Експлицитни снимки на девојки, па дури и на деца откриени во група на „Телеграм“ - Канал 5

Експлицитни снимки на девојки, па дури и на деца откриени во група на „Телеграм“

Одговорот на основачот е скандалозен!

Експлицитни снимки на девојки, па дури и на деца откриени во група на „Телеграм“

Експлицитни фотографии и видеа од девојки и малолетнички беа споделени во групата „Нишлијке“ на апликацијата „Телеграм“, која брои околу 24.000 членови и постои околу два месеца.

Сташа Ивковиќ успеала да се зачлени во оваа група со лажен профил, од кој беа прикажани застрашувачки преписки во кои се гледа како десетици илјади луѓе објавуваат слики и снимки од жени и девојки кои или не знаеле дека се фотографирани и снимени или не дозволиле материјалот да биде објавен. Таа истите ги сподели јавно на Твитер.

Со горчлива симболика, целата приказна избувна на Денот на жената.

За скоро секој поголем град во Србија, постои група во која се споделува не само експлицитна содржина, туку и недозволена. Млади момчиња од цела Србија разменуваат фотографии од голи девојки со многу одвратни коментари и си ги препорачуваат едни на други.

- Само да потенцирам дека не постојат само слики и снимки од голи девојки, туку има и детска порнографија и снимки од силување. Се бараат снимки од малолетни актерки, се фотографираат девојчиња на улица, кои само шетаат, се облечени сосема нормално - продолжува Ивковиќ.

Ова е типичен пример за електронско сексуално насилство или одмазничка порнографија. Овој вид однесување е законски признато во странство како форма на сексуално насилство - „revenge porn“.

По скандалот се огласи извесен Немања Стојиљковиќ, кој се претстави како основач на групата „Нишлијке“. Тој вели дека не се чувствува виновен. Во големата болка и штета нанесена на бројните жртви чии фотографии, адреси и телефонски броеви беа постојано објавувани, тој не гледа ништо спорно, иако призна дека во групата се разменувале фотографии од девојчиња без нивно одобрение.

Специјалното обвинителство за високотехнолошки криминал работи на собирање податоци и факти за овој случај, а кога ќе го завршат извештајот ќе донесат одлука за понатамошниот тек на постапката. За овие злосторства, постојат казни кои може да се движат од парична казна до три, пет или десет години затвор, во зависност од тежината на последиците.

Извор: Blic.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер