3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
ЗабаваЕдна од најубавите манекенки на светот денеска го слави својот 24 родеден (фото/видео)Манекенката Џиџи Хадид денеска го слави 24-ти роденден, а нејзината кариера трае скоро исто толку години.Првата работа како модел ја доби на само две години и тогаш ја рекламираше облеката на брендот Guess. Иако има само 24 години, Џиџи веќе се “најде на врвот“ на модната индустрија. Работела на ревиите на сите познати модни брендови и дизајнери, се фотографирала за насловните страници на сите важни модни магазини, а во 2016 година ја доби наградата за Меѓународна манекенка на годината, која и ја додели Британскиот моден совет. Оваа убавица се појави и во спотовите на Тејлор Свифт и на своето поранешно (или сегашно?) момче Зејн Малик, а минатата година ја претстави и својата колекција на облека која ја дозајнираше во соработка со Томи Хилфигер, како и линијата за шминка за „Maybelline”. Исто така успеа и во она за што многу манекенки сонуваат- одбрана е за ревијата на брендот „Викторија сикрет“. Во 2017 година блескаше меѓу Ангелите, но минатата година иако го помина кастингот сепак не се појави на ревијата. Вистинското име на оваа убавица е Јелена Нура Хадид, а прекарот по кој стана позната и го дала нејзината мајка, некогашната манекенка Јоланда Хадид. „Кога бев мала, дома ме викаа Џиџи. Во прво или второ одделение, во класот имаше едно девојче кое се викаше Хелена и учителката ја праша мојата мајка дали имам некој прекар. Мојата мајка рече дека понекогаш ме вика Џиџи и така остана“ – изјавила манекенката во едно интервју за „Вог“. View this post on Instagram Last night 🎻✨ Photos and videos can’t do justice to what being in this space felt like. Magical @marcjacobs looks appearing out of pitch darkness was one of the most striking things I’ve ever witnessed. @themarcjacobs it will never stop being an honor to get to see you and your team work and to be a small part of your creations. Thank you for your kind heart and endless inspiration. I have so much gratitude and admiration for everyone who worked so hard to make every aspect of this show so special. Big love and huge thanks to @kegrand & @bitton 🙏✨ A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on Feb 14, 2019 at 7:27pm PST View this post on Instagram 🇬🇷 by night A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on Jun 30, 2018 at 6:32am PDT View this post on Instagram happy weekend 🌸 #gigiforvogueeyewear season two, drop two @vogueeyewear @luigiandiango A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on May 12, 2018 at 6:51am PDT View this post on Instagram après ski-week 🏔🙏✨ A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on Mar 18, 2019 at 4:31pm PDT View this post on Instagram it ain’t all peaches and diamonds .. @messikajewelry #movebymessika #MessikabyGigiHadid #mytwinbymessika A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on Mar 1, 2019 at 8:14am PST Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook