ЕК ги прогласи „Порнхаб“, „ИксВидеос“ и „Стрипчет“ за „многу големи онлајн платформи“ - Канал 5

ЕК ги прогласи „Порнхаб“, „ИксВидеос“ и „Стрипчет“ за „многу големи онлајн платформи“

Врз основа на Законот за дигитални услуги (ДСА) на ЕУ, Европската комисија денеска донесе одлука со која интернет страниците „Порнхаб“, „ИксВидеос“ и „Стрипчет“ се прогласуваат за „многу големи онлајн платформи“. 

ЕК ги прогласи „Порнхаб“, „ИксВидеос“ и „Стрипчет“ за „многу големи онлајн платформи“

Како што соопшти Европската комисија, ваквата одлука е донесена затоа што е утврдено оти трите сајтови го исполнуваат условот утврден со ДСА да имаат во просек најмалку 45 милиони корисници во ЕУ на месечно ниво.

Со ова, трите веб страници се придржуваат на 19-те социјални мрежи, пребарувачи и сајтови за електронска трговија кои од претходно беа прогласени за „многу големи онлајн платформи“ и мораат своите услуги целосно да ги усогласат со одредбите од Законот за дигитални услуги најдоцна до 17 февруари 2024 година.

За разлика од нив, „Порнхаб“, „ИксВидеос“ и „Стрипчет“ ќе имаат рок за усогласување со правилата во наредните четири месеци. Усогласувањата се однесуваат на усвојување конкретни мерки за заштита на корисниците, вклучувајќи ги и малолетните лица, како и за соодветна проценка и ублажување на системските ризици од нивните услуги.

Извршната потпретседателка на Европската комисија за Европа прилагодена за дигиталната ера,

Маргрете Вестагер, оцени дека ваквата одлука ќе придонесе за поголема одговорност на овие сајтови во однос на нивните алгоритми и процеси.

- Платформите имаат одговорност кон благосостојбата на нивните корисници и кон нашето демократско општество. ДСА уште еднаш се покажа како суштинска алатка која осигурува дека технологијата ги почитува основните права на европските граѓани, порача Вестагер.

Еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон, пак, истакна дека со денешната одлука трите сајта сега имаат одговорност кон нивните корисници.

- Мора да ги заштитиме слободата на изразување и пристапот до законски содржини на интернет, но мора и да се бориме против неконтролираното ширење на содржини што се штетни за нашите граѓани, особено за помладите, рече Бретон.

Според него, благодарение на Законот за дигитални услуги, ЕУ може да го насочи погледот кон овие платформи и да бара одговорност од нив.

Денешната одлука следи откако на почетокот на минатиот месец 30-тина граѓански организации побараа од Европската комисија да ги вклучи главните порно веб-странци во групата на „многу големи онлајн платформи“, со што би морале да ги почитуваат строгите правила утврдени со Законот за дигитални услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.

ФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија.

Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции:

1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици.

2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација.

3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија.

4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа.

Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент.

„Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај.

Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Славна убавица не се откажува лесно од бикинито

Светскио топ модел нема така лесно да се откаже од своето бикини – затоа повторно се соблече.

Фото: Славна убавица не се откажува лесно од бикинито

Се чини дека летото сè уште трае за една од најубавите манекенски на светот, екс топ моделот, Алесандра Амброзио и дека таа нема намера толку лесно да се откаже од своето омилено парче облека – костимот за капење.

Иако есента полека, но сигурно се приближува, убавата Алесандра не сака лесно да се „предаде“.

Судејќи според нејзината најнова објава на социјалните мрежи, таа сè уште сака да ужива во сончевите денови и во придобивките од потоплото време.

Таа моментално престојува на Ибица, а за ова свое патување веднаш ги извести своите верни обожаватели на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дачија подготвува нов, помал кросовер

Производителот на автомобили од Романија, Dacia се подготвува да предизвика уште еден „земјотрес“ на европскиот пазар на автомобили. 

Дачија подготвува нов, помал кросовер

Романскиот производител, чии модели традиционално постигнуваат одлични продажни резултати, планира да ја прошири својата понуда на компактни кросовери со сосема нов модел.

Ова возило – кое неофицијално веќе го нарекуваат „Baby Duster“ – ќе биде позиционирано веднаш под актуелниот хит-модел Duster, нудејќи им на возачите во Европа уште подостапна опција со теренски способности.

Сè започна со прототипот Renault Bridger, кој првично беше дизајниран исклучиво за пазарите надвор од Европската Унија.

Концептот на возилото беше официјално претставен во март 2026 година, но раководството на компанијата брзо го препозна неговиот огромен комерцијален потенцијал.

Во тек се интензивни подготовки за воведување на овој проект на европскиот пазар под логото на романската марка Dacia.

Со планирана должина од околу четири метри, новиот кросовер ќе биде цели 35 сантиметри пократок од актуелниот Duster, но сепак ќе го задржи препознатливиот, робустен теренски изглед со зголемено растојание од подлогата.

Иако дизајнот засега постои само во форма на шпекулации на француските медиуми, се очекува предниот дел да ги содржи модерните стилски елементи на брендот, додека силуетата ќе остане доволно компактна за градско возење, а сепак забележливо помасивна од онаа на стандарден хечбек.

Пристигнувањето на „Baby Duster“ би можело целосно да ја измени структурата на понудата на романскиот бренд. Неговото лансирање совршено би ја пополнило значителната празнина помеѓу стандардниот Sandero и моделот Duster.

Што се однесува до погонската единица, инженерите разгледуваат неколку докажани опции. Како логична почетна точка се спомнува добро познатиот 1,0-литарски мотор со три цилиндри од моделот „Sandero“. Сепак, се очекува главна ѕвезда во понудата да биде новата генерација на моторот „Eco-G“ со 120 коњски сили, кој користи течен нафтен гас (ТНГ), додека сериозно се разгледува и можноста за модерна хибридна верзија, дизајнирана да ги задоволи строгите европски еколошки стандарди.

Она што несомнено најмногу ќе ги израдува купувачите низ Европа е цената: се очекува почетната цена за овој атрактивен SUV да се движи меѓу 17.000 и 18.000 евра!

Оригиналниот модел „Bridger“ прво ќе се појави на патиштата во Индија следната година, додека европската верзија на „Dacia“ би можела да дебитира многу брзо потоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер