МакедонијаЕдно лице е лишено од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќиеСе преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.На 12.06.2026 во 20:30 часот во Тетово, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А.(37) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 40-годишна партнерка од тетовско дека од април 2026 година, по прекинувањето на нивната врска, континуирано ја следел низ градското подрачје и телефонски ја вознемирувал од различни броеви, а откако одбила да ја продолжи врската упатувал и закани на неа и нејзиното семејство. На 12.06.2026 во 13:45 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 09:50 часот на подрачјето на Центар, нејзината 56-годишна свекрва С.О. го оштетила нивното возило „пежо боксер“ и со употреба на физичка сила ја извадила од возило и ја турнала на земја, при што се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје. На 12.06.2026 во СВР Скопје, полициски службеници извршиле службен разговор со Ѓ.А.К.(53) и А.А.Р.(56), постапувајќи по претходна пријава дека на 10.06.2026 околу 23:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, физички ја нападнале нивната 16-годишна ќерка и внука. Според пријавеното, таа и претходно била физички и психички малтретирана од нејзината мајка Ѓ.А.К., но досега не било пријавувано. На 12.06.2026 во 19:50 часот во СВР Скопје, 37-годишник од Скопје пријави дека околу 14:00 часот пред неговиот стан на подрачјето на Бит Пазар, неговата тетка А.Н. му упатувала закани и се обидела насилно да влезе во станот, по што истурила боја пред влезната врата. Според пријавеното, таа ѝ претходно доаѓала пред неговиот дом. За настанот е известен јавен обвинител. На 12.06.2026 во 19:45 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена од скопско пријавила дека околу 19:00 часот во скопско село била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Ш., со кого не живеат подолг временски период. На 12.06.2026 во 13:10 часот во СВР Скопје, 71-годишен маж пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода, поради претходно нерасчистени имотно-правни односи, бил физички нападнат од неговиот внук. С.О(42). Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Се соблече најубавата водителкаЕлеонора Инкардона, заштитното лице на спортската платформа „DAZN“ – која публиката често има можност да ја види за време на преносите на натпреварите од Серија А – сподели неколку фотографии од својот одмор на социјалните мрежи.Атрактивната водителка покажа делови од своето секојдневие надвор од телевизиското студио – од времето поминато покрај базенот и шетањето на кучето, до тренинзите, дружењето и уживањето во локалните специјалитети. „Мало бегство, токму она што ми требаше“, напиша Елеонора Инкардона покрај секси фотографии во бикини. Најголемата популарност ја стекна токму преку ангажманот на „DAZN“, каде што ги следи натпреварите од Серија А и големите фудбалски настани. Паралелно со телевизиската работа, таа изгради и голема публика на социјалните мрежи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Меган Фокс непрепознатливаЕдна од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка. Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес. Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер. ''Megan Fox'': Por la caripa que le quedó despues de tantas operaciones https://t.co/TceVR3CSNe — Es tendencia en 𝕏 (@EsTendenciaEnX) October 8, 2026 Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм. „Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето. Каква штета“ – беа само дел од коментарите. Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамКако Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобилНа една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил. На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата. „Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв. Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди. Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили. „Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook