Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
2Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
СветЕден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во РусијаЕдно лице загина, а 11 се повредени денеска во судар на товарен воз и туристички автобус во регионот Ленинград, во близина на Санкт Петербург, во северозападна Русија, соопштија властите.Несреќата се случила кратко по 5:00 часот наутро по централноевропско време, соопшти локалната филијала на Руските железници. Автобусот излетал на шините директно пред возот што се приближувал со полна брзина помеѓу станиците Лодејное Поле и Олонец, се вели во соопштението. Возачот се обидел да закочи, но автобусот бил премногу блиску и сударот не можел да се избегне, додаде истиот извор. Според првичните информации, повредени се 12 патници во автобусот, од кои еден починал. Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаВо Тетово се уапсени 12 бугарски државјаниПолициската станица Тетово соопштува дека вчера (24.06.2026) во 15:15 часот во зграда во изградба на улицата „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица Тетово лишиле од слобода 12 државјани на Република Бугарија.Полициската станица Тетово соопштува дека вчера (24.06.2026) во 15:15 часот во зграда во изградба на улицата „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица Тетово лишиле од слобода 12 државјани на Република Бугарија на возраст меѓу 34 и 66 години, кои работеле во зградата. „Кај лицата е утврдено нерегуларно и непријавено дејствување на ова подрачје“. „Тие се приведени во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно Законот за странци“, велат од Полициската станица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВозете внимателно, Safe City профункционира и во околината на ОхридСВР Охрид ја известува јавноста, посебно возачите на моторни возила дека од денеска, современиот систем за сообраќаен надзор „Безбеден град“ (Safe City), кој, официјално стартуваше од 01.02.2026, постепено се воведува и на подрачјето на СВР Охрид.Денеска, по извршеното финално тестирање, стручни екипи ги ставија во функција безбедносни камери на автопатската делница кај Ново село, општина Дебрца. Во наредниов период, се очекува проектот „Безбеден град“ да профункционира и на патниот потег помеѓу селата Горенци и Требеништа, на останатите пофрекфентни сообраќајници и на коридорите 8 и 10 на подрачјето на СВР Охрид. Уредите се поставени, тие си уште не вршат санкционирање, бидејќи се наоѓаат во фаза на завршна техничка проверка и тестирање. Системот „Безбеден град“, ќе овозможи засилена и постојана сообраќајна контрола, ќе придонесе за намалување на сообраќајните незгоди, ќе врши детекција на прекршоци во сообраќајот, ќе значи зголемување на сообраќајната дисциплина и значително повисок степен на безбедноста во сообраќајот. Апелираме, возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи а посебно да внимаваат на дозволената брзина на движење која, на оваа автопатска делница изнесува 100 километри на час.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМалата Ана се избори со најтешката болест- победничкото ѕвонче повторно заѕвони (ВИДЕО)Нова радосна вест од Универзитетската клиника за детски болести.Победничкото ѕвонче повторно силно заѕвони — за Ана, нашата мала хероина, која храбро ја помина и ја освои една од најтешките битки. Секое ѕвонење е победа на детската храброст, на семејната љубов и на посветеноста на здравствените работници. На Ана ѝ посакуваме многу здравје, среќа, насмевки и безгрижно детство. Браво, Ана! Твојата победа денес е радост за сите нас, објавија на ФБ од Министерството за здравство. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook