Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...
2Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...
3Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
АвтомобилизамЕден од најретките Ферари Ф5 се продава на аукција, цената може да ги сруши сите рекорди (ФОТО)Светот на колекционерски автомобили со нетрпение го очекува август, кога еден навистина посебен автомобил - Ferrari F50 од 1995 година - ќе биде понуден на престижната аукција на RM Sotheby's во Монтереј.Но, ова не е само било каков F50. Негов прв сопственик беше модниот могул Ралф Лорен, страствен ентузијаст за автомобили чија импресивна колекција е позната низ целиот свет. Наследник на легендата за F40 Ferrari F50 беше претставен во 1995 година како наследник на иконскиот модел F40 и беше создаден за да се одбележи 50-годишнината од компанијата. Беше произведен во екстремно ограничена серија од само 349 примероци, што го прави значително поредок од својот претходник. Во времето на неговото претставување, F50 беше технолошкиот врв на гамата на Ферари, автомобил кој нудеше искуство од Формула 1 за употреба на пат. Срцето на оваа машина е 4,7-литарски атмосферски V12 мотор, чија архитектура е директно изведена од моторот што се користел во автомобилите од Формула 1 до 1993 година. За патната верзија, инженерите го намалија максималниот број на вртежи од вртоглави 15.000 на сè уште импресивни 8.500 вртежи во минута, додека волуменот е зголемен од 3,5 на 4,7 литри. Резултатот е моќност од 520 КС и 471 Nm вртежен момент, што му овозможи на F50 да забрза од 0 до 100 км/ч за само 3,9 секунди и максимална брзина од 325 км/ч. Се проценува дека цената ќе ги сруши сите рекорди и дека ќе се продава на аукцијата за цена помеѓу 5,5 и 6,4 милиони евра.Тагови: аукција ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПретседателот на САД најде нов виновник за целосниот дебакл и жестоко го нападна Претседателот на САД, Доналд Трамп најде нов виновник за изборниот дебакл на републиканците на американските избори на средината од мандатот–телевизиската мрежа „Фокс њуз“, која некогаш ја сметаше за еден од своите најголеми сојузници.Откако демократите ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот, американскиот претседател во средата остро ја нападна една конзервативна телевизиска станица, обвинувајќи ја дека придонела за поразот со тоа што редовно ги канела демократите во својата програма. Тој беше особено разгневен од гостувањето на поранешниот градоначалник на Њујорк, Бил де Блазио, кого жестоко го нападна во објава на социјалните мрежи. „Зошто ’Фокс њуз‘ (Fox News) го држи во програма Бил де Блазио, најлошиот градоначалник во историјата на Њујорк, додека тој беснее и брбори како лудак? Тој го напушти градот со срам, а штетата што ја направи е немерлива – градот никогаш повеќе не беше ист, а сега тој ни кажува како да ја водиме Америка“, напиша Трамп. Потоа тој директно го обвини „Фокс њуз“ за изборниот неуспех на републиканците, префрлајќи ѝ на телевизијата што ги канела политичките противници во програмата. „Fox News сноси одговорност за овие порази бидејќи постојано и упорно им дава простор на опозиционерите од редовите на ’глупократите‘ (dumbocrats) и оние уште полошите. БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ АМЕРИКА! Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, заклучи американскиот претседател во својата објава. Инаку, Трамп претходно им честиташе на демократите за нивниот успех на меѓумандатните избори одржани во вторникот и призна дека врз поразот на републиканците влијаело и прашањето за Иран, додека демократите се подготвуваат да ја преземат контролата врз Конгресот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаЈаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници.Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 претставува значаен стратешки документ што го препознава придонесот на образованието во создавање сообраќајна култура и долгорочно унапредување на безбедноста во сообраќајот, рече министерката за образование и наука проф. -д-р Весна Јаневска на промоцијата на новата Стратегија. „Образованието е еден од најмоќните превентивни механизми. Знаењата, ставовите и навиките што придонесуваат за безбедно учество во сообраќајот треба да се развиваат од најрана возраст, почнувајќи од предучилишното воспитание и продолжувајќи низ сите нивоа на образовниот процес. Темите за безбедноста во сообраќајот се интегрирани во воспитно-образовната работа, преку наставни и воннаставни активности, како и кампањи во соработка со Министерството за внатрешни работи, со стручни организации и со единиците на локалната самоуправа“, посочи министерската Јаневска, додавајќи дека податоците за сообраќајните незгоди и ризичното однесување на младите учесници во сообраќајот укажуваат дека е неопходен уште покоординиран пристап. Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието ќе работи на дополнително унапредување на воспитно-образовните содржини и активности со кои учениците ќе стекнуваат практични знаења, ќе ги препознаваат ризиците во сообраќајот и ќе развиваат навики за одговорно и безбедно однесување, вклучително и за правилна употреба на заштитната опрема. Јаневска нагласи дека успешната едукација не е можна без подготвени наставници и современи наставни ресурси и затоа, дел од активностите ќе бидат насочени кон јакнење на компетенциите на наставниот кадар и обезбедување соодветни едукативни материјали и алатки за работа со учениците. Ја поддржа идејата за јакнење на безбедносните зони околу училиштата, парковите и центрите на населбите, преку партнерства со општините и граѓанските организации. „Создавањето побезбедна средина околу местата каде што престојуваат децата е заедничка обврска на сите институции и на целата заедница. Подеднакво важно е младите да стекнат основни знаења и вештини за соодветно постапување во првите критични минути по сообраќајна незгода, во соработка со Црвениот крст и со здравствените институции“, рече министерката. Успехот на Стратегијата зависи од способноста за заедничко и координирано делување. Јаневска ги охрабри училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници да градат трајна култура на безбедност, неопходна како одговор на ризиците со кои се соочуваме како општество.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на самит во Дизелдорф: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашањаПремиерот Христијан Мицкоски учествуваше на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија.„Во Дизелдорф учествував на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, каде на панелот "Отпорност како императив за севкупното општество" истакнав дека Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања. Сега се соочуваме со вештачко барање од земја членка ма ЕУ, а сето тоа може да се гледа и како на рушење на отпорноста на ЕУ, а кога постои таква дупка во системот, тогаш станува збор за ранливост на системот. Не секогаш рушењето на системот е предизвикано од оружје, туку и со други ресурси. Затоа е потребна робусна акција на ЕУ кога земја кандидат се бори со прашања од минатиот век поставени од земја членка на ЕУ. Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет. Почнавме пред 26 години, дури и пред Хрватска, којашто сега е земја членка на ЕУ. Се бориме за нашите права, дел сме од НАТО, целосно усогласени со надворешната политика на ЕУ, ја штитиме ЕУ од нелегална миграција од членки на ЕУ, и така ќе продолжиме.“- објави Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook