3Норвешка се прости од кралот Харалд V – на погребот пристигнаа крунисаните глави од целиот свет (ФОТО)
МакедонијаЕКСКЛУЗИВНО - кои се 12те точки на Анексот на Бугарија?ВЕСТИ ОД ИДНИНАТА - 14 Јануари 2021. Овој текст е козерија/фикција и не ја одразува стварноста, и има за цел на сатиричен начин да ги претстави општествено-политичките моменти во кои се наоѓа Македонија овој период.Денес е 14 Март 2021 год, а нашата и ваша телевизија, Канал 5 ТВ, ЕКСКЛУЗИВНО ги дозна кои се сите 12 точки кои ги најави Каракачанов, а за кои нашата Влада ќе треба да се произнесе. ВЕСТИ ОД ИДНИНАТА - 14. Јануари 2021- Кои се 12 точки на Бугарскиот Анекс? 1.Македонија да го отстапи своето место на Бугарија на годинешново Европско Фудбалско Првенство. Доколку Уефа не го дозволи тоа, тогаш Македонија да прифати најмалку 8 Бугарски играчи во тимот од кои 6-ца мора постојано да се во екипата. Задолжителна позиција е голманската! 2.Поради фактот дека Бучковски има искуство со тенкови и тенковски делови, Македонија да земе обврска за производство на тенковски делови, исклучиво производство само на отворот на тенковите со капак, при што дијаметарот на отворот да биде зголемен за додатни за 50 цм. Се со цел соодветниот Министер да може да влезе кога ќе посака во секој бугарски тенк, без притоа да има проблеми при влезот како досега. 3.Во новата образовна програма, Македонија да воведе задолжителен предмет од 1во до 9то одделение - „Масовна Хипноза“. Предавачи ќе бидат Бугарски хипнотизери, со цел , на мирен начин да се помириме со нашето исто и заедничко минато со Бугарите и истото да го прифатиме без никакви поголеми проблеми. 4.Дополнително во новата модификувана образовна програма од денес воведува, покрај спојувањето на предметите Историја со Географија, спојување и на предметите Македонски јазик кој ќе се спои со предметот Бугарски Јазик, и ќе се добие еден нов предмет - Мајчин јазик 5.Македонија да побара генерална забрана од Фејсбук и Твитер за корисниците на овие сервиси во нашата земја во кои ќе се користат следниве зборови во постовите и коментарите како што се: татари, червени,чорапогашти, двки, фашисти и други термини, кои заедничката комисија дополнително ќе ги дефинира. Со ова Бугарија очекува а Македонија се согласува дека ќе се намали големиот говор на омраза кој доаѓа само од наша страна. 6.Да се вратат старите Македонски средби од двете страни на границата на Македонија и Бугарија кои беа познати под името „свиждање/свиждања“ кои сега може да го сменат името во „свирнување/потсвиркување/засвиркување“ , по избор на Македонската страна 7.Да се изврши замена на локациите на Бугарската Амбасада со Американската Амбасада, на Кале, со што ќе се даде признание на поддршката на Захариева на Американскиот народ од пред некој ден на Твитер 8.Македонија да предложи, на своја иницијатива најмалку 5 македонски и 5 светски имиња да се изврши корекција на нивните корени, кои од сега ќе имаат Бугарски корени. Канал 5 неофицијално дознава дека од нашите 5 великани ,на предлог на Бугарската страна, во игра се повеќе лица и тоа : ЉуБчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Лазар Колишевски, Радмила Шеќеринска, Гоце Делчев, Антонио Милошоски, Цар Душан, Игор Џамбазов и Петре Шилегов, а од странските : Мајкл Џексон, Диего Марадона, Нил Армстронг, Кублај Кан и Гај Јулие Цезар. Овој список на 5те странски великани може да претрпи промени ( Канал 5 дознава дека се појавил некој мал проблем со Мајкл Џексон и Кублај Кан ), но само по барање на Бугарската Историска Група 9.Отсега сите верски православни церемонии, настани и обреди задолжително ќе се изведуваат само на бугарски јазик. 10.Спомен плочите на кои пишува дека одредени партизани во Втората Светска Војна го дале својот живот или биле убиени од Бугарски Фашистички Окупатор се менуваат со една универзална на целата територија на Македонија на која ќе пишува „На ова место, во несреќен случај во Втората Светска Војна загинаа тие и тие помагајќи и на Бугарската Ослободителна Војска до конечна победа и ослободување на Македонија од чизмата на Германскиот Фашистички Окупатор“ 11.Македонија ќе дозволи отварање на неколку големи Бугарски компании на своја територија , првата за која веќе дознаваме дека е договорена е познатата фабрика за издувни елементи за леки и тешки возила која ќе се вика - „Аспарух“, како и да се дозволи купување на една Телевизија ( Канал 5 ТВ дознава дека нашата компанија е Телевизијата за која Бугарите се најмногу заинтересирани ) , но и на една Банка. 12. Се одредува само еден датум од историјата кој заеднички ќе се прославува а тоа е: 3 март , Ден на Ослободувањето на Бугарија , кога на Градскиот Стадион ќе се организира слет во Скопје, на кому пак ќе му претходни носење на повторно возобновената Штафета од страна на ученици и младинци низ цела Бугарија и Македонија еден цел месец, а на самиот ден, 3 март,свечено ќе му се предаде на Бугарскиот Амбасадор во Македонија на Северната Трибина. Канал 5 дознава дека само мал дел од точките не биле првично прифатливи за нашиот преговарач г-динот Бучковски, кој самиот се понудил и тој да биде еден од 5те Македонски великани кои ќе признаат јавно дека има бугарски корени, но сепак оставил период од 7 дена да се консултира со Македонската Влада и да даде конечен одговор на овој анекс. Од друга страна Бугарија ветува дека веднаш ќе ја извести ЕУ дека сите проблеми со братска Македонија се надминати , при што двете страни потврдуваат дека со овој Анекс на Договорот за Добрсоседство, нема никакво мешање во идентитетските, јазичните или историските прашања, а Македонија ќе мора да го потврди истото со депеша до канцеларијата на ЕУ во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
ЕвропаМеркел е шокирана од победата на АфД: Ова е пресвртница во историјата на Германија (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави во вторник дека е шокирана од изборниот успех на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) во покраината Саксонија-Анхалт.„Ова е едноставно шокантно“, изјави Меркел на саемот за технологија Digital X во Келн, објави Дојче веле. Таа додаде дека тоа е „вистинска пресвртница“, коментирајќи го фактот дека нејзината партија, Христијанско-демократската унија (CDU), претрпе пораз и изгуби половина од претходната поддршка на изборите во недела. „Како членка на CDU, ова многу ме боли. Ова е пресвртница, вистинска пресвртница во историјата на Сојузна Република Германија“, рече Меркел, која ја водеше германската влада од 2005 до 2021 година, според Дојче веле. Меркел изјави дека е загрижена што фактите повеќе не се важни за многу луѓе, додека емоциите, рече таа, доминираат во јавните дебати. Таа ја наведе Саксонија-Анхалт како пример, каде што, според неа, економските индикатори се подобрија, но некои граѓани очигледно не го чувствуваат овој напредок. Таа рече дека токму ова е проблемот, кога емоциите почнуваат да ги надминуваат фактите. „И тогаш лидерот на AfD, Улрих Зигмунд, вели: „Можеби, но луѓето не го чувствуваат тоа така“, рече Меркел во врска со економските индикатори во покраината Саксонија-Анхалт. Germany's Merkel on the AfD’s victory in Sunday’s Saxony-Anhalt election: It’s simply shocking. At least, that’s how I felt. And nobody tried to sugarcoat it — not even the CDU. This is a turning point, a real turning point, that we are experiencing in the history of the… pic.twitter.com/qtcm46ZPy6 — Clash Report (@clashreport) September 8, 2026 Таа нагласи дека не смее да се дозволи таков пристап да стане мнозинска позиција во општеството. На изборите за парламентот на германската федерална покраина Саксонија-Анхалт, одржани во неделата, AfD освои 43,8 проценти од гласовите. CDU освои 17,2 проценти, додека социјалдемократската SPD падна на 9,3 проценти. Левицата освои 8,6 проценти, Зелените 8,9 проценти, а популистичко-левичарскиот сојуз BSV 5,3 проценти.Тагови: Ангела Меркел Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
ЗабаваСандра Булок за позирањето на црвениот тепих: Се обидувам да не правам глупави гримаси (ВИДЕО)Сандра Булок откри дека дури и по една деценија успешна кариера, сè уште не се чувствува удобно на црвениот тепих.Таа зборуваше за непријатноста и паниката што ја чувствува за време на премиерите и свечените настани во разговор со нејзината пријателка Џенифер Анистон, но и за време на други неодамнешни јавни појавувања. Актерката повторно беше во центарот на вниманието поради промоцијата на филмот „Магија 2“, пишува People. „Се чувствувам како срна под фаровите“ Разговарајќи со Џенифер Анистон за списанието Interview, 62-годишната Булок истакна дека ја видела својата колешка од „Магија 2“ Никол Кидман на црвениот тепих „можеби еднаш или двапати“ од нивниот прв заеднички филм во 1998 година. „Секогаш паничам на вакви настани“, се пошегува актерката и продуцентка. „Знаете колку ги „сакам“. Се чувствувам како срна под фаровите, се потам и се обидувам да не правам глупави гримаси“. Добитничката на Оскар објасни дека тешко се справува со својот јавен имиџ и ја нарече 57-годишната Анистон една од нејзините „протеже“. „Уште од детството бев многу повлечена. Ја излудував мајка ми со тоа. Тоа е едноставно дел од мојата личност“, рече таа. Анистон се согласи дека „теписите и интервјуата се најтешкиот дел“, но Булок имаше поинакво мислење. „Всушност, добро ми оди со интервјуата. Проблемот е позирањето“, одговори таа и се пошегува: „Сакам да бидам Зендаја, но никогаш нема да бидам Зендаја. Јас сум како нејзин чистач на чевли. Таа е величествена.“ Долгогодишна борба со стравот на сцената Булок претходно зборуваше за вознемиреноста што ја чувствува на филмските премиери. Во 2018 година, таа откри за InStyle трик што го користи за да ја одржи самодовербата. „Не сум личност што знае како да се „продаде“ пред камерите“, рече таа во тоа време. „Се обидувам да ја канализирам Бијонсе. Секој пат ја правам истата поза.“ Неодамна разговараше за истата тема со Ејми Полер во подкастот Good Hang. „Јас не сум човек за црвениот тепих“, рече Булок, но 54-годишната Полер не се согласи. „Не ни е местото на црвениот тепих“, додаде Булок, опишувајќи го искуството како „кошмар“. „Не е вистина“, одговори Полер. „Ти припаѓаш таму!“. Враќање по паузата Промоцијата на продолжението на филмот „Магија“ го означи враќањето на Сандра Булок на црвениот тепих по години отсуство од јавноста. Актерката се повлече од холивудските проекти додека нејзиниот партнер Брајан Рендал се бореше со амиотрофична латерална склероза (АЛС). Рендал почина во август 2023 година на 57-годишна возраст. „Магија 2“, во кој глумат Никол Кидман, Стокард Ченинг, Дајан Вист, Ли Пејс, Џои Кинг и Мејзи Вилијамс покрај Булок, се прикажува во кината овој четврток, 10 септември.Тагови: Сандра Булок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 14 загинати во експлозија на складиште со оружје во Сирија (ВИДЕО)Најмалку 14 лица загинаа, а 11 се повредени во експлозија во складиште за оружје и муниција во северозападната сириска покраина Идлиб, соопштија локалните власти во неделата.Локалните власти во Идлиб соопштија дека експлозијата се случила во близина на градот Сармада и предупредија дека бројот на жртви може да се зголеми. Министерството за одбрана на Сирија соопшти дека експлодирал привремен магацин каде што се собирало оружје останато од војната пред да се премести на други локации. Министерството соопшти дека неколку негови вработени се исто така повредени и дека неговите единици работат со властите за да ја обезбедат областа. Медицински извори во Сармада претходно изјавија дека осум лица се повредени. Спасувачките и службите за итни случаи го пребаруваат местото на експлозијата и ја проценуваат штетата. 🇸🇾 BREAKING! Footage captures the moment a weapons depot exploded in the Idlib countryside, Syria. pic.twitter.com/zMax4ThvIn — DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) September 9, 2026 Серија слични инциденти во регионот Експлозијата се случи само неколку дена по сличен инцидент во складиште за оружје во градот Биниш, исто така во покраината Идлиб. Во таа експлозија имаше и жртви. Идлиб и соседната покраина Алепо во последните години доживеаја голем број експлозии во складишта за оружје и муниција, што предизвика загриженост за опасноста за цивилите, бидејќи областа сè уште содржи голема количина оружје останато од долготрајната војна во Сирија.Тагови: експлозија Сирија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11