Експерти за врски откриваат што не би требало да правите после кавга со партнерот - Канал 5

Експерти за врски откриваат што не би требало да правите после кавга со партнерот

Кавгите помеѓу партнерите се вообичаена работа, иако на многу парови во тие ситуации им се чини дека е крај на светот. 

Експерти за врски откриваат што не би требало да правите после кавга со партнерот

Сепак експертите предупредуваат кои нешта не треба да ги правиме после кавга за дополнително да не ја влошиме ситуацијата.

Не однесувајте се како ништо да не се случило

Игнорирањето на фактот дека сте скарани или преправањето дека кавгата не се случила, не е добра идеја.

„Игнорирањето на расправијата значи дека вашиот партнер е задоволен со исходот, но настојувањето повторно да се поврзете по кавгата е клучно за успешен исход. Разговорот за тоа што сте го научиле од расправијата може да помогне во поправање на штетата“, вели Лесли М.В. Доарес, советничка брак, автор на книгата „Траен брак“: Како да го создадете вашето „среќни засекогаш“ со повеќе елан, а помалку труд (Lasting Marriage: How to create your happily ever after with more intention, less work)

Ако нa партнерот не му укажете дека ви пречи она за што сте се расправале, во иднина вашите расправии би можеле да бидат поинтензивни, вели стручњакот за запознавање Лорел Хаус.

Не ги споделувајте јавно деталите од вашата кавга

Нормално е да барате потврда од пријателите или семејството дека сте во право кога станува збор за кавгата, но деталите од тоа не треба јавно да се споделуваат. „Ова може штетно да се одрази на довербата што партнерот ја има во вас“, вели Марни Фоерман, лиценциран психотерапевт.

Штом јавно ќе кажете нешто, луѓето почнуваат со проценка на вашата врска. „За разлика од вас, она што сте го кажале, ним ќе им биде потешко да го простат или заборават“, вели стручњакот за запознавање Лорел Хаус.

Не дозволувајте да помине премногу време пред да ги решите проблемите од расправијата

Колку подолго трае расправијата, толку повеќе ќе се лутите. „Гневот и повредените чувства може да растат ако не се решат навреме“, вели Антонија Хол, психолог, експерт за односи и автор на „The Ultimate Guide to a Multi-Orgasmic Life“.

Покрај тоа, колку повеќе време минува, потешко се сеќавате на причината за расправијата, а тоа го отежнува решавањето на проблемот. Откако страстите ќе се смират, екпертите советуваат повторно да го разгледате проблемот и да го решите.

Не бидете тврдоглави и прифатете го извинувањето

Важно е да се прости. Ако вашиот партнер ви понуди искрено извинување, прифатете го. „Простувањето е добра пракса во долгите врски“, вели психотерапевтот Марни Фоерман. Ако сè уште сте лути или вознемирени, тврдоглавото неприфаќање на извинувањето од партнерот само ја влошува ситуацијата.

„Со неприфаќање на неговото извинување, вие продолжувате да го казнувате и му порачувае дека, што и да прави или каже, не е доволно добро“, вели Лорел Хаус. А, тоа води до подлабок проблем. Ако не можете да го прифатите извинувањето, размислете што треба да направите за да ја вратите довербата во врската.

Не спомнувајте ги старите кавги

Спомнувањето на деталите од претходните кавги, доведува до бескрајна расправија. Ако сте ја решиле претходната кавга, најдобро е да не ја спомнувате повторно.

„Со изложување на старите конфликти, повторно ја активирате кавгата и му давате до знање на вашиот партнер дека претходните одлуки и договори не значат ништо“, вели експертот Стејси Лора Лојд.

Не барајте изговори за расправа

Стресот, лошото време, сообраќајот... За кавгата можете да ги обвините речиси сите фактори околу вас, но не правете го тоа. „Извинувањето не е извинување ако кажете: „Жал ми е, но...“ – вели Голдстајн. „Изговорите даваат можност да изгледате како да се ослободувате од секаква одговорност“, вели Џим Вокуп, лиценциран брачен советник во Њујорк.

Извор: www.index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртви

Демократска Република Конго регистрираше повеќе од 11.000 случаи на ебола во текот на изминатите шест месеци, при што речиси половина од заразените починале, објави денеска германската новинска агенција ДПА.

Епидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртви

Реалниот број на смртни случаи би можел да биде и поголем. Експертите предупредуваат дека вирусот можеби се ширел незабележано уште од февруари – неколку месеци пред епидемијата официјално да биде прогласена на 15 мај.

Еболата е тешка заразна болест предизвикана од група вируси. Таа може брзо да доведе до губење течности, воспалителни реакции, нарушувања во згрутчувањето на крвта и, на крајот, до откажување на органите. Колку подоцна ќе започне третманот на симптомите, толку е поголем ризикот од смртен исход.

За овој сој не постои одобрена вакцина или третман

Раните симптоми на еболата можат да наликуваат на оние кај други болести, како што е маларијата, што во одредени случаи доведува до доцнење во изолирањето и лекувањето на пациентите. Сузбивањето на тековната епидемија е особено предизвикувачко бидејќи не постои одобрена вакцина или специфичен третман за сојот на вирусот познат како „Бундибугио“.

Досега, еболата се прошири во осум покраини во ДР Конго, а ги премина и границите на земјата. Случаи се пријавени во Кенија, Нигерија и Уганда.

Според здравствените власти, децата се најтешко погодени. Тие сочинуваат значителен дел од потврдените случаи, а истовремено се соочуваат и со поголем ризик од смртен исход.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов

На 12.11.2026 во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М.(66) и Т.М.(76), двајцата од село Бистренци, демиркаписко.

Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов

Претходно, од ловечко друштво „Вардар“ Неготино било пријавено дека на 10.11.2026 на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов, по што полициски службеници презеле мерки и активности за нивно пронаоѓање. По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршени биле претреси во домовите на М.М. и Т.М., при што во домот на М.М. биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни, а во домот на Т.М. биле пронајдени и одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност.

Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер