Едно лице настрада во силното невреме во САД (ВИДЕО)

Стотици илјади домаќинства низ Средниот Запад во Соединетите држави останаа денеска без електрична енергија, откако силно невреме го погоди регионот .

Невремето донесе ветрови од 100 километри на час, предизвикувајќи штета и една жртва.

Невремето зафати делови од источна Небраска и премина во Ајова и во делови од Висконсин и Илиноис.

Силните ветришта превртуваа возила и предизвикаа голема материјална штета, објави АП.

МВР: 533 прекршоци за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (17/18.09.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 533 прекршоци. 

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

СДСМ: Уште една спорна кампања и сомнително рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ

Уште една спорна кампања и сомнително рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ, ништо не се менува во опозициската партија.

Отворената истрага и сомневањата за неправилности во изборното рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажува дека во оваа партија ништо не променето.

Јавно објавени информации говорат дека стотици илјади евра, пари од Буџетот, пари на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ потрошила за изборно рекламирање кај непознати интернет портали, без импресум и без редакции.

Речиси и да нема кампања на ВМРО-ДПМНЕ во последните изборни циклуси што не е спорна или сомнителна.

За изборната кампања за Гордана Сиљановска, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски ја затвори сметката со долг од 400.000 евра, спротивно на законот од член 71 од Изборниот законик.

За оваа кампања, но и други, јавноста дозна и за сомнителните шеми преку фирми на Орце Камчев.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски, оставаше долгови од над три милиони евра.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека помина времето кога се затвораа сметки за изборни кампањи со милионски долгови без да има одговорност, помина времето кога со парите од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ вршеше поткуп на медиуми.

Сега е време на одговорност. Надлежните институции треба брзо да го разрешат овој, но и сите претходни случаи каде ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува законите.

Следува правда и одговорност за сите.

СДСМ

Пендаровски со порака до учесниците во Охрид Ултра-Треил

Пендаровски со порака до учесниците во Охрид Ултра-Треил – Одржувањето на трката и покрај пандемијата говори за истрајност, солидарност и тимски дух.

Претседателот Стево Пендаровски упати порака до учесниците и организаторите на трката во планинско трчање Охрид Ултра-Треил, што ќе се одржи од 18 до 20 септември во Националниот парк „Галичица" и охридско-преспанскиот регион.

Посакувајќи успех во реализацијата на трката, како што соопшти неговиот Кабинет, претседателот Пендаровски во пораката оцени дека нејзиното одржување, и покрај предизвиците поради пандемијата од Ковид-19, говори за истрајноста, за тимскиот дух и за солидарноста на учесниците и на организаторите на настанот.

-Поради мерките за справувањето со пандемијата од Ковид-19, многу спортски натпревари во светот се одложени или откажани. Сепак, наместо да биде изговор за занемарување на спортот, здравствената криза е причина повеќе да вложуваме во спортската и физичка активност како предуслов за здрав живот. Колку поздрави поединци и заедници, толку постабилни општества и подинамични економии, се вели во пораката од претседателот Пендаровски.

Според него, спортските натпревари и трки, особено во време на физичка и социјална дистанца, можат да помогнат за градењето инклузивно и солидарно општество во кое ќе има место за секоја личност.

-Спортските вредности на почитување, ферплеј, еднаквост и пријателство ни се потребни повеќе од кога и да било порано. Тоа се позитивни вредности со кои треба да ги мотивираме сите генерации, особено нашите млади, вели претседателот Пендаровски во упатената порака.

Охрид Ултра-Треил е меѓународен спортски настан во природа што се одржува еднаш годишно во Националниот Парк „Галичица" и охридско-преспанскиот регион.

притисни ентер