Ефикасни крадци – за две минути ограбиле производи вредни половина милион евра

Двајца крадци во Германија успеале за само две меинути да ограбат бурик и да земат производи вредни половина милион евра.

Крадците провалиле во продавницата во 3.14 часот во бутик за ексклузивни предмети , а излегле во 3.15 минути . Грабежот , кој медиумите го нарекуваат најефикасен во историјата , се случил на северот на земјата , на островот Силт.

Пленот од ексклузивниот бутик , вреден половина милион евра го зеле од застаклените полици , кои претходно ги искршиле. Потоа со возило избегале во непознат правец .

Полицијата смета дека грабежот бил добро испалниран , зашто на двајцата ограбувачи им се губи трагата.

Милановиќ: Тврдењата на Додик за хрватската историја се неприфатливи и невистинити

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ги отфрли како невистинити и неприфатливи тврдењата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик дека само мал број Хрвати не се солидаризирале со злосторствата на усташкиот режим.

– Милорад Додик, освен повторената невистина за бројот на жртвите во Јасеновац, рече дека „има многу малку припадници на хрватскиот народ кои не се солидаризирале со злосторствата на усташкиот режим“, што апсолутно не е точно и е навреда за сите хрватски антифашисти и хрватскиот народ, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Српските политичари од Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора вчера одржаа комеморација за жртвите од концентрациониот логор Јасеновац во Долна Градина. /МИА

Стејт департмент: САД остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа

САД остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и евроатлантските интеграции на Македонија.

САД се целосно посветени на Преспанскиот договор и повикуваат на негово почитување, изјави портпарол на Стејт департментот по положувањето на заклетвата од страна на избраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во Собранието кога таа не го употреби уставното име на земјата, што предизвика реакции од ЕУ, од грчкото МНР и од Американската амбасада во Скопје.

-САД остануваат целосно посветени на Преспанскиот договор и евроатлантската интеграција на Македонија. Додека новата влада се формира и се избира премиер ние ќе продолжиме да го зацврстуваме значењето на почитувањето на меѓународните договори и бенефициите од целосно членство во ЕУ, изјави денеска за МИА портпарол на Стејт департментот.

Тој истакна и дека САД продолжуваат со поддршка на безбедноста, просперитетот и евроатлантската интеграција на Македонија и со нетрпение очекуваат да работат со новата влада што наскоро ќе биде формирана како и со претседателот Гордана Сиљановска-Давкова во продолжување на унапредувањето на многу споделени цели.

Тој додаде и дека САД се и остануваат лојален партнер на Македонија во остварување на главните цели на земјата.

-Ние отскекогаш сме биле и ќе бидеме лојален партнер во остварување на вашите главни цели – просперитетна демократија и стабилна економија вкотвена во евроатлантската заедница. Ќе продолжиме со подршката за Македонија во нејзините напори да го зазеде заслужното место како безбеден и просперитетент член на евроатлантската заедница, рече портпаролот.

САД исто така охрабруваат продолжување на дијалогот меѓу Скопје и Софија.

-Го охрабруваме продолжувањето на дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, во рамките на заедничките заложби за идното полноправно членство на Македонија во ЕУ, посочи портпаролот на Стејт департментот

-Како што се формира нова влада и се избира премиер, очекуваме билатералната соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија да остане силна и фокусирана на важноста од зајакнување на демократските институции, реформите на владеењето на правото и регионалната енергетска безбедност. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ја поддржуваат безбедноста, просперитетот и целосната евроатланска интеграција на Македонија., укажаа од Стејт департментот. /МИА

Зеленски: Наша задача е да го нарушиме обидот на Русија да ја прошири војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека главна задача на Украина сега е да го наруши рускиот обид да ја прошири војната.

- Што се однесува до ситуацијата во регионот Харков, одбранбените дејствија продолжуваат, а тој правец е зајакнат, особено Вовчанск и пограничните региони … Нашата задача е апсолутно јасна – да го нарушиме рускиот обид за проширување на војната. Исполнувањето на оваа задача буквално зависи од сите кои во моментов се наоѓаат на позиции-од Чернихив до Вовчанск, од Харков до регионот Доњецк. На украинската почва не треба да постои безбедно место за окупаторот, рече Зеленски во вечерното видео-обраќање.

Тој потсети дека со шведскиот премиер Улф Кристерсон разговарал за деталите од новиот пакет помош и за можностите за проширување на соработката, вклучително и финансирање на производството на оружје.

Зеленски наведе и дека со канадскиот премиер Џастин Трудо разговарал за поддршка за оклопни возила и артилерија. /МИА

притисни ентер