АвтомобилизамЕК за 30 јануари закажа старт на Стратешкиот дијалог за иднината на европската автоиндустријаЕвропската комисија за 30 јануари најави започнување на Стратешки дијалог за европската автомобилска индустрија, на кој социјалните партнери и другите засегнати страни ќе разговараат за иднината и перспективите на овој индустриски сектор во ЕУ. - Оваа иницијатива ја нагласува посветеноста на Комисијата за заштита на иднината на автомобилскиот сектор, кој е витален за европскиот просперитет, а во исто време и ги унапредува нејзините климатски и пошироки општествени цели, се наведува во денешното соопштение на ЕК. Стратешкиот дијалог, чие одржување претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен го најави во обраќањето пред Европскиот парламент на 27 ноември минатата година, има за цел да ги ангажира индустриските играчи, социјалните партнери и засегнатите страни заеднички да ги согледаат предизвиците, да изнајдат решенија и да преземат конкретни активности. Со Стратешкиот дијалог ќе претседава Фон дер Лајен и тој ќе се состои од редовни состаноци на кои ќе учествуваат претставници на автоиндустријата, социјалните партнери, еврокомесари и други засегнати страни, вклучително и граѓанското општество, а во целиот процес најавено е учество и на Советот на ЕУ и Европскиот парламент. Клучните точки за дискусија ќе ги вклучуваат иновациите, чистата транзиција и декарбонизацијата, конкурентноста и издржливоста, трговски односи и меѓународните „еднакви правила за игра“ и регулаторното рационализирање и оптимизацијата на процесите, се наведува во соопштението. Комисијата потенцира дека ја препознава итната потреба за акција за заштита на европската автомобилска индустрија и за овозможување на нејзина иднина во рамките на Европската унија. - Европската комисија е посветена да работи со сите засегнати страни за да обезбеди долгорочна конкурентност, одржливост и издржливост на европската автомобилска индустрија. Стратешкиот дијалог е клучен чекор кон постигнување на оваа цел, се додава во соопштението, Во автомобилската индустрија во ЕУ се вработени над 13 милиони лица и таа придонесува со речиси седум отсто во вкупниот БДП на блокот. Во последниве години оваа индустрија се соочува со значителна трансформација, како резултат на процесите на дигитализација, мерките за декарбонизација, зголемената глобална конкуренција и нестабилниот геополитички пејзаж. Целта на Стратешки дијалог е токму соочувањето со овие предизвици и изнаоѓањето начини за усогласување и имплементирање на решенија што ќе ја одржат глобалната позиција на европската автомобилска индустрија. сКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамБританците составија листа на најдобри користени автомобили, Голф и за нив е најдобар Volkswagen Golf е прогласен за најпопуларен половен автомобил во Велика Британија во последните десет години, според ново истражување од автомобилската платформа CarGurus. За да ја одбележи својата десетгодишнина во Велика Британија, компанијата анкетираше 1.000 возачи на возраст од 27 години и повеќе за да ги испита промените во нивните преференции за купување половни автомобили од 2016 година. Најпопуларните модели на деценијата Иконата на компактната класа Volkswagen Голф ја освои титулата најпопуларен половен автомобил, пред BMW X3 и Audi Q3. Првите пет места ги заокружуваат Audi A3 и Opel, соодветно на нивниот пазар, Vauxhall Astra. Кога станува збор за типовите на каросерија, хечбековите беа избрани од 28% од возачите, додека средните и малите теренски возила освоија 21% и 15% од гласовите, соодветно. Истражувањето, исто така, покажа дека минивановите ја изгубија својата популарност во последната деценија. Крис Напман, уредник на CarGurus за Британија, изјави дека Golf со години претставува идеална комбинација од сигурност, практичност, дизајн и прифатлива цена, и дека резултатите покажуваат дека клиентите денес, покрај класичните критериуми, сè повеќе бараат напредна безбедносна опрема и технологија. Технологија што ги освојува клиентите Напредната технологија во возилата стана стандард, а не луксуз. Најценетите карактеристики се камерите со опција за преглед од 360 степени (30%) и системите за помош при паркирање (28%), додека влегувањето без клуч и стартувањето на моторот со притискање копче ги претпочитаат 25% од испитаниците. Од друга страна, контролата со гестови (7%) и онлајн ажурирањата (8%) го заземаат дното на скалата на популарност. Промена на приоритетите на клиентите Сигурноста (60%) и трошоците за одржување (54%) се сè уште клучни фактори при купување половен автомобил, но истражувањето покажува и јасен пресврт кон современите барања. Дури 70% од возачите денес обрнуваат поголемо внимание на безбедносните карактеристики отколку во 2016 година, 66% ја нагласуваат важноста на модерната технологија во возилото, а 61% се почувствителни на прашањата за емисиите и влијанието врз животната средина.Тагови: автомобили голф Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЛавров: Мерц всушност ни објавува војна Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделник изјави дека германските обвинувања за вмешаност на Москва во инцидентот со беспилотното летало на аеродромот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“.Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделник изјави дека германските обвинувања за вмешаност на Москва во инцидентот со беспилотното летало на аеродромот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“, објави руската државна новинска агенција ТАСС. „Сите изјави на Мерц за повторно претворање на Германија во водечка воена сила во Европа се спроведуваат во пракса. Тој всушност ни објавува војна“, рече Лавров, коментирајќи ги изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц. Германската влада на 1 септември објави дека има информации дека Русија е одговорна за обидот за напад со беспилотно летало на аеродромот Лајпциг/Хале минатиот месец. Затоа одлучи да одговори со низа мерки, вклучително и затворање на конзулатот и рускиот културен центар во Берлин. Русија ги отфрли германските обвинувања како неосновани, а Берлин ја обвини дека подметнува докази за да ја префрли одговорноста врз неа.Тагови: Лавров Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаГерманска ракета е лансирана во земјината орбита: Историски моментГерманскиот стартап „Исар Аероспек“ денес соопшти дека наскоро ќе ги прошири лансирањата на сателити, откако неговата ракета „Спектрум“ за прв пат беше лансирана во орбитата од вселенски центар во Норвешка.Германскиот стартап „Исар Аероспек“ денес соопшти дека наскоро ќе ги прошири лансирањата на сателити, откако неговата ракета „Спектрум“ за прв пат беше лансирана во орбитата од вселенски центар во Норвешка, што претставува пресвртница во напорите на Европа да обезбеди независен пристап до вселената. Беспилотната ракета „Спектрум“ стана првата комерцијална ракета што стигна до орбитата од континентална Европа, што е пробив за регион каде што неколку земји бараат упориште на брзорастечкиот пазар за лансирање сателити. „Способноста за лансирање во моментов е најголемото тесно грло во целата индустрија“, изјави за новинарите Даниел Мецлер, коосновач и извршен директор на „Исар“. „Исар“ е приватна компанија и сè уште е добро финансирана, рече Мецлер, додавајќи дека излегувањето на берза во моментов „не е опција“. Германскиот канцелар Фридрих Мерц го поздрави лансирањето со изјава во која го нарече „почеток на нова ера“. Мерц го посети местото за лансирање на „Исар“ во март и ги истакна напорите на Европа да воспостави поголема автономија, бидејќи глобалниот поредок, некогаш предводен од САД, се менува под водство на американскиот претседател Доналд Трамп. Лансирањето беше извршено од норвешкиот космодром Андоја, а Спектрум носеше пет мали сателити и технолошки експеримент, објави Исар. Ракетата е дизајнирана за растечкиот пазар на мали и средни товари. „Независниот пристап на Европа кон вселената штотуку доби голем поттик“, напиша комесарот на ЕУ за одбрана и вселена Андриус Кубилиус на социјалната мрежа X. Congrats to @IsarAerospace for historic launch from Andøya Spaceport, Norway! Europe’s independent access to space just got a major boost! 🇪🇺 Thrilled to see EU tools help startups scale from lab to launchpad and a visible European commercial space company. #EUSpace #Cassini https://t.co/p5X3Ut0B0R — Andrius Kubilius (@KubiliusA) September 6, 2026 Тоа беше второ лансирање на Исар, кое се случи 18 месеци откако првата ракета на компанијата падна во морето и експлодираше во огнен спектакл кратко по полетувањето од истата локација. Никој не беше повреден. Исар произведува уште пет ракети Исар објави дека во моментов произведува уште пет ракети и сега е фокусиран на зголемување на бројот на лансирања за да се задоволи зголемената побарувачка, со долгорочна цел од околу 40 лансирања годишно. Минатата недела, Исар објави дека обезбедил околу 200 милиони евра од Европската вселенска агенција за финансирање на развој на нови ракети и проширување на инфраструктурата за тестирање и лансирање. Глобалните играчи на пазарот за лансирање сателити ги вклучуваат американскиот „СпејсИкс“ на Елон Маск и француската „АријанГруп“, заедничко вложување помеѓу „Ербас“ и „Сафран“, која користи вселенски центар во Француска Гвајана во Јужна Америка. Шведска со својата лансирна рампа „Есранџ“ и Велика Британија со својот космодром „Саксаворд“ на шкотските Шетландски Острови се најблиските конкуренти на норвешката лансирна рампа и сите сакаат да ѝ обезбедат на Европа поголема автономија во вселенските летови.Тагови: ракета орбита Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook