Едно лице е повредено во престрелка во близина на американско-мексиканската граница - Канал 5

Едно лице е повредено во престрелка во близина на американско-мексиканската граница

Едно лице е повредно во престрелка со припадници на граничната патрола во близина на американско-мексиканската граница. Повредениот е во критична состојба, соопштија властите на американската сојузна држава Аризона.

Едно лице е повредено во престрелка во близина на американско-мексиканската граница

Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека го испитува наводниот напад врз федерален полицаец во близина на градот Аривака, лоциран околу 16 километри од границата со Мексико. Област е вообичаена рута за шверцери на дрога и мигранти кои нелегално ја преминуваат границата.

Противпожарната служба на Санта Рита соопшти дека одговорила на повикот дека има престрелка. Повреденото лице е приведено, а поради здобиените повреди со хеликоптер е префрлен во регионалниот здравствен центар.

Во престрелката учествуваа агент на граничната патрола и осомничениот.

Вооружениот инцидент се случи во време кога агенти на федералната Служба за имиграција и царина (ИЦЕ), вклучени во голема операција за сузбивање на нелегалната имиграција во државата Минесота убија две лица, американски државјани, што предизвика масовни протести ширум САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ќе заработат милијарди долари откако потпишаа нуклеарен договор со Саудиска Арабија

САД потпишаа значаен договор со Саудиска Арабија, што ќе ѝ овозможи да развива цивилна нуклеарна програма, во што ќе учествуваат и американски компании.

САД ќе заработат милијарди долари откако потпишаа нуклеарен договор со Саудиска Арабија

Текстот од договорот не беше објавен јавно, но американските медиуми објавија дека тој ќе ѝ дозволи на Саудиска Арабија да збогатува ураниум во иднина. Експертите велат дека ова создава ризик од идна нуклеарна пролиферација во веќе нестабилниот регион.

Министерството за енергетика на САД кажа дека покрај договорот за соработка, потпишан е и „двостран договор за заштитни мерки“.

Ова е првпат САД да ѝ помагаат на друга земја да збогатува ураниум на своја територија. објавата уследи среде ескалацијата на војната во иран, што сад ја започнаа во февруари за да го спречат да развие нуклеарно оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ го одобри новиот пакет санкции против Русија по неколку недели натегања и преговори

Новиот 21 пакет санкции на ЕУ против Москва од Руската инвазија на Украина во 2022 година, вклучува одржување на сегашното ниво на горната граница на цената на руската нафта.

ЕУ го одобри новиот пакет санкции против Русија по неколку недели натегања и преговори

Преговорите за новите економски санкции воведени поради војната во Украина се одолговлекуваа откако неколку земји инсистираа на ублажување на поединечните елементи од пакетот.

На 22 јули беше објавено дека 27-те земји-членки на ЕУ донеле привремена одлука да го задржат горната граница на цената на руската нафта на 44 долари за барел во текот на една недела за да се спречи нејзиното автоматско зголемување.

Мерката има за цел да ги ограничи приходите на Москва од глобалниот извоз на сурова нафта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме

Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година.

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме

По одржаниот координативен состанок во Град Скопје, Општина Аеродром веднаш формира Комисија за утврдување на фактичката состојба и ја започна постапката за прием на барања, како предуслов за обесштетување на граѓаните, што ќе се реализира во соработка со Владата и со Градот Скопје.

Образецот за пријавување штета е достапен во просториите на Општина Аеродром, а може да се преземе и од официјалната веб-страница на следниов линк:

https://shorturl.at/L3rcJ

Образецот, заедно со потребната документација, се доставува во Архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот, во рок од 30 дена од денот на настанување на штетата.

Кон барањето задолжително да се приложат и следниве документи:

Важешка лична карта или патна исправа (фотокопија);

Доказ за сопственост (фотокопија од имотен лист);

Фотографии од локацијата по претрпената штета;

Записник од МВР за настанатата штета;

Општина Аеродром ги повикува граѓаните навремено да ги поднесат своите барања, со цел постапката за утврдување на штетите да се реализира ефикасно и во најкраток можен рок. Сите поднесени пријави ќе бидат разгледани во согласност со законските процедури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер