Екс светскиот шампион Германија нов предизвик за македонските фудбалери - Канал 5

Екс светскиот шампион Германија нов предизвик за македонските фудбалери

Четирикратниот светски шампион Германија нов предизвик за македонските фудбалери во квалификациите за Мундијалот во 2022. 

Екс светскиот шампион Германија нов предизвик за македонските фудбалери

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва од 20 -45 минути е на тешко гостување во Дуисбург против најголемиот фаворит за првата позиција во групата Ј, селекцијата на Германија.

За македонскиот национален тим кој Ево убиствен ритам за седум дена го игра третиот меч, ова е напревар за кој не е потребна посебна мотивација. Натпревар против селекција од светскиот врв, во кој нема што да се загуби, туку само може да се добие многу, со евентуелен позитивен резулат.

Досега нашите најдобри фудбалери покажале дека може да одиграат рамноправно и против најсилните тимови, како што беа мечевите во минатото против, Англија, Холндија, Шпанија, Италија..

За нашиот предводник ова е дуел за кој не е потребна посебна мотивација.

- Германија не е фаворит само против нас, туку е фаворит на сите светски и европски првенства. Ова ќе биде специјален меч за нас и ќе биде задоволство да се игра со ваков противник. Затоа не ни треба посебна мотивација и самото тоа што играме против поранешен светски шампион ни ја зголемува желбата и мотивот за надигрување. Против силни противници играме добро, изјави селекторот Игро Ангеловски на синоќешниот прес.

Слично размислува и капитенот Горан Пандев кој досега одигра многу вакви тешки напревари..

- За нас е чест што ќе играме против голем противник. Ние сме подготвени да го дадеме максимумот, иако ова ќе ни биде трет натпревар за седум дена. Тие се фаворити, тоа е јасно, но мораме да веруваме во себе и да веруваме дека може да ги изненадиме, истакна нашиот капитен Пандев.

Селекторот Ангеловски вечерва на располагање најверојатно ќе ги има сите повикани фудбалери, синоќешниот тренинг го одработија и рековалесцентите Дарко Велковски и Аријан Адеми.

По 2 кола во групата Ј на водечките две позиции со максимален ефект и 6 бода се Германија и Ерменија, Македонија е на третата позиција со 3 бода колку што има и четвртопласираната Романија. На последните две места без бодови се Исланд и Лихтенштајн .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

66 годишен кумановец почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје од западнонилска треска

На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 66- годишен од западнонилска треска, објави директорот Фадил Цана. 

66 годишен кумановец почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје од западнонилска треска

Пациентот бил со коморбидитети, односно имал и други болести. Директорот Цана изјави дека 66-годишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран на оваа клиника и бил со потешка клиничка слика.

Цана информираше дека досега биле хоспитализирани 66 пациенти, сега во моментов 11 се на Инфективна, од кои едно лице е во потешка состојба. Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективна е од 19 септември, односно овој викенд.

Последниот е деветти смртен случај на западнонилска треска во државава, а сите починати досега се мажи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Мексиканец осомничен за напад врз полицаец во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против мексикански државјанин поради сомнение дека сторил кривично дело – кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

ЈО: Мексиканец осомничен за напад врз полицаец во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против мексикански државјанин поради сомнение дека сторил кривично дело – кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик.

На 19 септември, за време на манифестацијата „Октобер Фест – звуците на културата“, во паркот „Ѓорче Петров“, осомничениот телесно повредил полициски службеник кој се обидел да го легитимира. Го удрил полицаецот со лименка пиво во главата, а потоа повторно физички го нападнал и го удирал по рацете кога полицаецот сакал да го приведе.

Имајќи предвид дека се работи за лице без пријавен престој во државава, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од бегство и до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за 31-годишниот осомничен, соопштија од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдено е: Си на средба со Трамп

 Кина потврди дека претседателот Си Џинпинг ќе оствари државна посета на Соединетите Држави, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. 

Потврдено е: Си на средба со Трамп

Кинескиот лидер ќе престојува во САД од 23 до 25 септември, на покана на американскиот претседател Доналд Трамп.

Првиот човек на САД, Трамп го покани Си во Белата куќа на 24 септември, за време на неговата посета на Пекинг во средината на мај.

Оваа посета ќе биде прва посета на Си Џинпинг на САД од 2023 година, кога тој отпатува во Калифорнија за состанокот на форумот за Азиско-пацифичка економска соработка (APEC) и се сретна со тогашниот американски претседател Џо Бајден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер