Божиновска на средба со претставници од ЕБОР: Заложбите за стабилен енергетски систем препознаени како услов за просперитет на државата
2Божиновска на средба со претставници од ЕБОР: Заложбите за стабилен енергетски систем препознаени како услов за просперитет на државата
МакедонијаЕден од пет луѓе во Македонија користи алатки генеративна вештачка интелегенција, во ЕУ речиси секој трет 22 проценти од населението во Македонија, на возраст од 16 до 74 години годинава користеле вештачка ГЕНЕРАТИВНА интелигенција. Повеќето алатките ги користеле за лични цели отколку за работа. Интересно е тоа што еден од десет ученици, ВИ користи и како помош во учењето. Како најчеста причина зошто не користеле ВИ алатки 43% од граѓаните на Македонија рекле дека немале потреба, 11% зошто не знаеле како да ги користат, додека 2% поради загриженост за приватноста и безбедноста. Според Дарко Симуновски, портфолио менаџер и познавач на вештачка интелигенција, вештачката интелигенција не е опасна сама по себе, но олеснетиот пристап до многу информации кој го нуди, ги прави луѓето помрзеливи, некреативни, а особено е значајно да не се применува неконтролирано во училиштата. Симуновски вели и дека оправдани се стравувањата кај луѓето дека вештачката интелигенција може да ги замени луѓето на одредени работни позиции, бидејќи повеќе 70 милиони луѓе во светот досега останале без работа, благодарение на ВИ. На ниво на ЕУ речиси една третина од луѓето на возраст од 16 до 74 години годинава користеле ВИ алатки, покажуваат податоците за употребата на вештачка интелигенција во домаќинствата, објавени од Евростат. Во Европа лидер во користење на ВИ алатки е Норвешка (56,32%), а најмалку 17,19% ја користеле граѓаните во Турција. Во земјава лани 91 процент од домаќинствата имале пристап до интернет, што е значителен раст споредено со 2015, кога тој број изнесувал 69%. Околу 6,86 проценти од граѓаните ја поминале целата година без да користат интернет. Тагови: вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
МакедонијаО. Бутел: Целосна реконструкција на двата паркинга на улицата „Костурска“ во Скопје СеверОпштина Бутел продолжува со интензивна реализација на инфраструктурните проекти во населбата Скопје Север.Започна целосната реконструкција на големиот и малиот паркинг на улицата „Костурска“. Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се обезбедат подобри услови за паркирање, уреден јавен простор и поквалитетно секојдневие за жителите на Скопје Север. Градоначалникот Дарко Костовски и Општина Бутел продолжуваат со реализација на ветените проекти, со посебен акцент на подобрување на инфраструктурата и рамномерен развој на сите населени места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
МакедонијаБожиновска на средба со претставници од ЕБОР: Заложбите за стабилен енергетски систем препознаени како услов за просперитет на државатаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници од Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) коишто се во посета на земјава.Во рамките на делегацијата од ЕБОР, составена од директори надлежни за различни региони, беа присутни Рене ван Хел, директор за Холандија, Кина, Македонија, Ерменија и Монголија, потоа Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР за земјава, како и директорите за другите земји од регионов и светот. На средбата министерката Божиновска ги претстави активностите на Министерството за зајакнување на домашниот енергетски систем, енергетската инфраструктура и забрзување на реформските процеси во земјата. Во таа насока, беа презентирани конкретните законски решенија на кои во моментов работи Министерството, а кои се насочени кон остварување на стратешките цели на државата во енергетскиот сектор. Претставниците на Европската банка за обнова и развој ги поздравија заложбите на Министерството за создавање на стабилен и предвидлив енергетски систем, оценувајќи ги како многу понапредни во однос на одредени земји од регионот, на коишто им е потребен подолг период за реализација на конкретни чекори во енергетиката. Во фокусот на разговорите на денешната средба беше искористувањето на потенцијалот на обновливите извори на енергија во земјава, како и можностите за складирање на енергијата од обновливите извори. Министерката Божиновска истакна дека постои огромен интерес кај граѓаните и компаниите за користење на енергијата од обновливите извори и дека Министерството ќе работи на овој план во иднина. Посебен дел од разговорите се посвети и регионалното поврзување на земјава со соседите, за што министерката информираше за напредокот во однос на енергетското поврзување со Грција и Србија, потенцирајќи дека се работи и на нови мрежни поврзувања со земјите од регионот. На средбата беше нагласено значењето и на сајбер безбедноста, како предуслов за безбеден енергетски систем, за што беше истакната можноста за взаемна соработка на ова поле. Министерката Божиновска, на состанокот, ја потврди силна посветеност кон партнерството со ЕБОР, како еден од клучните партнери на нашата држава во напорите за создавање стабилна енергетска иднина за државата. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува целосно посветено на партнерски пристап и целосна имплементација на реформските чекори за зголемување на енергетската сигурност што ќе придонесат за побрз развој на државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
ТенисТенисот се реформира: 350 милиони за играчите, промени во рангирањето! АТП планира сериозни промени од 2028 година белиот спорт, кои треба да им донесат значително поголеми заработки на тенисерите, поинаков систем на рангирање и појасна структура на календарот.Според планот што го претстави претседателот на АТП, Андреа Гауденци, вкупниот износ на средства наменет за играчите би требало да достигне околу 350 милиони долари годишно, без да се вклучи наградниот фонд од гренд слем турнирите. Директните исплати од АТП кон играчите би требало да надминат 100 милиони долари, додека фондот за бонуси би се зголемил од сегашните 21,5 на 50 милиони долари. Покрај тоа, дополнителни 25 милиони долари би биле наменети за играчите кои ќе ја завршат сезоната меѓу најдобрите 250 во светот, додека уште 30 милиони долари би се издвоиле за пензиски програми за околу 300 тенисери на годишно ниво. „Тенисот денес е во многу силна позиција. Нашите турнири растат, навивачите го следат спортот на сè повеќе начини, а заработката на играчите е на рекордно ниво. За да остане силен, спортот мора да продолжи да се развива“, изјави Гауденци. Една од најважните промени ќе се однесува и на АТП-рангирањето. Резултатите на најголемите турнири би требало да имаат поголема тежина отколку што имаат сега, при што АТП се стреми да ја намали потребата тенисерите да бркаат дополнителни поени на помали натпреварувања по лошите резултати на големите турнири. Планот предвидува и воведување појасно дефинирани недели резервирани за одредени категории турнири, со цел тенисерите полесно да ја планираат сезоната и да најдат повеќе простор за одмор. Во новата структура ќе биде вклучен и турнирот од серијата „Мастерс 1000“ во Саудиска Арабија. Овие промени доаѓаат во време кога сè повеќе тенисери јавно се жалат на физичкиот напор што го носи сезоната долга речиси 11 месеци, како и на системот што ги поттикнува да играат на голем број турнири за да освојат поени и финансиски бонуси. АТП, исто така, ќе ја разгледа долгорочната иднина на натпреварите во двојки, вклучително и можните промени во големината на ждрепките. Доколку тоа доведе до намалување на наградниот фонд за двојки, планот е тие средства да се пренасочат кон квалификациите и раните рунди во поединечна конкуренција. Гауденци смета дека целиот пакет ќе им овозможи на тенисерите подобро да го планираат својот календар, да заработуваат повеќе и да добијат поголема финансиска сигурност. „Следната фаза претставува можност сезоната да стане позначајна, како за играчите, така и за навивачите, а истовремено да се поттикне развојот на спортот преку создавање повеќе можности во рамките на целата АТП-турнеја“, изјави првиот човек на АТП. Предлозите допрва треба да поминат низ дополнителни консултации и одобрувања, а АТП планира конечниот пакет да го претстави на завршните состаноци за сезоната, кои ќе се одржат во Торино.Тагови: АТП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26