Еден од најпосакуваните холивудски ергени стана татко (ФОТО) - Канал 5

Еден од најпосакуваните холивудски ергени стана татко (ФОТО)

Еден од најпосакуваните ергени во Холивуд, Хенри Кавил (41), го дочека своето прво дете со девојката Натали Вискузо.

Еден од најпосакуваните холивудски ергени стана татко (ФОТО)

Извор близок до семејството ја потврди среќната вест за магазинот People, но не откриле дополнителни детали како што се името, полот или точниот датум на раѓање на бебето.

Исто така, Дејли Мејл неодамна објави фотографии од парот како турка количка и ужива во прошетка, а направени се во Австралија, каде Кавил се подготвува да го снима новиот филм Voltron, адаптација во живо на популарната анимирана серија од 80-тите.

За потсетување, 41-годишната ѕвезда на Супермен и The Witcher ја потврди на Access Hollywood на премиерата на The Ministry of Ungentlemanly Warfare во април среќната вест дека ќе стане татко.

"Навистина сум возбуден поради тоа. Натали и јас сме навистина, навистина возбудени", рекол актерот. Кавил и неговата 34-годишна девојка се заедно речиси три години, а својата врска ја открија во 2021 година кога споделија видео на Инстаграм како играат шах.

Двојката го направи своето деби на црвениот тепих на премиерата на Енола Холмс 2 во 2022 година. Натали работи како директорка на холивудската телевизија, а исто така накратко доживеа како е да се биде пред камера, откако се појави во хитот на MTV My Sweet 16 како тинејџерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Пред малку во Штип помеѓу населбите Баби и Дузла изби пожар

Пред малку изби тежок пожар на територијата на општина Штип помеѓу населбите Баби и Дузлак над филтер станицата, информира првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пред малку во Штип помеѓу населбите Баби и Дузла изби пожар

Со оган е зафатена борова шума. ТППЕ Штип со полн капацитет дејствува врз пожарот, помош ќе пристигне и од неколку Доброволни противпожарни друштва.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та

Првиот човек на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски на социјалните мрежи се огласи за анкетата на МКД.мк.

Максим Димитриевски:  Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та

Бидејќи анкетите многу често служат за креирање а не за сондирање на мислење а со цел работите да бидат појасни ќе објавам само еден резултат.

- Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та по нарачка на НДИ спроведена од агенцијата Маркет вижн Скопје на 1053 теренски испитаници, национален примерок (етничка припадност, пол, возраст).

Повелете заклучокот изведете го сами?!

- Јас лично сметам дека најдобрата анкета се добива на избори според резултатот, напиша Димитревски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-Фото: Англиски репрезенативец ги воодушеви жените!!

Англискиот фудбалер ги запали мрежите со свои жешки фотографии.

Видео-Фото: Англиски репрезенативец ги воодушеви жените!!

Високите температури влијаат и врз фудбалерите на Светското првенство, а да не беше тоа, немаше да има лавина од коментари на социјалните мрежи за изгледот на англискиот ас Џуд Белингем.

Англискиот репрезентативец Џуд Белингем привлече огромно внимание на Светското првенство – до тој степен што социјалните мрежи се преплавени со негови фотографии, а овојпат тоа нема никаква врска со фудбалот.

Фотографите го овековечиле Белингем за време на еден тренинг додека бара „спас“ од горештината, па така се најде само во долна облека, а жените на социјалните мрежи им се заблагодаруваат на сите за овие снимки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер