Експерти: Владата доцни со енергетскиот план за претстојната зима

Професорот по енергетика Константин Димитров за Канал 5 вели дека домашните капацитети се во лоша состојба и се помалку произведуват електрична енергија, па најавите дека допрва ќе се набавуваат енергенси ги смета како несериозни.

Владата доцни со енергетскиот план за претстојната зима, сметаат дел од експертите, откако министерот за економија Крешник Бектеши пред некој ден најави дека од следниот месец ќе се прогласи кризна состојба се со цел ЕСМ со 100те милиони евра од ЕБОР да набавува мазут и јаглен. Професорот по енергетика Константин Димитров за Канал 5 вели дека домашните капацитети се во лоша состојба и се помалку произведуват електрична енергија, па најавите дека допрва ќе се набавуваат енергенси ги смета како несериозни.

„Јас како граѓанин не се чуствувам безбеден, сум загрижен дека и покрај верувањата на Владата нема да е се мазно. / Доколку нема од кај да се купи, ако има блокади на границите епа можни се рестрикции. Ако не сме купиле досега, не сме направиле долгорочни договори ќе купиме, ќе имаме проблеми.“ изјави за Канал 5 Константин Димитров, енергетски експерт.

Дека власта неподготвена ја дочекува претстојната зима смета и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски вели дека е против воведување на нова кризна состојба во енергетиката, бидејќи како што кажа најпрво треба да се провери колку од досега предвидените финансиски средства за кризата се потрошени..Обвинува дека власта сака да воведе енергетска криза се со цел да може да склучува договори во четири очи

„Јас сум против воведување на енергетска кризна состојба и ќе отворам дебата за да видиме каде отидоа парите од граѓаните во изминатиов период под превезот на енергетската криза. Да видиме колку тендери се потпишани во четири очи, колку пари отидоа за ископ во РЕК „Битола“, колку пари отидоа за мазут во „Битола“, „Осломеј“, ТЕЦ „Неготино“, колку пари отидоа за поддршка на ликвидноста на ЕСМ за да набавува електрична енергија. Сакам прво да видам каде отидоа народните пари, па дури потоа можеме да зборуваме за поддршка на следната, условно кажано, кризна состојба поврзана со енергетската криза.“ изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за економија Крешник Бектеши пред некој ден го објави планот за справување со енергетската криза, според кој предвидено е во функција да се стават сите домашни капацитети. Ако се оди според предвиденото и доколку нема забрана за увоз на струја како што еднаш направи Бугарија - не се очекуваат рестрикции со струјата.

-Владата бара и алтернативи за рускиот гас. Земјава нема да го плаќа во рубљи ако така одлучат европските држави, па доколку секне испораката - преку писмо ќе се бара Газпром да ослободи дел од цефките за да може да се набавува од други земји. А, во игра е и опцијата – топланите наместо на гас да работат на мазут, министерот Бектеши.

Инаку, Европа веќе го презентираше кризниот план за штедење за претстојната зима.

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Велешката полиција поднесе кривична пријава против М.В.(44) од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. 

Како што информираат денеска од МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

Учениците од понеделник на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта  во Македонија од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен од оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

Миовски фудбалер на годината на Абердин

Репрезенативецот на ѐмакедонија, центарфорот Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

Фудбалскиот клуб Абердин го прогласи македонскиот напаѓач Бојан Миовски за најдобар играч во тимот за сезоната 2023/2024.

Ова и не е толку големо изненадување ако се знае дека штипјанецот се најде и во идеалниот тим на сезоната во шкотската Премиер лига. Покрај тоа, Бојан е прв стрелец на Абердин, незаменлив е во првиот состав и главен адут на тимот.

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

притисни ентер