3Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
ЖивотЕко-акција на Водно со заедницата за е-трговијаНад 100 учесници од заедницата за е-трговија и останати ентузијасти успешно ја спроведоа еко-акцијата во која се собираше отпадот од пешачките патеки на планината Водно. Еко-акцијата, која беше во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија - АЕТМ, имаше за цел да го поттикне единството во секторот за е-трговија и паралелно да влијае на зачувување на природните убавини на Водно и на колективното зголемување на еколошката свест. Учесниците во еко-акцијата беа поделени во две групи за да се опфати што е можно поголем број локации на планината. Активностите за чистење ги опфатија следните локации - потегот од Средно Водно, паркинзите на Средно Водно, асфалтниот пат, Бабина патека од Средно Водно до врвот, Новогодишната патека од Средно Водно до врвот и пределот околу крстот на врвот на Водно. Учесниците во акцијата беа водени од страна на лиценцирани водичи од планинарскиот спортски клуб H2O, каде што го искачуваа Водно и собираа отпадоци по патеките. Лиценцираните водичи обезбедија суштинско водство и поддршка во текот на целиот настан, грижејќи се за безбедноста и зголемувајќи ја ефикасноста на учесниците. Во периодот на искачување во времетрање од околу 2 часа беа собрани вкупно 15 вреќи со смет од падините на Водно. По завршувањето на собирањето на сметот, следеше дружење во планинарски дом Даре Џамбаз со DЈ Foodieman, а беа обезбедени пијалаци од Скопска Пивара, бургери од Jojo's BBQ и здрави благи од Healthyish за сите учесници. - Како Асоцијација за е-трговија на Македонија често организираме едукативни и други настани за вмрежување на членовите, кои се дел од нашата годишна програма. Темите секогаш произлегуваат од потребите на членките и предизвиците со кои се соочуваат, а на настаните членките имаат прилика и да разменат искуства, да остварат соработки и да градат релации кои ќе им придонесат за развој на бизнисот. Овој пат решивме да направиме поинаков настан, односно еко-акција со која покрај спорт, дружење и нетворкинг со е-комерц заедницата ќе придонесеме и за заедницата во која што сите функционираме. Сите мора да тргнеме од себе и да веруваме дека со мали чекори заедно можеме да ги менуваме и подобруваме работите, изјави претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска. Еко-акцијата е реализирана со поддршката и соработката на партнерите - Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) и Пивара Скопје. Еко-акцијата на Водно, која послужи како инспиративен пример за колективно дејствување и еколошка одговорност, беше спроведена по прв пат. Покрај расчистувањето на планината, еко-акцијата имаше за цел и да ја подигне јавната свест за зачувување на животната средина, посочуваат од АЕТМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
СветНеславен рекорд на Владимир ПутинРуските сили претрпеа 42.860 загуби на персонал во јули, што е најголем месечен број од јануари 2025 година, соопшти украинското Министерство за одбрана, повикувајќи се на податоци од Генералштабот на вооружените сили на Украина.Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски персонал од февруари 2022 година достигнале 1.461.660 луѓе. Во текот на јули, украинските сили продолжија да ги напаѓаат руските капацитети за воздушна одбрана и логистика. Беа погодени 68 руски системи за воздушна одбрана, додека 13.998 возила беа уништени или оштетени, што е најголем месечен број регистриран за време на целосната војна. Министерството за одбрана изјави дека украинските сили претходно ги регистрирале своите најголеми месечни загуби на руската артилерија во јуни, кога повеќе од 2.000 руски артилериски системи беа уништени или онеспособени. Во текот на јули, украинските сили, исто така, погодија 162 руски тенкови, вклучувајќи 28 тенкови на 22 јули. Покрај тоа, беа уништени или оштетени 204 оклопни борбени возила и 2.016 руски артилериски системи. Украинското воено разузнавање користеше поморски беспилотни летала „Магура“, опремени со беспилотни летала „FPV“, за да нападне два руски лансери на системот за воздушна одбрана С-400 „Триумф“, како и антена што се користи за контрола на беспилотни летала „Орион“ во привремено окупираниот Крим. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„ChatGPT“ конечно доаѓа на „Linux“„OpenAI“ ја објави официјалната десктоп апликација „ChatGPT“ за „Linux“ платформи.„ChatGPT“ е присутен на компјутери низ целиот свет, но имаше едно место каде што недостасуваше: заедницата на „Linux“. Тоа сега се менува. Одредени сектори од заедницата на развивачи со отворен код долго време бараа од „OpenAI“ да го донесе својот четбот на нивните платформи. Почнувајќи од оваа недела, „OpenAI“ го решава тој недостаток со лансирање на наменска апликација „ChatGPT“ за „Linux“. „Linux е една од најбараните платформи за десктоп апликација, а ова лансирање ги проширува ChatGPT и Codex на сите главни десктоп оперативни системи“, соопшти компанијата. Now in preview: The ChatGPT desktop app for Linux. Use ChatGPT, ChatGPT Work, and Codex where you already work and build, with your projects and browser workflows on supported Linux systems. pic.twitter.com/OtsPt5N5QC — OpenAI (@OpenAI) August 11, 2026 Новата апликација, која се објавува како дел од рана верзија, ќе им овозможи на корисниците на „Linux“ да користат „ChatGPT“, „ChatGPT Work“ и „Codex“ на неколку различни дистрибуции. Апликацијата е достапна низ целиот свет почнувајќи од вторник. „OpenAI“ вели дека поддржаните дистрибуции вклучуваат десктоп варијанти за „Ubuntu 24.04“ и „26.04 LTS“, „Debian 13“, како и „Fedora 43“ и „44“. Целата заедница на „Linu“x вклучува стотици дистрибуции, иако дистрибуциите што „OpenAI“ ги избра тука служат како основа за голем број деривативни десктоп дистрибуции или варијанти, кои затоа треба да бидат компатибилни и со апликациите на „OpenAI“. The ChatGPT desktop app is now available in preview for desktop variants of these Linux distributions: • Ubuntu 24.04 LTS and 26.04 LTS • Debian 13 • Fedora 43 and 44 Install with .deb or .rpm packages for x64 or ARM64.https://t.co/BUiM8ttZnI — OpenAI (@OpenAI) August 11, 2026 „OpenAI“ е малку зад „Anthropic“, кој ја лансираше десктоп апликацијата „Claude“ за „Linux“ пред околу еден месец. Апликацијата на „Anthropic“ е достапна за „Ubuntu 22.04“ или понова верзија и „Debian 12“ или понова верзија.Тагови: ChatGPT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
АвтомобилизамОбјавено повлекување на „Volvo XC40“ поради ризик од пожар„Volvo“ објави повлекување на моделот „XC40 MY“ на српскиот пазар поради ризик од пожар.Повлекувањето опфаќа возила произведени помеѓу 2020 и 2022 година, како што е објавено на веб-страницата на Министерството за внатрешна и надворешна трговија (NEPRO). Се наведува дека „Volvo“ открил дека може да има потенцијален проблем со високонапонската батерија на засегнатите возила, што може да предизвика прегревање на ќелиите на батеријата кога батеријата е целосно наполнета. Во најлош случај, прегревањето на високонапонската батерија може да доведе до пожар. Според нив, за да се реши проблемот, прво е потребно да се прочита состојбата на ќелиите на батеријата, за да се утврди дали има неисправна ќелија што треба да се замени. Земјата на потекло на возилото е Шведска. Извор: Б92Тагови: Volvo Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook