Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
БалканЕксплозија пред Масонската ложа во АтинаМал импровизиран механизам експлодираше рано утрово во центарот на Атина пред Масонската ложа на Грција, без притоа да има повредени или поголема материјална штета.Мал импровизиран механизам експлодираше рано утрово во центарот на Атина пред Масонската ложа на Грција, без притоа да има повредени или поголема материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина. На малата експлозија и претходел анонимен предупредувачки повик на бројот 112 за итни случаи, меѓутоа без да биде даден конкретен временски рок за експлозијата, по што веднаш полицијата го затворила просторот, а кусо подоцна експлодирал импровизираниот механизам. Експлозијата била со мала јачина и предизвикана е мала материјална штета, во главно на ѕидот од објектот. Полицајците од Секторот за уништување експлозивни направи пронашле и сомнителна кутија, по што била извршена контролирана експлозија за да се неутрализира евентуалната втора бомба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОрхан Муртезани стапи на функцијата во НАТОНовиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер за европски прашања, Орхан Муртезани.Денеска стапи на функцијата, а упати благодарност до генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, за „топлиот прием“ при официјалното предавање на акредитивните писма. Муртезани во објава на социјалните мрежи напиша дека Македонија има свое место, свој глас и сојузници во НАТО“.Тагови: Орхан Муртезани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефонМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вчерашното гостување во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија официјално најави дека во октомври ќе биде промовирана новата мобилна апликација м.Услуги.„Можам официјално да најавам дека во октомври ќе организираме настан на кој ќе ја промовираме мобилната апликација м.Услуги. Во неа ќе бидат достапни електронски верзии на личната карта и возачката дозвола, како и две електронски услуги за граѓаните“, истакна Андоновски. Преку м.Услуги, граѓаните на едно место ќе можат да пристапуваат до личните документи во дигитална форма како и до електронските услуги на администрацијата. Целта е државните услуги да станат подостапни и поедноставни за користење, директно преку мобилен телефон. Министерот посочи дека во изминатиот период интензивно се работело на прашањата поврзани со сајбер-безбедноста, заштитата и начинот на чување на личните податоци, како и нивната размена со Министерството за внатрешни работи, кое е сопственик на податоците. „Во завршна фаза сме на усогласување и потпишување на протоколот за размена на податоците, како и на тестирањето на апликацијата. Сакаме, пред таа да биде достапна за сите, да бидеме сигурни дека системот е стабилен, безбеден и едноставен за користење. Апликацијата ќе биде достапна на App Store и Google Play, а нејзината тест-верзија досега ја презедоа околу 6.000 граѓани“, рече Андоновски. Следниот чекор во дигиталната трансформација е мобилниот телефон постепено да стане дигитален паричник преку кој граѓаните безбедно и едноставно ќе пристапуваат до своите документи и до услугите на државата. Во прилог Ви проследуваме фотографии како и линк од гостувањето на Министерот: https://www.youtube.com/watch?v=KA_R3ZvcdVoТагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институцииПрипадници на одделот за сузбивање на организиран криминал при бирото за јавна безбедност извршиле претреси на повеќе локации и привеле повеќе лица.Според неофицијалните информации, реализацијата на случајот била забрзана откако еден од главните осомничени се обидел да ја напушти државата. Се истражува дали преку лажирање извештаи и уплатници биле прикривани, а потоа и пренасочувани парични средства. во истрагата, неофицијално, се опфатени повеќе физички лица и правни субјекти, а дел од осомничените наводно се вработени и во државни претпријатија. Првичните информации се дека штетата се проценува на повеќе од 13 милиони денари, односно над 210.000 евра. Акцијата и утрово сè уште е во тек, а се очекува во текот на денот надлежните институции да соопштат повеќе детали за бројот на приведени, сомневањата за конкретните кривични дела и опфатот на истрагата.Тагови: полициска акција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00