Еден од шефовите на Јунајтед е тајно снимен како го навредува клубот: Изгоревме милијарда фунти - Канал 5

Еден од шефовите на Јунајтед е тајно снимен како го навредува клубот: Изгоревме милијарда фунти

Еден од извршните директори на Манчестер Јунајтед кога станува збор за спортската политика, Ричард Арнолд, се најде во центарот на скандал откако некој тајно го снимил во кафуле како го клевети Јунајтед и неговата деловна политика.

Еден од шефовите на Јунајтед е тајно снимен како го навредува клубот: Изгоревме милијарда фунти

Видеото се појави на социјалните мрежи и брзо стана вирално.

Арнолд без воздржување зборува за тоа колку политиката на Јунајтед пропаднала во последните години, напоменувајќи дека клубот потрошил милијарда фунти без тоа на било кој начин да биде видливо за инфраструктурата и персоналот. Покрај тоа, тој изразил поддршка за доведување на Френки де Јонг од Барселона.

"Потрошивме милијарда фунти на играчи. Потрошивме повеќе од кој било во Европа. Не сум задоволен од тоа каде сме. Не ми е лесно, загрижен сум како ќе продолжиме во иднина. Изгоревме еден куп за е**ни пари“, рече Арнолд.

„Не можете да излезете на наш тренинг и да покажете каде отидоа тие пари. Ние историски лошо ги потрошивме парите. Не сум тука да ги бранам Глејзерите, тие мора да одговараат сами. Ги обезбедивме парите за ова лето. За идни инвестиции, ќе мора да најдеме инвеститори“.

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг веќе извесно време се поврзува со негово доаѓање во Барселона, а трансферот се проценува на 70 до 100 милиони евра. Арнолд исто така кажа што мисли за тоа.

„Морам да го сторам најдоброто за клубот, а тоа значи дека мора итно да најдам извор на нови пари за да можеме да изградиме нов стадион. Парите или се позајмуваат или некој инвестира во клубот, нема трето. Тие пари мора да дојдат од некаде“, рече тој. Арнолд додаде:

"Парите не се проблем при доведувањето играчи. Тренерот го сака Де Јонг и работи да го доведе. Френки е одличен играч. Дали ќе чини 100 или 200 милиони евра, не знам. Единственото нешто во работата е што конечно ќе го донесеме“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Се реконструира стадионот во Росоман

Локалната власт со инвестиции во спорт и образование, а за земјоделците олеснет пристап до административни услуги.

ВМРО-ДПМНЕ: Се реконструира стадионот во Росоман

Инфраструктурата на локалната власт во Росоман предводена од ВМРО-ДПМНЕ е приоритет, исто како што се и образованието, спортот и животната средина.

Се работи на реконструкција на повеќе улици, а голем дел се веќе и завршени, како во село Сирково, Манастирец каде проектот беше во соработка со Министерство за спорт и Светска банка, а со што дополнително се изработија и сообраќајни решенија.

За ЈПКД Росоман беше набавена опрема, и преку претпријатието за прв пат беше активирана зимската служба. Целта на локалната власт е ЈПКД Росоман да биде совртемено и опремено претпријатие кое ќе може самостојно да одговара на потребите на општината.

Општината инвестира во паркови, зеленило, како и во спортот, за младите да имаат подобри услови. Во моментов се реконстуира стадинот во Росоман, на трибината да има нови 350 места, донација од ФФМ, а се работи и осветлување на цел терен.

Во функција е ставена и подрачна единица за земјоделие за да можат земјоделците да си ги завршуваат административните обврски во местото од каде доаѓаат, а за земјоделците беа исплатени над 24 милиони денари за штетите од мраз од 2025 година.

Се работи и на чистење на диви депонии, па така беа исчистени неколку, во Паликура, Манастирец и Сирково и се поставија контејнери за кабаст отпад на околу 10-тина локации.

Во основното училиште ,,Пере Тошев“ е изградена летна училница и се реализира набавка на нагледни средства, како и реконструкција на останати делови од тој објект. За најмладите, веќе е во подготвка нов дел на детската градинка ,,Праскичка“, за да има поголем капацитет.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

Денеска Советот на јавните обвинители  треба да одржи седница на која ќе бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција .

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

На огласот за избор на нов раководител досега се пријавени петмина јавни обвинители, кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи. Право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж во обвинителската функција до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години. Изборот на нов јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е закажан за 28 октомври 2026 година. Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на, Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Денеска на дневен ред во собранието се пратенички прашања .

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Парламентот ќе ја одржи 122. пленарна седница. Најнапред пратениците од опозицијата два часа ќе поставуваат прашања до министрите и премиерот а на дневен ред се и неколку закони: По скратена постапка се предлага да се носат измени на законот за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, измени на законот за комуналните дејности, на законот за градење, на законот за превоз во патниот сообраќај, на законот за санитарната и здравствената инспекција и други

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер