Едно лице убиено и десетици повредени во протестите во Еквадор

 По повеќедневните насилства низ Еквадор, демонстрантите вчера се судрија и со војниците и со полицајците во главниот град Кито, но и во другите градови низ земјата, при што едно лице е убиено, а десетици се повредени.

Еквадорските домородни народи веќе дванаесет дена протестираат низ Еквадор, со барање до владата да ги намали цените на горивата, да воведе контрола врз цените на храната и повеќе да инвестира во образованието.

Конфедерацијата на домородни народи, која го организираше штрајкот, соопшти дека едно лице починало од прострелни рани здобиени додека протестирало во близина на Националното собрание.

Властите признаа дека едно лице е убиено, а министерот за внатрешни работи изрази револт поради полициското однесување. Тој изјави дека владата на полицијата не и одобрила никаква употреба на оружје со муниција и дека вчера таа носеле само солзавец за да ги растераат демонстрантите.

Волонтер болничар за американските медиуми изјави дека на околу 100 лица им била укажана медицинска помош поради повреди на местото на протестот, вклучително и демонстранти, војници и полицајци.

Демонстрациите се дел од поширокиот национален штрајк, што Конфедерацијата на домородни народи го почна на 14 јуни и со него бара намалување на цените на горивата, воведување контрола на цените на земјоделските производи и усвојување поголем буџет за образование.

ФИФА ја полни касата со пари што ќе им ги одзема на криминалците

Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) ќе добие дополнителни 92 милиони долари како компензација за загубите предизвикани од корупциски скандали во последните години, одлучи американското Министерство за правда.

Во август минатата година, судот веќе донесе одлука да ѝ плати 201 милион долари на ФИФА, а тие пари ќе бидат земени од луѓе кои биле вмешани во корупциски скандали, од кои повеќе од 50, меѓу кои и поранешни челници на Северноамериканската фудбалска асоцијација. (КОНКАКАФ) и Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ).

„Во таа корупциска шема во игра беа големи суми пари. Парите што ќе им бидат одземени на криминалците ќе бидат наменети за развој на женскиот фудбал“, најави помошникот директор на ФБИ во Њујорк, Мајкл Дрискол.

Остин: Војната на Путин е најголемата закана за Европа по Втората светска војна

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин попладнево ја опиша руската војна во Украина како „најголемата закана за европската безбедност од крајот на Втората светска војна“.

„Војната што ја започна Владимир Путин без никаква причина го загрозува не само суверенитетот на Украина“, додаде американскиот министер за одбрана.

Тејлор Свифт се верила во тајност, објавија британските таблоиди

Пејачката Тејлор Свифт наводно е тајно свршена со своето момче Џо Алвин, со кого е повеќе од пет години во врска.

Како што пишува The Sun, пејачката носи голем веренички прстен „зад затворени врати“, а славниот пар за свршувачката само го известиле семејството и најблиските пријатели. Свифт и Алвин почнале да се забавуваат кон крајот на 2016 година, откако наводно се сретнале на Мет Гала во Њујорк.

„Тејлор и Џо се неверојатно среќни и многу, многу заљубени. Тие всушност се свршени веќе неколку месеци, но им кажале само на својот најблизок круг на луѓе - буквално само на семејството и старите доверливи пријатели. Сите се заколнале на тајност“, рекол извор близок на парот и додал дека сакаат да ја држат својата љубов подалеку од очите на јавноста и од папарацо камерите.

„Ако и кога ќе ги разменат своите завети, сигурно нема да има никакво списание „Вог“, „Ролинг Стоун“ или „Хело!“. Ќе биде едноставно и елегантно - исто како нив“, вели изворот. Пред нејзината врска со Алвин, Тејлор Свифт се забавуваше со Том Хидлстон, Хари Стајлс и Калвин Харис, врски што беа доста јавни.

притисни ентер