Експертите апелираат покрај противпожарни системи да се инвестира и во соодветна вентилација - Канал 5

Експертите апелираат покрај противпожарни системи да се инвестира и во соодветна вентилација

„Пожари имало, има и ќе има. Ние во иднина треба да направиме да немаме загуби од човечки жртви“, објаснува експертот во поставување на системи од зашитата на пожари Горан Андреев. 

Експертите апелираат покрај противпожарни системи да се инвестира и во соодветна вентилација

Андреев како машински инженер со објаснувањето дека јаглеродот моноксид е првата причина на загинување на луѓе во пожарот го потврдува и целосно се согласува со наодите од судска медицина, дека причина за сите 59 загинати на кои им беше направена обдукција причината е труње со јаглерод монокосид. Тој објаснува дека сите објекти треба да имаат системи за очадување каде во моментот на пожар ќе се помогне чадот да не ги попречи да го напуштат објектот.

„Сите тие работи што ги кажавме противпожарни апарати, хидранти е дел од интегрираниот систем од целокупна заштита. Но, број еден по мене е системот на очадување и детекција на просториите и објектите каде се наоѓаат луѓе. И со тој систем вие во суштина допринесувате за намалување на јаглерод моноксид во самиот објект каде што се наоѓаат луѓето и доведување до свеж воздух да го напуштат објектот здрави и живи. Една работа сум сигурен дека толку жртви немаше да има, ќе им се дадеше доволно време на луѓето, на децата да го напуштат објектот и да можат безбедно да излезат надвор, изјави Андреев.

Андреев покажа дел од презенатациите каде се гледа за колку кратко може да изгори една просторија и колку брзо се создава чад. Истите снимки Андреев им ги пушта на сопственици на објекти во изградба со цел да се покаже ризикот од неправилно поставување на системите за вентилации. Од 2008 година неуморно објаснува за важноста на системите. Презентациите им влијаат неколку дена, но потоа се прашањата дали навистина се потребни? Земјите во Европска Унија имаат и законска обврска, но и и висока свесност за загуба на човечки животи.

„Можам да кажам искуството во Австрија како е. Се оди пред се во заштита на луѓето. Животот на човекот е непроценлив и дури и спонзоирани предавања од државата“, потенцира Андреев.

Андреев во делот на заштита на станари во станбени згради потенцира дека оние кои имаат пожарникарски скали, итно и веданш да бидат достапни и станарите да ги одржуваат за таа цел. Користење само во случај на пожар.

YouTube video

Огромно парче мраз падна од небото- на неколку метри си играат деца

Жителите на мирната населба Мортон, во близина на Филаделфија, беа сведоци на чуден инцидент, бидејќи огромно парче мраз падна од небото право во дворот на една куќа.

Огромно парче мраз падна од небото- на неколку метри си играат деца

Сето тоа се случило во неделата, на 14 април, околу 15:30 часот по локално време, а сведок бил Зек Кларк, кој го шетал своето куче, пишува Newsweek.

Никој не е повреден.

Неговиот брат Мет Кларк ја извести јавноста за необичниот настан на Редит каде објави и фотографија од огромно парче мраз.

Тој објасни дека Зак прво слушнал звук сличен на „ниско летачки хеликоптер“, а потоа силен тресок кога мразот паднал од небото. Неколку моменти подоцна видел мраз во дворот на соседот.

За среќа немало повредени, иако на само неколку метри си играле деца. На фотографијата може да се види и вдлабнатината во земјата која мразот ја направил по ударот.

Можеби е „син мраз“?

Во овој момент, неговото потекло е нејасно, иако се претпоставува дека е „син мраз“ (замрзната отпадна вода случајно одвоена од авионот).

Мет верува дека излетал од патнички авион, кој, според FlightRadar24, во тоа време бил на височина од 5.480 метри.

„Нема начин да бидеме сигурни дека мразот дошол од тој авион, но тоа го претпоставуваме врз основа на достапните информации“, рече тој.

Остров полн со злато сака независност од матичната држава: Имаме понуда за Трамп

Остров богат со злато и стратешки непроценлив сака да се отцепи од својата матична земја и има необична понуда за американскиот претседател Доналд Трамп.

Остров полн со злато сака независност од матичната држава: Имаме понуда за Трамп

Имено, островот Бугенвил, кој е дел од Папуа Нова Гвинеја, пред малку му упатиле интересна понуда на Трамп: „Дајте ни независност, а за возврат ќе станеме нова американска територија“.

Таквата понуда би можела да биде привлечна за Трамп бидејќи на Бугенвил има рудник за злато. Покрај тоа, овој остров има и стратешка вредност со оглед на неговата локација во Пацификот, пишуваат британските медиуми.

Сепак, иако веста е повторно актуелна, таа не е нова. Имено, островот му е понуден на Трамп од октомври минатата година, пред актуелниот американски претседател по вторпат да влезе во Белата куќа.

Ишмаел Тороама, поранешен командант на бунтовниците, тогаш апелираше до Трамп да ја поддржи независноста на островот.

„Бугенвил сака независност. Тоа е само прашање на време“, рече тој, поставувајќи ја 2027 година како краен рок за постигнување на целите. Во Трамп најде одличен партнер кој ќе му помогне да ја постигне таа цел.

Иако многумина, а тоа секако го вклучува и американскиот претседател, никогаш не слушнале за овој остров, тој е дом на сериозно минерално богатство. Тој е дом на рудникот Пангуна, кој некогаш бил еден од најголемите извори на бакар и злато. Според проценките, рудникот содржи 5,84 милиони тони бакар и 566.000 килограми злато! Сето заедно, зборуваме за 60 милијарди долари, по денешната пазарна вредност.

Дополнително, поради своите минерални резерви и локацијата северно од Австралија, островот се смета за пригоден имот во светлина на кинеско-американскиот антагонизам.

Иан Кемиш, висок комесар на Австралија во Папуа Нова Гвинеја, не е убеден.

„Мислам дека нема да биде од голем интерес. Но, од геополитичка гледна точка, независен Бугенвил може да биде корисен или за САД или за Кина“, изјави Кемиш за британски Сан.

Иако 98 проценти од населението ја поддржува независноста, патот до целосна независност е долг и кривулест. Парламентот на островот не планира да дозволи одвојување на овој регион богат со минерали, пишува Јутарњи.

„Собранието не го сака тоа. Партиите досега избегнуваа конфронтации, но се уште има многу тензии“, вели Кемиш.

Тензиите се вкоренети во крвавата историја. Бугенвил прогласи независност во 1975 година, но беше проголтан од Папуа следната година, а потоа граѓанската војна траеше од 1988 до 1997 година. Илјадници луѓе загинаа.

Мирот беше склучен во 2001 година и во тоа време беше договорен референдум на островот. Се одржа во 2019 година, но правната независност зависи од одобрението на парламентот и таму нема голем интерес процесот да се доведе до крај.

Кога Папуа Нова Гвинеја го пропушти рокот за ратификација на референдумот во 2023 година, сомнежите почнаа да растат.

„Тие веруваат дека е загрозен територијалниот интегритет на земјата. Ако еден дел си замине, ќе следи и другиот“, заклучува Кемиш.

Рудникот Пангуа беше уништен за време на граѓанската војна, но денес е столбот на сонот за економска независност.

„Сакаме да го отклучиме нашиот потенцијал. Никој нема да го спречи нашиот народ“, рече Тороама.

Островот е дом на 300.000 луѓе и доколку се раздели би бил меѓу најмалите земји во светот. Нивните најблиски соседи се на Соломонските Острови, кои веќе се сочувствителни на Пекинг.

Иако понудата на Бугенвил датира од крајот на минатата година, доколку Трамп деновиве го читаше британскиот печат, тој може да биде заинтересиран за предлогот. Американскиот претседател веќе изрази желба за проширување на територијата на САД. Зборуваше за тоа како ќе го земе Гренланд, и рече на Канада дека треба да стане нова сојузна држава. Бугенвила практично му се нуди на послужавник, со значајна мамка - рудник за злато.

Најубавата жена му испрати порака на вереникот- Сидни запеа караоке, откако ја откажа свадбата

Природата на врската помеѓу Сидни Свини и нејзиниот вереник Џонатан Дејвин е повторно главна тема.

Најубавата жена му испрати порака на вереникот- Сидни запеа караоке, откако ја откажа свадбата

Актерката сега поттикна нова лавина гласини изведувајќи една од најпознатите песни за раскинување.

Свини беше снимена во караоке бар како го пее хитот на Адел, Someone Like You. Во видеото објавено на TikTok таа го отпеа стихот „Не е важно, ќе најдам некој како тебе“ и покажа кон публиката.

Видеото е прегледано повеќе од 500 илјади пати, а гледачите не ја пропуштија можноста да шират гласини. „Имам чувство дека ова беше лично“, „Не дај Боже жената да сака да се опорави од раскинувањето“, „Добро за неа“, напишаа некои под видеото. Некој друг тврдеше дека снимката е направена за време на Нова година.

@tmz #SydneySweeney's singing those breakup blues away -- she let loose at a karaoke bar in Key West, Florida last night while taking on #Adele's breakup anthem, "Someone Like You." #Exclusive ♬ original sound - TMZ

Ја откажале свадбата поради напнатост во врската?

На крајот на март беше објавено дека Сидни Свини и Давино ја откажале својата венчавка поради преголема напнатост во нивната врска. „Сидни и Џонатан имаат големи проблеми, но сè уште не се целосно раскинати“, рече упатен во средата. "Нештата не се баш најдобри во моментов, но тие се уште не се откажуваат. Работат на својата врска, но засега ја откажаа свадбата", рекол извор за Us Weekly.

Свини и Џонатан Давино неодамна беа фотографирани во Беверли Глен Дели, каде наводно поминале еден час пред да продолжат со нивната прошетка. Двајцата беа лежерно облечени и носеа очила за сонце, а друштво им правеше и кучето на Сидни, Тенк. Овие фотографии доаѓаат откако Свини неодамна беше фотографирана без свршеничкиот прстен.

Гласини за врска со Глен Пауел

Недолго потоа се појавија гласини дека Свини е во врска со Глен Пауел, со кого глумеше во филмот Anyone But You. Тие беа снимени во еден мексикански ресторан на свадбата на сестрата на Пауел, Лесли, но добро информиран извор негираше дека тие во тоа време се забавувале. Истото го кажала и мајката на Пауел, Синди, додавајќи дека Свини и Пауел се само добри пријатели.

притисни ентер