ЕЕС системот им предизвика значителна непријатност на патниците, тврдат европските аеродроми - Канал 5

ЕЕС системот им предизвика значителна непријатност на патниците, тврдат европските аеродроми

Новиот систем на ЕУ за влез и излез (ЕЕС) чија етапна имплементација на надворешните граници на Шенген зоната започна лани во октомври „предизвика значителна непријатност кај патниците“.

ЕЕС системот им предизвика значителна непријатност на патниците, тврдат европските аеродроми

Новиот систем на ЕУ за влез и излез (ЕЕС) чија етапна имплементација на надворешните граници на Шенген зоната започна лани во октомври „предизвика значителна непријатност кај патниците“ на кои треба да им бидат земени биометриски податоци, предупреди Европскиот огранок на Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ Европа).

Согласно ЕЕС системот, државјаните на земји кои не се членки на ЕУ при првиот премин на Шенген границата од неговата имплементација треба да бидат фотографирани и да им бидат земани отпечатоци од прстите заради електронско регистрирање на податоците. Имплементацијата на системот трае шест месеци и треба да заврши на 10 април 2026, кога ЕЕС ќе треба да се применува на сите гранични премини, а процедурата на ставање печати во пасошите ќе биде заменета со електронски записи во системот.

Постепената имплементација од утре влегува во фаза кога електронски треба да бидат регистрирани најмалку 35 проценти од државјаните на трети земји кои ја минуваат границата на Шенген зоната, што според аеродромите во ЕУ би можело да создаде застои и „предизвикуваа одложувања“ во движењето на патниците.

АЦИ Европа потенцира дека стапувањето во сила на ЕЕС системот лани во октомври предизвика проблеми на многу аеродроми, а сега се стравува дека од утре ќе бидат предизвикани дополнителни застои.

- Воведувањето на ЕЕС резултираше со зголемување на времето потребно за граничните проверки на аеродромите за до 70 проценти, со време на чекање и до три часа во периодите на најгустиот сообраќај. Новиот модел од петок сигурно ќе создаде уште полоши услови, изјави генерален директор АЦИ Европа, Оливие Јанковец.

Портпаролката на бриселскиот аеродром „Завентем“, Ихсане Лехли изјави дека воведувањето на EEС влијание врз времето на чекање за патниците и ја зголемува потребата од „доволен персонал на граничната контрола“.

- Максималното време на чекање при пристигнување може да достигне и до три часа, а исто така забележавме и зголемување на времето на чекање при заминување, нагласи Лехли.

Но, Европската комисија ги отфрла забелешките дека ЕЕС предизвикува застои на аеродромите во ЕУ, посочувајќи дека системот „во голема мера работи без проблеми“.

- Од самиот почеток, системот во голема мера функционира без проблеми, дури и за време на шпицот на празниците, а сите почетни предизвици типични за новите системи беа ефикасно решени. Згора на тоа, со него знаеме кој, кога и каде влегува во ЕУ, изјави портпаролот на Европската комисија за внатрешни работи Маркус Ламерт.

Но, праксата покажува слабости во „функционирањето без проблеми“ на ЕЕС. Така, за време на божиќните и новогодишните празници кон крајот на минатиот месец португалските власти го суспендираа ЕЕС системот на лисабонскиот аеродром „Умберто Делгадо“ за период од три и распоредија воен персонал за зајакнување на капацитетите за граничната контрола.

Проблеми беа регистрирани и на римскиот аеродром „Фјумичино“. Аеродромската управа информираше дека оперативните услови во пракса се покажуваат многу сложени, што резултира со значително зголемување на времето за проверка на патниците на граничните контроли.

Шпанската Конфедерација на хотели и туристички сместувачки капацитети (Асхотел) побара од Министерството за внатрешни работи на Шпанија да го зголеми бројот на вработени на граничните премини за да се избегнат „тесни грла“ при контролите на патниците на границите.

- Неразумно е, по патување од неколку часа, туристите да се соочат со чекање од еден или повеќе часови за да влезат во земјата, изјави претседателот на Асхотел, Хорхе Маричал.

Од друга страна, шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ЕЕС системот се применува низ целата земја, при што не се пријавени „редици или значајни инциденти“.

И операторот на двата најголеми аеродроми во Париз, АДР нема забелешки на работата на ЕЕС системот информирајќи дека „не е забележан никаков хаос или зголемување на времето на чекање во оваа фаза“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холандија од следната година ќе мора да прифати баратели на азил од другите држави на ЕУ

Холандија следната година, заедно со другите членки на Европската Унија (ЕУ), ќе мора да прифати одреден број баратели на азил од земјите кои биле изложени на „натпросечен миграциски притисок“ .

Холандија од следната година ќе мора да прифати баратели на азил од другите држави на ЕУ

Холандија следната година, заедно со другите членки на Европската Унија (ЕУ), ќе мора да прифати одреден број баратели на азил од земјите кои биле изложени на „натпросечен миграциски притисок“ оваа година или, наместо тоа, финансиски да придонесе за нивната грижа, објави Европската комисија.

Според предлогот на Комисијата, земјите кои примиле надпросечен број баратели на азил оваа година се Грција, Кипар, Италија и Шпанија, а другите членки на ЕУ треба да им помогнат да го споделат миграцискиот товар, објави NL Times.

Голем број барања за азил се поднесени во Грција и Кипар, додека Италија е прогласена за земја под „миграциски притисок“ поради непропорционално големиот број мигранти кои пристигнале откако биле спасени на море.

Шпанија, од друга страна, се соочи со голем прилив на мигранти ова лето во нејзината северноафриканска енклава Сеута, каде што, според извештаите, десетици илјади луѓе пристигнале по море.

Бугарија, Чешка, Естонија, Хрватска, Австрија и Полска, исто така, во принцип треба да прифаќаат баратели на азил, но овие земји можат да побараат од Европската комисија ослободување или намалување на нивните обврски, наведувајќи го високиот миграциски притисок со кој веќе се соочуваат.

Сепак, Европската комисија утврди дека Холандија, Германија и неколку други земји-членки на ЕУ немаат право да бараат ослободување од обврската за прифаќање баратели на азил.

Комисијата го проценува миграцискиот притисок во секоја земја-членка поединечно, земајќи го предвид бројот на пристигнати мигранти и поднесените барања за азил, како и бруто-домашниот производ (БДП) и населението на секоја земја.

Предлогот на Европската комисија наскоро ќе биде дискутиран меѓу земјите-членки на ЕУ, кои на крајот ќе одлучат за конечниот број баратели на азил што секоја земја ќе мора да ги прифати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците

Научниците од Националниот универзитет Ченг Кунг во Тајван тврдат дека лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвикало огромни нарушувања во атмосферата на Земјата што можеле да го нарушат GPS и другите комуникации.

Лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците

Тие велат дека мисијата „Артемис II“, која беше лансирана на 1 април 2026 година, за деветдневно патување околу Месечината, создала дупки во атмосферата на Земјата и предизвикала модулации на шок-акустични и гравитациски бранови, објави списанието „Скај ат Најт“.

„Горењето што го покачува апогејот предизвикало шок бранови и невидено големи нарушувања што се прошириле на 50 степени географска должина низ Северна Америка“, рекоа авторите на студијата.

Тие додадоа дека ова е прв пат една вселенска мисија да произведе три случаи на јоносферски нарушувања над истиот регион за време на последователни орбитални маневри. Фотографија: Танјуг/АП Фото/Крис О'Мира

Иако утврдиле дека самиот настан на лансирање на „Артемис II“ не предизвикал широко распространети прекини на GPS, тие забележале промени во јоносферата што потенцијално би можеле да предизвикаат проблеми за време на идните лансирања на ракети.

„Ваквите пречки би можеле да ги нарушат комуникациите на Земјата, на пример, со попречување на радио сигналите. Исто така, лансирањата на ракети би можеле да влијаат на други технологии на Земјата кои се потпираат на GPS за позиционирање, како што се автомобилите без возач и беспилотните летала“, се вели во студијата.

„Артемис II“ патуваше подалеку од Месечината од која било претходна мисија, користејќи ја гравитационата сила на Месечината за да се катапултира околу неа и да го започне своето враќање кон Земјата.

Ова беше првата мисија со екипаж на Месечината од програмата Аполо и беше клучна пресвртница во плановите на НАСА за воспоставување трајно човечко присуство на површината на Месечината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје

Филхармонијата беше домаќин на музички спектакуларчен концерт насловен „Мозаико Медитерано“ на грчката лирска сопранистка Марија Костраки и ансамблот предводен од виолинистот Андонис Сусамоглу.

Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје

Настанот во организација на Амбасадата на Грција понуди уникатен спој на медитерански музички традиции, со посебен фокус на творбите на познатиот композитор Манос Хаѕидакис.

Пред полната голема сала и покрај големиот интерес, концертот помина во преубава атмосфера, воодушевувајќи ја публиката која уживаше во врвните изведби...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер