со кислород. Системот содржел и хемикалии кои спречуваат отекување.

Доктор Сестан истакнал дека во текот на експериментот е откриено дека милијарди мозочни ќелии биле живи и здрави, и оти постои можност мозоците бесконечно да се одржуваат во таа состојба.

Како што истакна, наредниот чекот би бил враќањето на свеста. Неурологот наведува дека тимот засега се уште не се обидел тоа да го направи бидејќи станува збор за “многу непознат терен“.

Овој експеримент е од големо значење бидејќи постојат големи сличности меѓу начинот на функционирање на свинскиот и човечкиот мозок, изјавуваат научниците.

Сепак, многумина не беа воодушевени од експериментот – бројни корисници на социјалните мрежи го оценија експериментот како неетичен.

„Ова е чисто зло. Целосно отсуство на емпатија“ – напишал еден од корисниците.

„Можете ова да го сметат за успех единствено доколку ја имате моралноста на доктор Менгеле“ – изјавил друг.

Истражувањето е објавено во магазинот „Technology Review” на Технолошкиот институт во Масачусетс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Република Македонија“бр. 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25, 258/25, 58/26, 79/26 и 148/26), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:

За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4x4):

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

За моторни возила кои надминува 3.500 кг:

- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

- пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

Има 57 години, а мажите губат глава по неа, светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез видена со мистериозен маж .

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

57 годишната Џеј Ло е видена во друштво на мистериозен маж. Иако идентитетот на мажот е непознат, сцените од луксузна јахта поттикнаа шпекулации за нова љубовна врска на славната пејачка

Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание во јавноста откако беше забележана на луксузна јахта во Мајами, во друштво на мистериозен маж.

На фотографиите и видеата што кружат на социјалните мрежи се гледа како 57-годишната ѕвезда ужива во слободното време на јахтата, а особено внимание привлекоа кадрите на кои таа разменува нежности со непознатиот маж.

Идентитетот на мажот – како и природата на нивниот однос – засега остануваат непознати, но тоа не ги спречи корисниците на социјалните мрежи да шпекулираат за тоа кој би можел да биде овој нов маж во нејзино друштво.

Со децении, Лопез важи за една од најпознатите музички и филмски ѕвезди во светот, а нејзиниот приватен живот привлекува внимание речиси исто толку често колку и нејзината кариера.

Секојпат кога ќе се појави во јавноста или ќе биде фотографирана со непознат маж, тоа предизвикува бројни реакции – а овој случај не е исклучок.

Додека некои коментираат за нејзината самодоверба и изглед, други се обидуваат да го откријат идентитетот на мажот забележан со неа на јахта. Засега нема потврда дека станува збор за нова љубовна врска, но снимките од Мајами веќе предизвикаа лавина коментари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со температура до 19 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од УХМР.

Утре променливо облачно време со температура до 19 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Ѓуриште, 9 Попова Шапка, 10 Струмица, 11 Крива Паланка, Лазарополе, Скопје – Зајчев Рид, 12 Крушево, Скопје – Петровец, Охрид, Прилеп, Тетово, Маврови Анови, 13 Битола, Штип, Претор, Демир Капија, Кавадарци, 14 Виница, Берово, Велес, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Дуваше слаб ветер од јужен правец. До крајот на денот во западните делови ќе има услови за повремен слаб дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер